Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае начин да си ги најдам границите на катастерска парцела без да платам големи пари на геодетска фирма? На пример со некакво GPS апаратче или ставање апликација на телефон што покажува координати? Има ли такво нешто?
 
нема
 
Дали е дозволено и дали може камион со дрва да си истоварам на улица пред куќа?
Значи покрај ѕидот те оградата од дворот но да дрвата бидат на улица а и ќе зафаќаат доста од улицата??? Дали за тоа се плаќа нешто дали некој може да ме пријави?
 
Нормално дека е дозволено, само прашање е колку време може да стојат таму.
 
Koga ima najmalko guzva na Matka od petok,sabota i nedela?
 
Зошто при при првото миење на косата колку и да ставиш шампон се осеќа дека нема а на второто да ставиш и една капка одма се прави многу пена?
Прашања што ме мачат:rolleyes:
 
Кога е валкана косата, не се пени шампонот. Кога е веќе чиста (второ миење е обично веќе чиста), со малку се прави пења
 
... делимично е така, после миена и чиста коса, да речеме за три часа ако пак се мие повторно со првото нанесување на шампон не се создава пена, како со второто миење со „една капка“ зошто? кога е веќе чиста косата? :D
 
Не сум пробала тоа. Јас го знам (од фризери чуено), тоа што го пишав :)
 
Кога е валкана косата, не се пени шампонот. Кога е веќе чиста (второ миење е обично веќе чиста), со малку се прави пења
Da tocno, koga e pomrsna kosata pomalce peni, isto kako mrsni race da mies so tecen sapun - pomalce pena ima
 
Сакам да знам како ги викаме овие бургии
Forstner bits

1595490724662.png
1595490750214.png
 
Дечки ајде вака...
Сакам да прашам нешто, но воопшто не е мој домен и однапред се извинувам доколку грешам или не сум информиран, а замарам.
Живеам во Германија извесно време, па пред неколку дена ми се јави мој братучед од Македонија и ми побара податоци од сметка со цел купување на веб страна од која тој тврди дека ќе има профит од некакви реклами кои ќе ги објавувал на веб страната.

Многу нелогичности гледам во случајов.
Прво, зошто баш странска сметка, а и зошто баш да мора да се купи страната?
А од друга гледна точка ... доколку страната е веќе отворена-постоечка (или како и да е), нели веќе треба да има постоечка сметка при самото креирање?

Тој ми делува неинформиран и ми дава доста контрадикторни информации.
 
Не се разбирам претерано во овие работи за да можам детално да ти дадам совет, но зашто некој би ти барал податоци од сметка? Ако веќе мора (што не верувам) да се плати страната од „странска“ сметка, може само да ти префрли тебе пари и ти да ги уплатиш на друга сметка т.е да ја платиш страната за него.
Целата ситуација е малце чудна барем според мене, има доста луѓе и од Македонија што работат онлајн, со страни, со реклами и слично.Не верувам дека сите имаат странска сметка. Постојат и ствари како пејпел, скрил итн. Сепак, ти си го знаеш човекот, си ја знаеш ситуацијата најдобро. Мој лаички совет ти е да пазиш и убаво да размислиш на кој му даваш податоци од твоја сметка, или општо на кој му даваш твој „чуствителни“ потадоци.
 
Го делиме истото мислење.
Но да не бидам погрешно сфатен... Тој бара податоци од сметка на која ќе легнуваат парите т.е профитот од активностите на веб страната, а не плаќањето (купувањето) на страната. Тој ќе си ја плател страната (200Е), но морал да наведи прво странска сметка пред да ја купи веб страната.

Близок ми е и не ми се одбива да го одбијам. Но искрено случајов сам по себе ми е и мистериозен и комичен во исто време. Искрено не контам зошто да мора странска сметка...
Не го испрашував многу да не оставам впечаток како да не сакам да завршам работа, па затоа пишав тука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom