Не се разбирам претерано во овие работи за да можам детално да ти дадам совет, но зашто некој би ти барал податоци од сметка? Ако веќе мора (што не верувам) да се плати страната од „странска“ сметка, може само да ти префрли тебе пари и ти да ги уплатиш на друга сметка т.е да ја платиш страната за него.
Целата ситуација е малце чудна барем според мене, има доста луѓе и од Македонија што работат онлајн, со страни, со реклами и слично.Не верувам дека сите имаат странска сметка. Постојат и ствари како пејпел, скрил итн. Сепак, ти си го знаеш човекот, си ја знаеш ситуацијата најдобро. Мој лаички совет ти е да пазиш и убаво да размислиш на кој му даваш податоци од твоја сметка, или општо на кој му даваш твој „чуствителни“ потадоци.