Што то боли таклабасот како е „во светот“?
Таму во светот на децата им ги сечат кypињата и ги прават демек „девојчиња“. Пошто они тоа го прават тоа „во светот“, и ние ли треба да го правиме? Да не редам и куп други примери.
Остави го светот (а посебно западниот) ако сакаат и нека се онадат отпозади со ужарено железо. Гледај си го дворот.
А ако веќе сакаш да ја дискутираш генезата (етимологијата) на нашите презимиња: Постар си, би требало да знаеш дека до пред некоја генерација обичајот бил да се земе презиме според името на дедото или некогаш таткото. Дедо ти се викал Петре? Ти си значи Петревски. Не си „своина/имот“ на дедо ти, туку негов род си, затоа си Петревски. Затоа жена ти би била Петревска, не затоа што е „имот“ на дедо ти, туку затоа што влегла во родот на Петровски.
Интересно е како вакви општо познати работи се забораваат.
Ете земи ги западните на пример, ете некое име како Питерсон - кое е значењето на тоа име?
Питер-сон, или син на Питер. Само што и они престанале динамично да ги менуваат презимињата, и истото останува и за следните генерации. Како и овде.
Појасно малку?
И македонскиот обичај е словенски обичај, претпоставувам го практикуваат во сите/повеќето словенски земји и народи. Русите секако го практикуваат истото, но има и исклучоци како Украинците со -ко наставката, или Словенците, дел од Хрватите кои не употребуваат наставки во презимето.