Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Немам принтер ќе ги испринтат во интернет кафе...можам ли јас да го направам од двете страни или тоа може само таму дека ќе ги принтам..има ли таква опција на word?

Кога ќе го принташ ќе му кажеш на тој од двете страни да ти го испринта и готово. Ти во ворд куцаш страни, не листови.
 
Сакам да знам каде можам да најдам тема за избориве, и како можам на некој линк да гледам во живо како стојат резултатите од гласањето..
 
Сакам да знам каде можам да најдам тема за избориве, и како можам на некој линк да гледам во живо како стојат резултатите од гласањето..
Тема за избори и општо за политика на форумот нема. Забрането е. :)
 
Видете имам 15 години и пред една недела забележав нерамнини во долниот дел од левиот тестис. На интернет побарав и пишува дека тоа може претставува рак на тестиси и дека треба да се изврши самопроверка на тој начин што ќе се напипа задната страна од тестисот. Ја напипав денес после бањање и таму осетив нерамнини. Што да правам? Како да им кажам на моите ( зошто срам ми е)? Какосе лекува ова, бидејќи сигурно некој од вас имал ваков проблем? Кога ќе пораснам дали ќе можам да имам деца?
П.С. Отворив нова тема, затоа што поставив прашање на таа Канцер на тестиси, но никој нема видено.

Драга Кајгана,
Еве дојде и мојот ден...... мојот роденден.......... денес станав постар....... денес наполнив 23 години.... :vozbud:

Епа Кајгано и Кајганџии послужете се..... :)

5724_Birthday-Wallpapers-Backgrounds-Chocolate_1600x1200.jpg

И секако.... роденденот не поминува без една Sungerot Bob торта :D

spongebob_cake_ideas.jpg

:)

Ја сакам да знам како од 2 фебруари 2013 год(кога сунгерот имал 15 год) до 17 април 2014(наполнил 23год) како сунгеров прошол 8 години?
Да не има некое посебно сметање за сунгерите, како што е случајот за кучињата? :confused:
 
Имам GPS прашање: Дали знаете дали (и каде поточно) има осигурителни компании на водњанска или во тој реон некаде околу зебра, рамстор...?
Благодарам унапред :)
 
Ја сакам да знам како од 2 фебруари 2013 год(кога сунгерот имал 15 год) до 17 април 2014(наполнил 23год) како сунгеров прошол 8 години?
Да не има некое посебно сметање за сунгерите, како што е случајот за кучињата? :confused:
Јас тоа уште оддамна го објаснив, тука ај еве ти на кратко зошто е тоа така.
Овој профил е мој, но пред некоја си година ипол брат ми имаше некој здраствен проблем, па поради тоа сакаше нешто да праша на форумов, па затоа праша преку мојов профил за да не отвара друг. Всушност тоа беа неколку дена кога всушност и он го користеше мојот профил, па затоа има напишано и нешто од него. Воглавно дали пред тоа, за време на тоа, сега, или во иднина профилов е користен само од мене.

:)
 
Што е тоа : ГоТ
Колку не има овде во проценти према возраста.до 18г. од 18 до 40, од 40 до 60, од 60 до 80, од 80 до 100 и над 100 год.
Колку сега пензионери се уклучени овде,или воопшто на интернет од Берово,Кичево и.т.н. и дали има такви.
Дали е богаство присуството на „возрасни“,овде на форумов,или не-не може да ги смислите ни тука ни во ГСП ни на улица и.т.н.
 
ГоТ е скратеница за име на сериски филм. На англиски името му е Game of Thrones(значи Игра на Тронови, тронови како кралски трон).
И оти најчесто не мрзе да го пишуваме целото име на оваа серија, ја употребуваме скратеницата ГоТ.
 
Како се префрла некоја тема во ,,Канта''?
 
Како се префрла некоја тема во ,,Канта''?
Тоа кога ќе бидиш модератор, ќе можиш да префрлаш теми у канта. А од канта назад, тешко. Таму темите остануваат вечно да почиваат.
 
Тоа кога ќе бидиш модератор, ќе можиш да префрлаш теми у канта. А од канта назад, тешко. Таму темите остануваат вечно да почиваат.
Да,ама не пример сега јас имам отворено тема,гледам не ја бидува или пак не сакам да ја има и како да се префрли?Да контактирам со модератор?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom