Лапај си Цица Маца!

Јагода мај ессссс...
Како три паковања шеќер да ставиле во него. Единствено поблаго нешто што сум јадел е кога во степ пунч, потопивме пандишпан и после го јадевме ко попара

Ама ова бе брате, три чипса и 100 грама најсолени кикирики изедов за да го неутрализирам вкусов и нема спас

Ако сакаш да се откажеш од чоколадо лапај си цица маца
А влегов да си купам Линеа...

Ама во овоштарава од брајчата, има работи што се продавале пред 20 години, па задолжително останувам по пола саат за да одберам некоја работа плус

Само таму има животинско царство од 17 денари и кроасани од 5 денари, сок Ла вива и Ла вита, марчмалоу на парче, крем банани без кремот, кремчиња во мали паковања итн.
Ама Цица Маца ми фати окце, и реков мора да ја имам.
Сите пробаа по еден ред, јас морав да го изедам цело за да не се фрли

Сега стомаков ми знае што се случува
