Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Ова од јас шо сум експериментирал по дома ми е. Инаку некој рецепт не знам. Понекогаш промашувам и место јогурт ќе купам кисело млеко пошо тука се скоро исти опаковките, а и на двете пишува јогурт. Па на киселото млеко му додавам само вода (по малку со усул инаку чорба ќе стани), го мешам и е исто ко јогурт.
 
Потопи ги прстените кромид во млеко, па во брашно. Загреј ја рерната на 150-170 степени и стави ги да се печат. Помалку калорично, а крцкави се.[DOUBLEPOST=1402517646][/DOUBLEPOST]
Пржи ги на пониска температура и нема да горат.
Kolku vreme u rerna taka se pecat, veruvm kratko ama ima li nekoe pravilo?
 
Испробан рецепт за крофни што може да се полнат?

Состојки: 300мл млеко, 100 мл вода, 1 квасец, 2 јајца, 7 лажици зејтин, 1 лажица шеќер, 1 мало лажиче сол, 1 кг брашно

Подготовка: Тестото се замесува и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се суче кора и се сече со чаша, а крофните се редат во тава на којашто претходно сме ставиле крпа.
Откако ќе се исечат сите крофни се пржат во врел зејтин.

Е сега ако сакаш да ги полниш сучеш потенка кора и сечеш со чаша. Земаш едно кругче, врз него ставаш слатко, па земаш друго крукче и го ставаш врз него. Краевите убаво ги затвораш.
(Рецептов е испробан само со слатко од вишни, не и со крем, ама мислам дека би ти излегло и со тоа).
 
Една братучедка ми даде мувлосано сирење за да го пробам. Сакам да пробам некако да направам сос за макарони. Гледав нешто по интернетов разни комбинации. Видов еден сос само со путер и магдоност и секако сирењето, за да дојде до израз вкусот. Ама сакам да прашам дали некој од вас има правено некој таков сос?
 
Jaс го правам со неутрална павлака, печурки, сирењето и магдонос за да даде свежина. Путер ставам сосема малку, 1/4 мала лажичка за да се запржат печурките зошто ако ставиш повеќе, ќе ти дојде премногу мрсно од самото сирење, павлаката и плус путерот ( секако ти треба тава што не лепи). Со таков вид на сирење не комбинирај повеќе од 3 состојки во сосот зошто нема да добиеш ништо на вкус, ќе се изгуби он во останатите.
 
Фала ти многу. А како иде подготовката? Ставаш се од еднаш и мешаш ? :P Или печурките ги запржуваш со путерот, па додаваш павлаката и на крај сирењето и магдоносот?
 
Една братучедка ми даде мувлосано сирење за да го пробам. Сакам да пробам некако да направам сос за макарони. Гледав нешто по интернетов разни комбинации. Видов еден сос само со путер и магдоност и секако сирењето, за да дојде до израз вкусот. Ама сакам да прашам дали некој од вас има правено некој таков сос?
мувлосано сирење или па сирење кое има специфичен мирис и е круто, по правило кај италијаните никогаш не се меша со доматен сос, првично затоа што мешаш два доминантни вкуса и се случува конфликт - значи едниот (патлиџанот - киселкаст) ќе тепа секако додека другиот нема да има никаков ефект, што значи, џаба потрошена квалитетна состојка.
Имаш опција со босилек, бидејќи тој оди во комбинација со сите доминантни вкусови, правејќи ги уште поспецифични. Путер е добар кога правиш печурки, бидејќи тие као маса на блуткавост им се додава тој млечен вкус на путерот. Со додавање на специфичниот вкус на сирењето, секако дека ќе биде добра комбинација. Сеа можеш наместо магдонос да ставиш босилек, иако и магдоносот има сличности со босилекот но можно е да почне да ти задудара на супа/буљон, така да тоа е до тебе како ќе го правиш што се тиче за тревките. Можеш да набациш троа мелен лук (ако јадеш) иако не е задолжително.
 
Фала ти многу. А како иде подготовката? Ставаш се од еднаш и мешаш ? :P Или печурките ги запржуваш со путерот, па додаваш павлаката и на крај сирењето и магдоносот?

Баш така. Запржувам печурки, ја ставам павлаката и мешам минута две, исклучувам шпорет, го ставам сирењето и продолжувам да мешам додека не се згусне се. Магдоносот ( исклучува свеж зачин користи, без разлика босилок или магдонос ) го ставам кога ќе го тргнам сосот од шпорет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom