Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Некој убав рецепт за правење домашна нутела да не знае некој?

Има еден куп на интернет ама ми треба некој проверен и добар.
 
Некој убав рецепт за правење домашна нутела да не знае некој?

Има еден куп на интернет ама ми треба некој проверен и добар.
Немам правено јас, ама Агда имаше пишано пост за домашна нутела, само што сепак не е конкретна рецепта. А и реално, секогаш е најдобро кога нешто ќе си прилагодиш според себе или „од прилика“. Разгледај си повеќе рецепти и на крај склопи една од сите нив. Јас секогаш така правам. :D
http://forum.kajgana.com/threads/Секакви-рецепти.54084/page-60#post-7591700
 
Луѓе само што налетав на еден нов специјалеитет... Ukrainian Pierogi гледам на наш јазик да видам ми ги дава како Пелмени прашав украинец ми рече дека се викаат вареники. Дајте некој рецепт или ако има некој искуство со вакво јадење нека напше нешто. Многу убаво изгледа стварно...

b6f5eaec.jpg
 
Купеново тесто за пица, има некоја финта после печењето да е помеко? Неколку пати имам направено, све е океј ама ептен е крцкаво. Е сеа знам дека не може да се спореди со домашното тесто ама кога немаш време да се мрцвариш со брашно и теста и ова е добро. :D
Пробав после печење да го оставам покриено со крпа некои 10 минути, помеко е малце ама не е пак тоа тоа.
 
Оригинално тесто за пица треба да е крцкаво и тврдо.
Вистинска пица треба да можеш да ја држиш со една рака и да ја јадеш
ова со меки теста и 2 сантими дебели слоеви над неа со разноразни додатоци од ананаси сардини кокос банани пилешки копани и останати глупости кои се разлеваат како манџа низ пајнцата е фалсификувана пица.
 
Абе да ама ова ја што го правам ептен крцкаво, посебно краевите...ко бисквита да јадам се осеќам.
 
Абе да ама ова ја што го правам ептен крцкаво, посебно краевите...ко бисквита да јадам се осеќам.
Јас сум чесен и лепо васпитан чоек и сам си правам пица тесто, не знам сега тие готовите какви се али многу битна работа во пица праење е печењето, пица се печи 5 минути нормално или 7 минути за потврдо крцкаво тесто.
Проблем со домашно печење е што релната достигнува максимум 250 степени а печките во пицеријата печат на 350 степени, така да треба дома 10 минути за нормална пица шо значи дека и тестото повеќе ќе се исуши и стане потврдо.
Пробај да ја испечеш пицата 5 минути, предходно загреј ја релната до усвитување па види дали ти одговара, или 7 минути.
А не е лошо и сам да си направиш тесто, не е ич комплицирано....
 
Последно уредено:
Рандом прашање: дали може да се направи компир манџа со свинско месо или пак ќе биде премногу силна на вкус?
 
Рандом прашање: дали може да се направи компир манџа со свинско месо или пак ќе биде премногу силна на вкус?

Може и е ок на вкус ама со бут, без мрсно.
 
Пробај со свежи ребра. Со свински бут е посуво, но секој има различен вкус.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Некој испробан рецепт што содржи модри патлиџани, освен мусака?
 
Некој испробан рецепт што содржи модри патлиџани, освен мусака?
Можеш пример да направиш малиџано, но не онакво како за зимница, туку за ручек. Земи испечи два - три модри патлиџани и неколку зелени пиперки, измели ги и стави ги во тенџере да се пржат без зејтин, но гледај да не загори. Кога целата смеса добро ќе се стопли, додади зејтин и остави да се пржи. Потоа додади едно лажиче сенф, малку сол, малку шеќер и стави едно неполно лажиче вински оцет. Остави да се испржи и ќе уживаш во јадењето.
:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom