- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
САД подготвија проект-резолуција на Советот за безбедност на ОН, во кој се повикува на целосно нуклеарно разоружување, објавија западните агенции повикувајќи се на копија на документот.
Текстот на нацрт-резолуцијата вчера им бил поделен на членовите на Советот за безбедност.
Вашингтон се надева дека предлог-резолуцијата ќе биде прифатена на специјалното заседание на Советот за безбедност на 24 септември, на кое ќе претседава шефот на американската држава Барак Обама и ќе биде посветено на проблемите на нуклеарното разоружување.
Предлог-резолуцијата ги повикува земјите, кои потпишале договор за неширење на нуклеарно оружје од 1970 година, да започнат преговори за намалување на нуклеарните арсенали и да се договорат „по текстот на договор за заедничко и целосно разоружување при строга и ефикасна меѓународна контрола“.
Документот содржи и повик кон земјите кои не го потпишале договорот за неширење, на пример Индија и Пакистан, да се приклучат кон него. Во принцип, тоа би било можно дури откако сите новоприклучени држави кон договорот целосно ги отстранат нуклеарните оружја.
Во нацрт-резолуцијата намерно не се спомнуваат Северна Кореја и Иран, но текстот, со кој „се осудуваат конкретните предизвици против режимот на неширење, кои според определувањето на Советот за безбедност претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедност“, всушност се однесува на овие две земји, кои моментално активно ги спроведуваат своите нуклеарни програми со можна двојна насоченост, цивилна и воена.
Според текстот на предлог-резолуцијата, Советот за безбедност „ги поздравува и поддржува мерките за склучување договори за безатомски зони“. Египет и некои други арапски држави одамна повикуваат за создавање на безнуклеарна зона на Блискиот Исток, што би значело и Израел да се откаже од наводниот нуклеарен арсенал.
Особено внимание се обрнува на потребата „сите земји да се воздржат од експерименти со нуклеарни експлозивни направи и да се приклучат кон Договорот за целосна забрана на нуклеарни проби“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113613