САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Да не ни беше САД пријател, немаше да постои независна Македонија. Толку едноставно. Признавањето на Македонија од страна на САД под уставното име, и потпишавњето на договорот за воена соработка помеѓу Македонија и САД се двата најзначајни моменти за стабилноста на Македонија.

Во 2001 сами си ја усравме работата, ама не ни се признава тоа, бидејќи ние сме секогаш жртви, па не зафркнаа Американците, Германците и Англичаните.
Сакаш да кажиш дека сами ги трениравме албанците да пукаат на нас, а претходно од љубов го примивме пола Косово кај нас и на крај самите ги вадевме, од жалост, со автобуси од Арачиново...
Ако не знаеш некои работи, читај, учи од постари, поискусни... немој да блебетиш напразно
 
Сакаш да кажиш дека сами ги трениравме шиптариве да пукаат на нас, а претходно од љубов го примивме пола Косово кај нас и на крај самите ги вадевме, од жалост, со автобуси од Арачиново...
Ако не знаеш некои работи, читај, учи од постари, поискусни... немој да блебетиш напразно

На албанциве не им требаше тренинг за да пукаат, знаеа тие од порано. Пола Косово ни го истовари тука најголемиот пријател на Македонија, олицетворен во ликот и делото на Слободан Милошевиќ. Блебетиш е навредлив збор, ако не си способен за нормална комуникација, не комуницирај, само се резилиш...
 
Аман те бе кај ја однесовте темава од парафразираната изјавата на Хилари од страна на Катимерини кој секогаш си ги штелува изјавите во корист на Грција до 2001 .......
 
Претпоставувам дека некаде ти избегале неколку векови историја. Од Green Dragon Tavern па наваму.

Never mind...

;)

Баш историјата го посочува тоа како факт. И ден денес, тие се уште се нејзина колонија, дали тие го сакале тоа или не, дали ти го сакаш тоа или не. И по 50 години од денес, тие пак ќе бидат Британска колонија.

Добро, можеби не.

Со оглед на ситуацијата, би биле се уште Британска колонија ако преживеат до тогаш.

Според тебе, што е Америка? Гледам фан голем си, па да те прашам.
 
Во политички и дипломатски односи нема пријатели, Македонија нема пријатели. И не само ние, мислам не постои држава со друга држава-вистински пријател.

САД имаат направено некои добри работи за нас оти имале интерес (оние што ги напиша Абадон), но имаат направено и многу лоши.

Но сепак имаат направено повеќе добро за нас отколку Русија, на жал на некои русофили кои мислат дека треба да влегуваме во некакви унии со Москва.
 
На Албанците не им требаше тренинг за да пукаат, знаеа тие од порано. Пола Косово ни го истовари тука најголемиот пријател на Македонија, олицетворен во ликот о делото на Слободан Милошевиќ. Блебетиш е навредлив збор, ако не си способен за нормална комуникација, не комуницирај, само се резилиш...

Ти поима немаш од историја. И не, не зборам за онаа textbook школска историја, туку вистинската.

Америка беше позади Косоварчани и нивниот "Егзодус" од скоро библиски пропорции. Слободан, мое мислење на страна, за ова ама баш никаква врска има.
 
Во политички и дипломатски односи нема пријатели, Македонија нема пријатели. И не само ние, мислам не постои држава со друга држава-вистински пријател.

САД имаат направено некои добри работи за нас оти имале интерес (оние што ги напиша Абадон), но имаат направено и многу лоши.

Но сепак имаат направено повеќе добро за нас отколку Русија, на жал на некои русофили кои мислат дека треба да влегуваме во некакви унии со Москва.

Унија со Москва би било најголем автогол на нашата дипломатија од осамостојувањето па до денешен ден ,ние како држава од никогаш не сме имале значаен бенефит од Русија а нејзиното влијание пак на балканот НАТО уште одамна го затвори.
 
Според тебе, што е Америка? Гледам фан голем си, па да те прашам.

Не сум воопшто фан, само не сум фан ни на небулози. Мислам дека не треба до толку да ја банализираме дискусијата зда објаснуваме кој и што е САД на меѓународната политичка сцена...
 
А бе дечки, како не сфатите дека во политика, нарочито надворешна политика и дипломатија, there is no such thing аs пријателство? Има само интереси. Кога имаат интерес се поддржуваат меѓусебе, кога немаат не се поддржуваат. Тоа е тоа. И нема лутиш. Интересот не е константен и постојано се менува.

Кога ќе му текне на човек дека и Америка и Русија некогаш биле на иста страна... Интерес. Само интерес.
 
Ти поима немаш од историја. И не, не зборам за онаа textbook школска историја, туку вистинската.

Америка беше позади Косоварчани и нивниот "Егзодус" од скоро библиски пропорции. Слободан, мое мислење на страна, за ова ама баш никаква врска има.

Да, Македонија е позната по огромен број на познавачи на тајните текови на историјата. Гледам дека и ти си еден од нив. Јеби га, не можам да го мерам своето познавање на историјата со луѓе кои имае директен увид на теренот во тоа што се случувало. Се извинувам...

;)
 
Слободан, мое мислење на страна, за ова ама баш никаква врска има.
Ма јок. Тие 1999 дојдоа овде пошто им се шетало, на екскурзија беа. 2001 војната ја организираа бивши ЈУ-доушници на службите на Милошевиќ, исто така случајно.
 
Унија со Москва би било најголем автогол на нашата дипломатија од осамостојувањето па до денешен ден ,ние како држава од никогаш не сме имале значаен бенефит од Русија а нејзиното влијание пак на балканот НАТО уште одамна го затвори.

А кој би го спречил било каква, па и воена соработка со Русија? Мислиш дека НАТО има некакви шанси тоа да го фрли во вода?

Иако не би требало да ги споредувам Русија и Америка, бидејќи горе долу, се работи за исто срање, подобар избор ќе беше Русија. Нити ќе требаше на албанците поголеми права да им се даваат, нити бивши терористи да ги ставиме во коалициона структура со владата, нити да го признаеме Косово, нити Израел (и неговите соодветно матни политики од кои тек треба да очекуваме реперкусии)

Наместо на запад, требаше да си формираме стабилни односи со истокот. На крајот на краиштата, соработките се како и секоја релација помеѓу два субјекта. Како и интимна врска. Повеќе заедничко имаме со Русија, него со Америка.
 
Така е. Примерот на Србите тоа директно го покажува. Благодарејќи на сојузот со Русите успеа во она што на ниту една држава во Европа после втората светска војна не и успеа, а тоа е да изгуби скоро една шестина од својата теритотија.

Русија убер алес...
 
А кој би го спречил било каква, па и воена соработка со Русија? Мислиш дека НАТО има некакви шанси тоа да го фрли во вода?

Иако не би требало да ги споредувам Русија и Америка, бидејќи горе долу, се работи за исто срање, подобар избор ќе беше Русија. Нити ќе требаше на албанците поголеми права да им се даваат, нити бивши терористи да ги ставиме во коалициона структура со владата, нити да го признаеме Косово, нити Израел (и неговите соодветно матни политики од кои тек треба да очекуваме реперкусии)

Наместо на запад, требаше да си формираме стабилни односи со истокот. На крајот на краиштата, соработките се како и секоја релација помеѓу два субјекта. Како и интимна врска. Повеќе заедничко имаме со Русија, него со Америка.

Што е тоа заедничко што како држава сме го имале во минатато и го имаме во сегашноста со Русија,освен признавање на нашата независност како држава.Русија не е никаков фактор на Балканот тоа се виде кога ја бомбардираа Србија,се виде со независноста на Косово а сега и со поделбата на Косово Ако сакаат Русите да сменат нешто во политиката на Балканот тоа го можеа преку ОН каде во Советот за Безбедност имаат право на вето и стопирање на секоја можна одлкука поврзана со политиката на Балканот.Како држава имаме стабилни и коректни дипломатски односи со Русија.Интимна врска,помош и некаков сојуз никогаш немало и нема ни да има, со влезот на Бугарите во НАТО затворена е вратата на Русите на Балканот.
 
Бравос, сега ви текна дека се работи за ништо друго освен интерес?
САД, пријатели...:pos:

Истото важи за уште една друга земја, омилена кај некои членови овде, кои постојано верглаат "најголемиот пријател" на Македонија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom