Протестантите велат - денес сме под беззаконието. Ниедна заповед од Господ не важи. Тотални глупости и непочитување на својот Бог.
Мики и православните свештеници велат дека важат 10те заповеди ама 4та не важи. Саботата била преместена во недела. Повторно глупост, оти такво нешто нема во Библијата.
А што викаат АДВЕНТИСТИТЕ како тебе??? Дека ќе носите две лубеници под една мишка? Е не се носат двете лубеници под една мишка, бидејќи и без двете ќе останиш!!!
Велиш дека Мики и православните свештеници велат дека важат 10те заповеди ама 4та не важи. Па нели и ти беше православен? .......или заборави дека така се декларираше, криејќи се од АДВЕНТИЗМОТ?
И за крај, Протестантите никаде не рекле дека сме под беззаконието, туку под Милоста и Благодатта Христова. А вие АДВЕНТИСТИТЕ и следбениците на култот на Елена Вајт и при закон сте како без закон, бидејќи не можите да го исполните и покрај големите ваши напори тоа да го направите и затоа сте под РОПСТВО и ПРОКЛЕТСТВО.
--- надополнето ---
Кај Лука само едно подолу вели
17. Но полесно им е на небото и земјата да преминат отколку една црта од законот да пропадне
една црта !!
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5 17 - 19
Исус вели дека не е дојдена да ги поништи ни законит ни пророците. Не ги поништува. Не.
Исус вели дека ќе важат тие закони додека постои небото и земјата и додека не се исполни се. И небото и земјаѕта постојат и нее уште исполнето се.
Исус вели да се пазиме и чуваме од оние кои ќе гиу прекршат макар и најмалата од заповедите и така ќе ги учи луѓето.
Денес христијанските цркви ги понишштија заповедите и законите и така ги научиа луѓето иако не е се исполнето иако земјата и небото се уште си постојат и и ако Исус рече дека не е дојдена да ги поништи.
А што правиме со овие исусови зборови:
„....Законот и Пророците беа до Јована......“(Лука 16:16)
„....зошто сите Пророци и Законот пророкувале до Јована....(Матеј 11:13)
Кога вели до Јована, тоа значи до Јована, а не после него.
За тие кои пробале да го држат законот, но неможеле да исполнат се што тој бара од нив и го прифаќаат исус за свој спасител, Законот и пророците пророкувале и важат до Јована, а за сите останати како вас кои со своја сила сакате да исполнувате (но не можите се да исполните) и не го прифаќате исус за свој спасител, сеуште важи законот, бидејќи според тој исти закон ќе бидете судени во оној ден.
Затоа Исус вели додека постои небото и земјата законот ќе важи, за да може според тој исти закон да ве суди. Додека постојат земјата и небото ќе постојат безбожници кои ќе се тапанат како со нив се е во ред, а сепак им е потребен спасител, бидејќи живеат во грев.
Така да, ако требаше ние Христијаните да се спасуваме според законот, која беше целта од Христовото идење на замјата? И без него ќе си го држевме законот. Кое е фајдето од Првото Христово доаѓање на земјата, неговата смрт и неговото воскресение? Ќе ми одговориш на ова прашање?