Sabbath - седмиот ден

  • Креатор на темата Креатор на темата Genesis
  • Време на започнување Време на започнување
Римјаните 13:9 Бидејќи заповедите: "Не прави прељуба, не убиј, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!", и секоја друга заповед се содржи во овие зборови: "Љуби го ближниот како самиот себеси!"

Римјаните 13:10 Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.

Ова не ти е доказ дека законот важи? Или овој стих?

Римјаните: 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.




Со вакви протестантски изјави, sola fide, им правите неправда и на Исуса и на Павле.
На Исус - оти ја искористувате неговата жртва за да не го исполнувате законот
На Павле - оти го правите контрадикторен на Исус, и правите да изгледа дека Павле е еретик и лажго и дека го искривил учењето на Исус.
 
Сигурен сум дека рајот е полн со луѓе како Хитлер, Менсон, Елизабет Батори, Тед Банди, Влад Цепеш, Иван Грозни и слични злосторници.

Јас за овие што си ги наброил не сум сигурен, но сигурен сум дека еден друг Разбојник е сигурно во рајот и дека денеска се „башари“ во него, додека ти се измачуваш со прашањето како да стигнеш во него, дали преку делата или преку верата. Тој разбојник е Разбојникот на крстот:

И Му рече на Исуса: “Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!”

43 А Исус Му рече: “Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!”


Со кое дело се пофали Разбојникот? Со никое! Доволна беше верата во Исус да биде ослободен засекогаш. А што стана со законот? Имаше сила Законот над Разбојникот? Не! Зошто? Затоа што умре на крстот на Голгота, бидејќи Исус го исполни за сите кои што веруваат во него и се надеваат единствено на него, а не во својата сила дека нешто ќе направат.

И тоа некое мало дело што сме го направиле не е наше - пријателе. И тоа е од Бога, негово дело. Сме ја имале милоста негова Бог да дејствува преку нас кога см енаправиле добро дело, но тоа не е наше - Божјо е.


Остави го твоето АДВЕНТИСТИЧКО УЧЕЊЕ, бидејќи истите се ПРОКОЛНАТИ од законот, бидејќи се надеваат на Законот и ја немаат довербата во Исус.


„ ...вие што посакавте да се оправдувате со Законот, го изгубивте Христа, отпаднавте од Благодатта (Милоста).......а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.“ (Гал.5:4)
 
......им правите неправда и на Исуса и на Павле.
На Исус - оти ја искористувате неговата жртва за да не го исполнувате законот

Јасно, кратко и слатко:

Римјаните 13:9 Бидејќи заповедите: "Не прави прељуба, не убиј, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!", и секоја друга заповед се содржи во овие зборови: "Љуби го ближниот како самиот себеси!"

Римјаните 13:10 Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.



ШТО ИМА ПОВЕЌЕ ДА ИСПОЛНУВАМЕ КОГА СЕ Е ИСПОЛНЕТО:
љубовта е исполнување на Законот. Останува да ја живееме љубовта со која Исус не исполни. Да даваме и примаме љубов. Другото е сето ветар и магла!!!
 
Ма све е тоа лук и вода, туку, зашто не се согласувате, кога сите се повикувате на Зборот Божји? Нешто не ќе е во ред...
 
......зашто не се согласувате, кога сите се повикувате на Зборот Божји? Нешто не ќе е во ред...


Па и ТИ се повикуваш на зборот Божји, но сепак не се согласуваш. Или можеби се согласуваш?

Ако НЕ, тогаш и со тебе нешто не ќе е во ред......





Уствари се извинувам...со тебе се е во ред..... ти се повикуваше на Црквата и Свештенството, тие ти џвакаа Ти само голташе. Божјиот збор тебе не те интересираше......ок soryyyyy
 
Ма све е тоа лук и вода, туку, зашто не се согласувате, кога сите се повикувате на Зборот Божји? Нешто не ќе е во ред...

Проблем е што секој го толкува зборот пред да се повика на него. Да се повикуваа на зборот онака како е напшишан, без човечки толкувања што значел или што Бог сакал затскриено да каже, емаше ни да има толку различни и спротивставени христијански цркви.
 
ти се повикуваше на Црквата и Свештенството, тие ти џвакаа Ти само голташе. Божјиот збор тебе не те интересираше......ок soryyyyy

А тебе Мартин Лутер не ти го изџвака сето ова? Па тој го смисли тоа спасение само по вера, без делата. Од каде овој Германец се најде најпаметен, 1500 години никој не го најде спасението по вера само, туку баш он да го најде. Реформаторот. Се отцепи од католиците да изврши реформација, а уште повеќе ја деформира. Го искриви учењето на Христос. Што да ви правам. Вие Исус не го слушате кога вели дека нема да го укине законот, па мене сигурно нема.

Игнорирајте го законот, игнорирајте ја Саботата, слушајте си го Лутер а не Исус.

5:43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, и не Ме примате. Ако дојде друг во свое име, него ќе го примите.
 
Проблем е што секој го толкува зборот пред да се повика на него. Да се повикуваа на зборот онака како е напшишан, без човечки толкувања што значел или што Бог сакал затскриено да каже, емаше ни да има толку различни и спротивставени христијански цркви.


Јас однапред се извинувам што ќе прашам: А ти на која христијанска деноминација припаѓаш?

--- надополнето ---

А тебе Мартин Лутер не ти го изџвака сето ова? Па тој го смисли тоа спасение само по вера, без делата. Од каде овој Германец се најде најпаметен, 1500 години никој не го најде спасението по вера само, туку баш он да го најде. Реформаторот. Се отцепи од католиците да изврши реформација, а уште повеќе ја деформира. Го искриви учењето на Христос. Што да ви правам. Вие Исус не го слушате кога вели дека нема да го укине законот, па мене сигурно нема.

Игнорирајте го законот, игнорирајте ја Саботата, слушајте си го Лутер а не Исус.

5:43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, и не Ме примате. Ако дојде друг во свое име, него ќе го примите.

Тебе и на твоите сомисленици и ден-денес ви стои „покривалото на очите“, исто како што им стои на Евреите, за кое што зборува апостол павле, и ќе ви стои додека не му дозволите на исус да ви го тргне.

Римјаните 11:6 Но, кога е по Благодат (Милост), не е по дела; оти благодатта (милоста) веќе не би била благодат (милост); Ако пак е по дела, тоа веќе не е Благодат (милост), зашто инаку делото не би било веќе дело.

Незнам што има овде нејасно и скриено, просто е како грав. Или си под Милост (Голгота) или си под Закон (Синај). Изборот е на секој еден. Двете заедно не одат, а ти упорно се обидуваш двете заедно да ги проголташ, но не се голтаат. Бог вика избери едно, ако ги проголташ двете ќе се задавиш и ќе умреш.


Штом ова не можиш да го разбериш, тоа е знак дека очите ти се покриени со покривало, за да невидиш.
 
Јас однапред се извинувам што ќе прашам: А ти на која христијанска деноминација припаѓаш?



Jaс верувам дека Исус бил онаков каков го држеле неговите ерусалемски следбеници и ученици, Назарените под водство на братот на Исуса - Јаков.
 
Госпел ...
ако продолжиш со спам ќе лапаш црвено на секој пост .. па рачунај сега колку поста до бан

извади си цитати помачи се малце коментирај немој да ми спамаш цели книги на темава
 
Jaс верувам дека Исус бил онаков каков го држеле неговите ерусалемски следбеници и ученици, Назарените под водство на братот на Исуса - Јаков.

Значи ти си назарен, не си христијанин??? Така?
 
Се спомна, се наброја, али не ни цитира што Исус рекол за старозаветните закони и заповеди (и оние најмалите)
1. Дали Исус дојде да ги поништи
2. До кога ќе важат
3. Што ќе биде ако некој ги прекрши и најмалата од заповедите и така ги научи луѓето

Сепак мислам дека е редно да му дадеме и на Исус прилика да го каже својот став по ова прашање а ме само јовани игнатии томи....
 
Госпел ...
ако продолжиш со спам ќе лапаш црвено на секој пост .. па рачунај сега колку поста до бан

извади си цитати помачи се малце коментирај немој да ми спамаш цели книги на темава


Се извинувам. Не знаев дека не можи вака.
 
Значи ти си назарен, не си христијанин??? Така?
Исус бил и останал назарен. Тој не создавал нова религија. Христијанството е создадено од Павлета, правилно е да се вика Павликанизам.
 
Нема врска. Тоа е само твое лично размислување и убедување. Но јас би рекол, кога не си Христијанин, зошто им се мешаш и им пркосиш на оние кои си го знаат своето верување, без да отфрлаат или додаваат од Библијата, како во твојот случај.
Незнам која ти е целта и што добиваш од сето тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom