Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Ееее ја ко јадам бурек тука дека Америка е појака и од Кина и од Русија заедно овде викаат НЕЕЕ НЕМА ШАНСИ.. а има пари да им ги купи војниците со полна борбена опрема на нив... и каква политика ќе прават надворешна ? некоја со енергетиката на Балканот.. преку капитал.. неможеа воено да влезат па сеа на мала врата преку централи и чуда.. за нивна несреќа Бонд Стил е изграден за да ги тресне од земја и да не се занесуваат.

Да ...
Но кога Александар тргнал против Персија тој бил послаб. Има и многу други примери
На крајот ќе видиме како се ќе заврши ( ако бидеме живи да дочекаме )
Но моја желба е свет без војни
http://www.youtube.com/watch?v=yzaUaqccTPI
 
Да резимираме за руската надворешна политика годинава која е најуспена во последните 23 години.
1.Голема победа во Сирија и застанување на коалицијата на варварските евроталибани и исламски брадати мајмуни,да ја окупираат Сирија.
2.Голема победа во случајот Сноуден,и ги издржа сите жестоки притисоци на Америка да го екстрадираат.
3.Голема историска победа во Украина.
4.Една историска спогодба со Иран која може да се преточи и во историски договор.
Урааа!!!Ураааа!!Ураааа!!!:)
 
Да резимираме за руската надворешна политика годинава која е најуспена во последните 23 години.
1.Голема победа во Сирија и застанување на коалицијата на варварските евроталибани и исламски брадати мајмуни,да ја окупираат Сирија.
2.Голема победа во случајот Сноуден,и ги издржа сите жестоки притисоци на Америка да го екстрадираат.
3.Голема историска победа во Украина.
4.Една историска спогодба со Иран која може да се преточи и во историски договор.
Урааа!!!Ураааа!!Ураааа!!!:)

http://williamblum.org/chapters/rogue-state/united-states-bombings-of-other-countries
Да не се мачиш еве ти листа на РУСКИ ПОБЕДИ НИЗ СВЕТОТ,УРААААА !!!!
 
Не сум нервозен баш смирен сум :D не идам на Историја затоа што ја коментирам Руската надворешна политика а не историјата на Русија,спомнав историски факти како доказ за нивното лицемерие,не само кон нас туку кон сите други.Не се сложувам со тоа да можеле ќе не уништеле,затоа што да можеа прво ќе ја средеја Чеченија и Дегестан па после овие другиве,и со ова дојдовме до моментот на заклучок колку уствари Западот на чело со милата ни Америка го владее светот,каде што ни Големата Русија својот двор неможе да го среди.Имам негативен став бидејчи тоа што Грција,Србија,Албанија,Бугарија се трудат да го направат на нас со векови а тоа е физичко уништување,протерување,геноцидирање и бришење на се што е Македонско тоа Русија го правела политички додека овие физички.За мене,а и за многу кои детално го имаат проучено односот на Русија кон Македонија не ја прави Русија ништо помал душман на нашата држава од овие другиве соседи.Сега моментално но,затоа што како што реков Кина со капитал од 10 милијарди влага на Балканот и инвестира во железниците,воздухопловниот сообраќај и поморскиот сообраќај на разни Балкански држави а Русија преку енергетиката,гасификацијата и помалку преку вооружувањето.Секако дека сега најголеми пријатели ќе бидат на истиов овој Балкан кои 10 века го турнуваат во војни со разни империи.. знаеш како викаат Црногорците ? Тешко на оној кого Грчка го храни а Русија брани :)

ОК е да се гледаат историските токови, во макрополитички контекст. Горе доле и јас го имав истото мислење што го имаш ти пред 3-4 години. Но да ја погледнеме и другата страна кога е Македонското прашање на дневниот ред.

Немора длабоко во историјата да навлагаме за да видиме. Каде е првата воена интервенција на САД, после втората светска војна?

Но и тој факт не е пресуден за моето предомислување, затоа што јас тој факт не сум го открил во меѓувреме, туку сум го знаел одсекогаш.

Твоето излагање дека Русија се залага за уништување на Македонската држава и се што е Македонско не се разликува во ништо од светските теории на заговор. Мора да ти биде јасно, нема принципи во политиката. Во политиката се гледаат историските текови само како правец во кој може да оди историјата, и спрема тој правец треба да се ориентираат и поголемите држави, а не пак ние. Тој правец може да се корегира, но ретко и сосема да се измени.

Во моментов ситуацијата ни е таква што ниту на една наша соседна држава не и одговара стабилна Македонија во НАТО и ЕУ(тој правец е повеќе од 100 години). Ако Грција попушти, ќе се најдат други држави што ќе направат сопка(што всушност се случи со Бугарија). Едноставно 2008 година ни е знак дека треба да бараме алтернатива во светските текови.

За среќа таа 2008 година ни ја навести алтернативата. Петдневната војна беше спектакл кој им удри шамар на западните политичари. Иако западната пропаганда се обиде да го изврти тоа и да го прикаже како беззначаен успех, дека тоа не е така сведочи и 2013.

Дали Русија би можела да види во Македонија корист, тоа е нешто што не зависи само од нас. Но во секој случај, изборот во голема мера зависи и од моменталната наклонетост на народот.

Сепак ќе кажам дека во денешни услови ситуацијата во Македонија е бајаги комплицирана и влијанието сеуште е ограничено на економската сфера. Но економското влијание е почеток на сите други влијанија. Па така се надевам дека ЕУ-НАТО скептицизмот и натаму ќе расте и влијанието на Русија ќе биде се поголемо во Македонија. Впрочем како што спомна братот погоре, Русија почнува срамежливо и политички и културно да влегува преку Руска реч на Македонски јазик.
 
Темава има своја намена, доколку досега беа толерирани одредени отстапувања од темата тоа не значи дека е воспоставена нова практика.

Почитувајте ги правилата и за соодветните теми дискутирајте каде им е местото.
 
http://ruskarec.mk/news/2013/12/25/...i_satelita_se_postaveni_na_svoite__29475.html

Министерство за одбрана: три руски воени сателита се поставени на своите орбити
9:58 25 декември 2013

Три вселенски апарати со воена цел беа лансирани од космодромот Плесецк со помош на ракетта „Рокот“ и забрзувачкиот блок „Бриз-КМ“. Тие се поставени на своите орбити, пренесува за РИА Новости Дмитриј Зенин, претставник од Министерството за одбрана на Русија.
„Ракетата од лесна класа ’Рокот’ беше лансирана утрово во 1:31 (по македонско време) од космодромот Плесецк и успешно ги изведе на орбита воените сателити“, изјави Зенин.
На своите орбити сателитите се најдоа веќе во 3:16 (по македонско време) и веднаш ги започнаа автоматизираните процедури за почеток на нивната работа.
Полковникот Зенин изјави дека воените сателити ги носат броевите: „Космос-2488“, „Космос-2489“ и „Космос-2490“.
--- надополнето: 25 декември 2013 во 08:37 ---
Ние мислиме дека за војување е потребна храброст, патриотизам и слично. Тоа е точно но за војување се потребни пред се пари
Војниот буџет на САД сега изнесува околу 640 милијарди долари. Истовремено војниот буџет на Русија изнесува едвај 90 милијарди а на Кина околу 119 милијарди долари
http://en.wikipedia.org/wiki/United_States_Armed_Forces
http://en.wikipedia.org/wiki/Russian_Armed_Forces
http://en.wikipedia.org/wiki/China_Armed_Forces

Воениот буџет на САД и Русија или Кина се неспоредливи. Под воен буџет се опфатени и трошоците што армиите ги имаат каде што се присутни насекаде во светот. Да не спомнувам колкаво оптеретување на воениот буџет е военото присуство во Ирак, Авганистан, Косово итн... Кога тука ќе се додадат фирмите попут KBR и сега Fluor кои се сопственост на политичарите од највисок ранг во САД и го цицаат воениот буџет, анализата за моќта на армиите споредена преку висината на буџетот, воопшто не е релевантна.

Многу е важна ефективноста на тој буџет. Западниот свет се соочува со тешка криза и намалување на стандардот на народот. Таа криза не само индиректно, туку и директно е последица на едно такво неефективно трошење на средства. Исплатливоста на воените операции се ограничува на поединци, а не на државата.

Од друга страна кај Русија, економијата доживува енормен раст. Ако ја споредиме ситуација на Русија од пред 20 години па до сега, ќе видиме пат во нагорна линија во секоја сфера, од економската состојба, па се до влијанието во светската политика. Ако Јелцин беше пијаницата за кого се кажуваа вицови и се пуштаат смешни клипови, Путин е денеска во САД прогласен за најмоќен човек на светот.
 
Воениот буџет или поинаку кажано се трошоците на одржување и развој на воените сили.
Тоа подразбира исплата на плати, премии, обука, медицинска нега како и одржување на вооружувањето и објектите, финансирање на воени операции и сл.

Со оглед на обемот на воените гранки во САД како што се Маринците, Поморската флота, Воздушните сили и Крајбрежната стража не е воопшто чудно што нивните планирани трошоци се стотици милијарди долари.
Кога на ова ќе се додадат војните кои ги водат, тоа е реалната цифра:

Components Funding Change, 2009 to 2010
Operations and maintenance $283.3 billion +4.2%
Military Personnel $154.2 billion +5.0%
Procurement $140.1 billion −1.8%
Research, Development, Testing & Evaluation $79.1 billion +1.3%
Military Construction $23.9 billion +19.0%
Family Housing $3.1 billion −20.2%

Total Spending 683.7 billion +3.0%
http://www.whitehouse.gov/omb/budget/Historicals/

Погледнете само како Администрацијата ги чини дупло повеќе отколку одделението за Развој и Истражување.

9904cd1d1e85557b435b7de8b31bd543.png
The world's top 6 military spenders in 2012.
Figures sourced from the SIPRI Yearbook 2013.

Русија и Кина не водат експанзионистички војни на други континенти и разбирливо нивниот буџет не мора да биде толку голем.

Тоа секако не ги чини воено послаби бидејќи тие своите средства ги вложуваат исклучиво во одржување и модернизирање на армиите, секако трошоците на “изработка“ во Русија и Кина не можат да се споредат со скапата воена индустрија на САД која постојано расте и чија цел е користење на војните за дуплирање на заработката.

Затоа за САД се вели дека претставува “Перманентна Милитаристичка Економија“ која форсира војна со цел економско профитирање.
http://en.wikipedia.org/wiki/Military-industrial_complex
За разлика од нив, останатите држави имаат систем на “цивилна економија“.
 
Треба да се заме во обзир бројот на вработени во армиите
Еве некој податоци, поопширно погледете овде
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_militaries_by_country
Aрмијата на Кина брои 2 285 000 активен состав
На САД 1 429 995
Индија 1 325 000
На Русија 766 000
Пакистан 617 000
Турција 410 418
Британија 205 330
Франција 228 656
Грција 177 600
Македонија 3 000
 
Треба да се заме во обзир бројот на вработени во армиите
Еве некој податоци, поопширно погледете овде
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_militaries_by_country
Aрмијата на Кина брои 2 285 000 активен состав
На САД 1 429 995
Индија 1 325 000
На Русија 766 000
Пакистан 617 000
Турција 410 418
Британија 205 330
Франција 228 656
Грција 177 600
Македонија 3 000

Колку што знам и Русија има милион и нешто,Турција исто така,грција имаше 210.000 од кои 35.000 маринци,Македонија имаше 12.000 сега е 8.000 мислам.
За разлика од нив, останатите држави имаат систем на “цивилна економија“.
Цивилна економија,затоа може само на Грузија и на Јапонија да им покажуваат заби,уште таму им остана :D
 
Треба да се заме во обзир бројот на вработени во армиите
Еве некој податоци, поопширно погледете овде
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_militaries_by_country
Aрмијата на Кина брои 2 285 000 активен состав
На САД 1 429 995
Индија 1 325 000
На Русија 766 000
Пакистан 617 000
Турција 410 418
Британија 205 330
Франција 228 656
Грција 177 600
Македонија 3 000

Македонија 8.000
 
А никој не ја зема во обзир и доктрината на воената стратегија.
И таа многу влијае врз буџетот на војската.
Не само доктрината има и многу други услови што влијаат. Како на пример: Цената на нафтата по која што им се продава на војската, исхраната и така натака. Дека буџетот не дава ама баш никаква гаранција за победа тоа се докажало многу пати, 67-73 Израел и Нагорно Карабах се школски примери.

Еве ти пример, за 1М војници САД само за плати би потрошила 12 милијарди долари годишно доколку бруто платата би изнесувала бедни за стандардот на САД 1000 долари. Сигурно цената само за плати, премии и осигурување е 5 пати повеќе минимум.

Тие милион војници треба да се хранат. Војската на САД ретко користи храна од окупираното место, од разбирливи причини, па така да цената на храната обременета со високи профити на вендорите блиски на власта, која ионака е огромна и нереална, уште повеќе расте ради транспортни трошоци.

Еве отприлика како иде пресметката за горивото што се троши од војската на САД.

Although energy costs represent less than 2 percent of the DoD budget, indirect costs such as those for transporting fuel to battlefields and distributing it to the end-user add to the total. When the average American is paying $3 per gallon of gasoline, the price can soar to $42 a gallon for military grade jet fuel delivered through aerial refueling.
Војската на САД потрошила одприлика 60М барели во 2010(или 2009). Тоа се околу 3 милијарди галони. Трошокот само за горивото изнесува 13 милијарди долари, но реалниот трошок е во најмала рака неколкупати поголем поради горенаведените причини.
 
Не само доктрината има и многу други услови што влијаат. Како на пример: Цената на нафтата по која што им се продава на војската, исхраната и така натака. Дека буџетот не дава ама баш никаква гаранција за победа тоа се докажало многу пати, 67-73 Израел и Нагорно Карабах се школски примери.

Еве ти пример, за 1М војници САД само за плати би потрошила 12 милијарди долари годишно доколку бруто платата би изнесувала бедни за стандардот на САД 1000 долари. Сигурно цената само за плати, премии и осигурување е 5 пати повеќе минимум.

Тие милион војници треба да се хранат. Војската на САД ретко користи храна од окупираното место, од разбирливи причини, па така да цената на храната обременета со високи профити на вендорите блиски на власта, која ионака е огромна и нереална, уште повеќе расте ради транспортни трошоци.

Еве отприлика како иде пресметката за горивото што се троши од војската на САД.


Војската на САД потрошила одприлика 60М барели во 2010(или 2009). Тоа се околу 3 милијарди галони. Трошокот само за горивото изнесува 13 милијарди долари, но реалниот трошок е во најмала рака неколкупати поголем поради горенаведените причини.

Пак е и тоа врзано со доктрината. Едно е да ја раниш војската во окупирана територија друго е на своја. А што барала таа војска на окупирана територија зависи од самата доктрина.
 
А никој не ја зема во обзир и доктрината на воената стратегија.
И таа многу влијае врз буџетот на војската.

Или не влијае ич затоа што Доктрина е општ принцип на идеологија,учење,размислување и политика.Најпозната Доктрина ти е онаа на Америка и Канада кои меѓусебно се сметаат како еден двор и дека нема да дозволат заемно никој да им се меша во дворот односно дворот на Северна Америка.. а како ќе го бранат тој двор тоа е посебна тема и тема за буџет.Што значи буџетот не ја прави Доктрината затоа што Доктрината не е нешто што се прави во 1,2 години.. туку со децени..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom