Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Или не влијае ич затоа што Доктрина е општ принцип на идеологија,учење,размислување и политика.Најпозната Доктрина ти е онаа на Америка и Канада кои меѓусебно се сметаат како еден двор и дека нема да дозволат заемно никој да им се меша во дворот односно дворот на Северна Америка.. а како ќе го бранат тој двор тоа е посебна тема и тема за буџет.Што значи буџетот не ја прави Доктрината затоа што Доктрината не е нешто што се прави во 1,2 години.. туку со децени..

Ај елаборирај баш ме интересира како ти си ја подразбираш таа работа.
 
Јас не се разбирам воопшто во геополитика, читкам нешто повремено, само знам дека Русија мавна три големи шамари кои уште пржат: Грузија, Сирија и Украина.

Не знам од каде толкава потреба да се глорифицираат Американците и паралелно плука по Русија, кога е повеќе од очигледно дека полека но сигурно Русија се враќа на славните патеки и не е земја со која може некој да се заебава. Па ни една Америка. Само нека поживее Путин што подолго.
 
Што поточно ?

Тоа со доктрината, вака со свои зборови како гледаш ти на тоа.
Ете одбери си земја и така со свои зборови објасни како што буџет војска ова она.
 
Ајде напрајте си конечно овде муабет и после да ве банирам од темава.
 
Ајде напрајте си конечно овде муабет и после да ве банирам од темава.

Веќе ако си решил за банирање лесно е.
Туку ете за да е во параметрите на темата нека напиши за Русија. Така и волкот сит и овците на број.
 
Веќе ако си решил за банирање лесно е.
Туку ете за да е во параметрите на темата нека напиши за Русија. Така и волкот сит и овците на број.

Го навлекуваш да оди во офтопик дискусија, ако сакате да размените скајп контакти па дискутирајте за разни теми.


Он-топик:

Не знам дали веќе сте прочитале за тоа како Путин ги матираше Американците и колку на крајот ги чинеше дестабилизацијата на Украина.

Имено, договорот што го потпишале Русија и Украина подразбира и откуп на еврообрзниците од Украина, при што Русија нема да претрпи никакви загуби, бидејќи веќе наредната година може да ги препродаде на кинеските инвеститори кои цената би ја платиле со американските должнички обврзници.

Тоа значи дека украинскиот долг ќе биде покриен на трошок на САД. :) Мајсторски потег мора да се признае.

(На 24 декември Украина веќе ги доби првите 3 милијарди долари, а останатите 12 во 2014г.)
 
Во меѓувреме, што планираат ЕУропејците:

Украинските олигарси можат да станат цел на притисок од страна на Европа. Треба само да се загрозат нивните бизнис интереси во Стариот Свет. Со оваа изјава европарламентарецот од владејачката партија во Германија излезе пред Европскиот парламент. Официјално вакво нешто е невозможно да се направи, тврдат експертите, но неформален притисок веќе постои.
„Има уште едно интересно нешто - многумина од оние кои сега се против потпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ, во реалноста имаат многу добар и активен бизнис во Европа“, изјави на брифингот во Киев Михаел Галер, парламентарец во Европскиот парламент. Тој смета дека таквите луѓе треба да се убедат да се однесуваат поинаку, и тоа не со разговори, туку со истрага за нивната дејност.
„На пример, можеме да започнеме на Кипар, а потоа да преминеме во Австрија, Германија, Велика Британија, а и кај нашите соседи - во Швајцарија, и тогаш тоа сигурно ќе предизвика одредени резултати“, изјави Галер. Интересно е тоа што самиот Галер ги смета овие методи за „демократски“.

http://ruskarec.mk/news/2013/12/29/sankcii_za_ljubov_kon_rusija_29587.html
 
Веќе ако си решил за банирање лесно е.
Туку ете за да е во параметрите на темата нека напиши за Русија. Така и волкот сит и овците на број.

Советскиот сојуз имаше доктрини,Русија не знам дали има една па за да можам да ја објаснам.Знам за Советскиот сојуз,за онаа со која извршија инвазија врз Чехословачка,онаа дека никој не смее да излезе од Варшавскиот пакт.. итн итн..
 
ТЕСТ ЗА БРИТАНИЈА
Руски крстосувач во водите на Шкотска
Вооружениот разурнувач ХМС Дифендер на британската Кралска морнарица бил испратен неодамна да пресретне руски ракетен крстосувач кој се наоѓал на само 30 наутички милји од британскиот брег,јавува Дејли мејл.
mkd-99464.jpg
Рускиот крстосувач бил забележан во близина на бергот на Шкотска, а аналитичарите сметаат дека тоа било проба, пресметан тест, поради неодамнешното намалување на британските поморски капацитети во Северното Море.
Единствениот брод кој морнарицата можела да го испрати се наоѓал во тоа време на речиси 1.000 километри од целта во пристаништето Просмут, што предизвикало одложување на интервенцијата од цели 24 часа!
Ова заканувачко пристигнување на рускиот брод во британските територијални води го придвижил тајниот план на морнарицата и воздухопловството за попречување на закани. Во исто време во бункер во Нортвуд бил активиран и заеднички штаб.
Извидувачки авиони на РАФ, британското кралско воздухопловство, го следеле движењето на рускиот крстосувач долж североисточниот брег на Шкотска.
Како што пишува Дејли мејли, тензиите пораснале кога на фотографиите од воздушното набљудување било забележано дека рускиот брод е под полно вооружување и дека има и крстосувачки ракети.
Рускиот брод чекал во Мораи Фирт, водена струја која води до славното езеро Лох Нес, сѐ додека не пристигнал Дифендер. Иако крстосувачот цело време бил под надзор на РАФ, напнатоста пораснал кога во истите води, иако му требало поприлично време, пристигнал разурнувачот Дифендер.
Извори од министерството за одбрана изјавиле дека ова воопшто не била вежба и дека рускиот брод се однесувал прилично агресивно. Русите не пукале во разурнувачот, но екипажот од 190 офицери и морнари биле на борбените позиции.
Аналитичарите сметаат дека ова била успешна руска провокација на Британија.
Според експертите, руската флота зајакнува и го шири своето влијание. Таа сака да го покаже своето присуство во Северното Море и да се приближи што е можно повеќе до поморските граници. Нивната порака е: „Се вративме и силни сме“.
Руската „патрола“ долж брегот на Шкотска можела да има и друг повод, односно контрола на нуклеарниот арсенал во овод дел од Обединетото Кралство.
Русите по соочувањето на крстосувачот со разурнувачот кое наводно се случило уште на 20 декември минатата година, соопштиле дека нивниот брод влегол во поплитки води за да избегне невреме.
 
Опа, некој почна многу отворено и агресивно да си ги покажува забите. Неочекувано.
 
Русија запловува во Медитеранот преку Црна Гора и Кипар

Според планот на рускиот претседател Владимир Путин, до 2015 година руската воена морнарица би требало да крстосува по водите на Средоземно Море на идентичен начин и по еднаква бројност како што тоа сега го прават бродовите на САД и на НАТО. За таа цел Кремљ предвидува воени морнарички бази во Црна Гора и на Кипар

ГЕОПОЛИТИЧКА ПОМОРСКА БИТКА
Русија минатиот месец и официјално побарала од Црна Гора да изгради модерна морнаричка база на Јадранско Море. Како што пишуваат руските медиуми, станува збор за поморска база, која ќе има капацитет во какви било временски услови и во кој било дел од годината да може истовремено да закотви, да опреми, да ремонтира и да вооружи меѓу шест и десет воени брода на руската военооперативна флота. Доколку црногорската влада одговори позитивно на ова барање, руската армија би можела за помалку од една година да го изгради своето идно утврдување близу пристаништето во Бар.
Според рускиот весник „Комерсант“, токму ова идно воено пристаниште на Кремљ е замислено да функционира како стратегиски центар и заднинска поддршка доколку руските трупи, кои се сега стационирани во пристаништето „Тартус“ во Сирија, бидат нападнати од непријателски сили.

ЗОШТО ТОКМУ БАР?

Весникот наведува дека руските генерали ја избрале оваа локација бидејќи веруваат оти единствено оваа поморска балканска земја слично на нејзиниот сосед Србија се вклопува одлично во профилот на сојузниците на Москва, кои реално не се под големо влијание на НАТО и на Запад.

Згора на тоа, водата во сегашното пристаниште во Бар е длабока 12,5 метри, а со мали интервенции длабочината може да се зголеми на 14,5 метри, што е идеално за закотвување масивни пловила од калибарот на воените бродови на руската флота. За разлика од Бар, на пример, најблиското НАТО-пристаниште во регионот во Драч е длабоко само 7,6 метри и воопшто нема потенцијал за воено користење каков што има црногорското пристаниште. Бар е исто така одлично поврзан со железничка пруга до Белград уште од времето на поранешна Југославија, што е уште еден плус за транспорт на воена опрема и материјали, кои би дошле директно по земјен пат од Русија. Повеќе геополитички аналитичари велат дека доколку биде правилно исползувано, токму ова црногорско пристаниште според својата локација е своевидна порта на Медитеранот.

Сепак, каков ќе биде одговорот на оваа намера на руските генерали од поранешната југословенска република, која во голема мера е зависна од финансиите и инвестициите од Русија, сѐ уште не е официјално познато, иако досега некои локални медиуми, како на пример весникот „Вијести“, повикувајќи се на свои извори, шпекулираа дека желбата на руските генерали реално никогаш нема да се оствари. Весникот го темели својот заклучок на фактот дека доколку Русите изградат воена база во Црна Гора, тоа би значело крај на приказната за интегрирање на Црна Гора во ЕУ и во НАТО.

СТРАТЕГИЈА НА ПУТИН

Токму овој последен чин на Москва може да се разбере дека е најновиот чекор од исполнувањето на зацртаната стратегија на Владимир Путин за оживување на руското воено присуство во Медитеранот.
Според планот на рускиот претседател, до 2015 година руската воена морнарица би требало да крстосува по водите на Средоземно Море на идентичен начин и по еднаква бројност како што тоа сега го прават бродовите на НАТО и на САД.

Стратегијата предвидува дека пловилата на оваа практично нова руска военооперативна флота, која реално престана да постои уште од времето на Советскиот Сојуз, во почетокот ќе бидат под команда на Црноморската флота, а подоцна, кога ќе се создадат доволно услови, новата флота ќе може да дејствува самостојно.

Оперативната флота би требало тогаш да личи комплетно на сегашните четири руски флоти: Црноморската, Северната, Балтичката и Тихоокеанската.

Според „Риа новости“, за да се оствари оваа стратегија, државниот врв на Русија заклучил дека Москва треба да поседува неколку стратегиски центри и воени поморски бази од кои ќе се врши командување со поморските сили.

- Иако сѐ уште не се знае кои пристаништа би можеле да ги користат бродовите за набавки и одмор на екипажите, покрај сириското пристаниште Тартус, предвид доаѓаат и пристаништа на Кипар и во Црна Гора - пишува агенцијата.

Слично на плановите во Црна Гора, Русија не се откажува од јакнење на своето воено влијание и на Кипар, имајќи предвид дека официјална Никозија сака да ја претставува Москва како свој клучен партнер. Русија, пак, знае дека Кипар не може да се надева на членство во Алијансата поради територијалниот спор со Турција.

Стратегиската локација на Кипар, традиционалното противење на подемот на Турција во регионот и потенцијалните енергетски ресурси околу островот ѝ даваат значајно политичко влијание на Никозија, која е во координација со Русија и со Израел. Оваа позиција е спротивна на членството во ЕУ на Кипар, кое, според оценките на агенцијата Стратфор, е главно од втор ред. Обидите на Русија и на Израел да го зголемат своето влијание во Никозија покажуваат оти Кипар можеби полека излегува од позицијата на сателит на најпроблематичната членка на еврозоната, Грција.

Ако Никозија го прифати барањето за изградба на поморска база на Русија, како онаа што се планира во Бар, многу скоро и во оваа медитеранска земја во кипарското пристаниште Лимасол може да никне голема воена инсталација на Кремљ.

Токму оваа тенденција за враќање на голема врата на Русија во Медитеранот во интервју за „Русија денес“ ја потврдува и Леонид Ивашов, претседател на Академијата за геополитички прашања и генерал-полковник во пензија, кој изјавил дека се ближи крајот на времето на комплетна американска доминација во светските води.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=181480382&id=84&prilog=0&setIzdanie=23069
 
Ако не се лажам црногорците одбиле.
Http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=4&item=33317

Sent from my ST21i using Tapatalk

Ништо не е официјално потврдено, тоа го пренесе црногорскиот печат врз наводно анонимни извори од црногорската влада.

Најверојатно ќе мораат да ги одбијат, но не верувам дека би се истрчале прво на јавноста да го соопштат тоа и да ги направат Русите магариња пред цел свет.
Првин ќе негоцираат со Русите, па ќе видиме кога официјално ќе биде соопштено.
 
Ништо не е официјално потврдено, тоа го пренесе црногорскиот печат врз наводно анонимни извори од црногорската влада.

Најверојатно ќе мораат да ги одбијат, но не верувам дека би се истрчале прво на јавноста да го соопштат тоа и да ги направат Русите магариња пред цел свет.
Првин ќе негоцираат со Русите, па ќе видиме кога официјално ќе биде соопштено.
Ќе мора да се одлучат, или запад или исток.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom