Најинтересните 5 финалиња во историјата на Роланд Гарос. Викендов е завршницата на турнирот во Париз, па така ќе направиме мала ретроспектива на најинтересното финалиња во неговата историја...
Денес се игра женското финале, помеѓу Русинките Динара Сафина и Светлана Кузнетсова, а утре играат мажите. Роже Федерер ќе се обиде за прв пат во својата кариера да го освои овој престижен турнир и да стигне до трофејот број 14. Но, тоа воопшто нема да биде лесно, бидејќи негов противник ќе биде одличниот Робин Содерлинг, кој успеа да го елиминира светскиот тенисер број 1, Шпанецот Рафаел Надал.
Еве кои се најдобрите финалиња одиграни на Роланд Гарос:
5. Капријати - Клистерс 1-6, 6-4, 12-10. Финале во 2001 година.
- Бајката на Џенифер Капријати по враќањето на терените по повредата кулминираше со освојувањето на 3 последователни гренд-слем турнири во период од 12 месеци. Таа успеа да ја победи Ким Клистерс во едно од најинтересните финалиња одиграни на овој престижен турнир.
Откако убедливо го загуби првиот сет, Капријати успеа да се врати во вториот и да го израмни резултатот. Третиот сет беше приказна за себе, бидејќи не се игра тај-брејк, Капријати успеа да направи брејк предност на крајот и стигна до победа, резултатот во третиот сет беше 12-10.
4. Граф - Хингис 4-6, 7-5, 6-2. Финале во 1999 година.
- Мартина Хингис го нарече овој пораз најлош во кариерата. Имаше предност од 6-4, 2-0 пред да ја налути француската публика. При една сомнителна топка, таа отиде во полето на Штефи Граф и се објаснуваше со судиите како топката била добра и не било аут. Во текот на мечот имаше и други слични ситуации во кои Хингис успеа целосно да ја сврти публиката против себе.
По завршувањето на мечот, таа се упати кон соблекувалната со солзи во очите. Едвај успеа да излезе на доделувањето на наградите, придружувана од мајка и.
Граф на крајот изјави: “Беше еден од најлудите мечеви во мојата кариера. Не знам што друго можеше да се случи“.
3. Лендл - Мекинро 3-6, 2-6, 6-4, 7-5, 7-5. Финале во 1984 година
- Навраќајки се во далечната 1984 година, кога Џон Мекинро беше буквално непобедлив. Тој овој меч го пречека со 39 победи во серија и му овозможи на Иван Лендл во неверојатен натпревар да ја прекине истата.
Мекинро играше одлично во првите два сета, но потоа неговата игра почна да станува се полоша. Тоа кулминираше по огромната кавга со главниот судија околу една спорно топче, за кое Мекинро беше сигурен дека е аут, а судијата не се ни симна за да види, беше сигурен дека е аут.
Иако Мекинро имаше шанси и во четвртиот сет, сепак нервозата и заморот го направија своето, овозможувајќи му на Лендл да стигне до својот прв трофеј на гренд-слем турнир.
2. Еверт - Навратилова 6-3, 6-7, 7-5. Финале во 1985 година.
- Крис Еверт и Мартина Навратилова одиграа неверојатни 80 дуели во текот на нивните кариери, но еден од најинтересните од сите овие секако дека е финалето на Роланд Гарос во 1985 година.
Еверт беше во огромна негатива, губејќи ги последните 18 мечеви, вклучувајќи го и финалето од претходната година на истиот турнир каде Навратилова победи со 6-3, 6-1.
Првиот сет го доби Еверт, со резултат 6-3. Во вториот сет, Навратилова успеа да остане во мечот, добивајќи го сетот по одиграниот тај-брејк. Третиот сет беше вистинска драма. На сервис на Еверт при резултат 5-5, Навратилова имаше предност од 0-40, но не успеа да добие ниедна од 3те гем топки и да стигне до сервис за мечот. Таа не успеа да направи брејк, а својот сервис успеа да го загуби.
Следната година двете повторно се сретнаа во финалето, и Еверт успеа да го одбрани трофејот. Но во 1987 година т.е. 2 години после ова финале Навратилова успеа да и врати за двата порази во серија во финалињата на Роланд Гарос.
1. Селеш - Граф 6-2 3-6, 10-8. Финале во 1992 година.
- Ако оние среќници кои беа на трибините знаеа што ќе се случи на мечот, како што ние знаеме сега, верувам дека ќе пиеја повеќе. Ова беше трет Роланд Гарос дуел меѓу овие две, но година дена подоцна Селеш беше нападната од фан и никогаш повторно не успеа да се врати на она ниво како што играше претходно.
Првиот сет целосно и припадна на Селеш, но во вториот пак играше само Граф. Третиот сет беше еден од најинтересните кои публиката во Париз некогаш ги проследила. Траеше 90 минути.
Двете играа премногу агресивен и допадлив тенис. Граф спаси 5 меч топки, но сепак на крајот не успеа да стигне до победата, и загуби во третиот сет со резултат 10-8.
Тоа беше трета по ред титула на Роланд Гарос за Моника Селеш. Многумина веруваа дека таа може да го повтори па дури и подобри рекордот на Крис Еверт од седум титули ако не и се случеше нападот од фанот, кој ја оддалечи 2 години од тенисот.
www.deportivo.com.mk