Бобо се обидуваш да бидеш саркастичен? Јас не ги следам трач магазините многу и навистина не знам што се случува во последно време со него, но додека беше активен сум прилично сигурен дека не се дрогираше, пушење трева не го подразбирам под дрогирање.
Ристо е склеротичен и ги заборава песните, но никогаш не направил лош концерт како што пријателот погоре рече кога му реплицирав.
Јас тоа кога го кажав, го кажав затоа што сум ги чул неколку пати во живо и единствениот пат кога Ристо бил на ниво на другите беше на еден мото-фест на Белви мислам. Не викам дека дрогата не помага во креативниот дел на одредена песна, ама за практичниот дел, треба да си тука 100%, а не во некој свој свет.
Како пример, Нирвана. Имаат 1 настап каде Курт звучи блиску до тоа што звучи во студио и тоа е само заради тоа што е издрогиран цело време.