Јунајтед
Indifferent
- Член од
- 5 јануари 2009
- Мислења
- 3.974
- Поени од реакции
- 1.622
- Возраст
- 34
Roџерс Купот е шестиот Мастерс турнир годинава. Мажите играат во Монтреал, а жените во Торонто. Карактеристично за овој мастерс е што секоја година ја менува локацијата. Ова е 124то издание во машкиот дел и 112то во женскиот. Само Вимблдон и УС Опен може да се пофалат со поголема традиција. Годинава турнирот ќе трае од 3ти до 11ти август.
Најуспешен во машка конкуренција е Иван Лендл со 6 титули, а во женска Моника Селеш со 4 титули и тоа по ред(1995-1998).
Титулата од лани ја брани Новак Ѓоковиќ, кој лани во финалето го совлада Ришар Гаске со 2-0. Кај жените ланска победничка беше Петра Квитова која беше подобра од Ли На.
Годинава првите 8 носители во машка конкуренција се:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Енди Мареј
3. Давид Ферер
4. Рафаел Надал
5. Роџер Федерер
6. Томаш Бердих
7. Хуан Мартин Дел Потро
8. Ришар Гаске
Досега официјално се откажаа Жо Вилфред Цонга(поради повреда на колено) и Томи Робредо. Денес настапот го откажале и Марди Фиш и Гаел Монфис. За Федерер се шпекулираше дека нема да игра, ама никаде не најдов таков податок. Кај жените, од фаворитките откажаа Марија Шарапова и Сабине Лисицки.
Oвој турнир ќе биде пренесуван на МТВ(само не знам дали од прва рунда) и на Спорт Клуб каналите. Не знам друго што да додадам, освен нека победи најдобриот.