Родителите и нивната аверзија кон психолозите

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имав некој проблем со едно од децата,поточно проблем беше тоа,
некои работи што забележав во неговото однесување додека беше во средно последните години и нешто потоа. Не сум се срамел од никого,сум барал чаре на сите страни и сум го однел дури и на психолог. Но таму треба прво да му кажеш и све да му опишеш како е и што не чини и што ти смета.
А голема помош и не видов.Друго е кога тоа дете би било 5-6 дена некаде во таква устанува и при присмиотра и испитување на специјалисти-психолози, да сами ја увидат сосотојбата и му помогнат колку е можно.
-----------
Па нели и во секое училиште има психолог,но мислам кое фајде,кога тие таму идат само да се напијат кафе и евентуално на некоја екскурзија.
А сега и законски мора да ги има таму па ќе примаат уште 300 такви.
 
Во општеството во кое живееме, среќа е и што воопшто постојат неколку луѓе кои барем ќе отворат ваква тема и ќе се занимаваат со оваа проблематика.

Кај нас сеуште владее срамот - првенствениот двигател на методите на родителското воспитување. Мама и тато секако побргу ќе го исплесаат детето кое, рецимо скршило прозор, наместо да седнат и разговараат со него како и зашто дошло до тој акт на насилно однесување. Побргу ќе сокријат дека нивното дете има проблем, отколку да признаат или скраја било, да побараат помош. Од родители кои како главни елементи во својот однос према децата ги поставуваат ќотекот и игнорирањето - тешко дека може да очекуваме толку драстичен чекор како што е обезбедување професионална помош за истото, кога таа е потребна.

Друг проблем е неинформираноста. Зборовите „психолог“ или „психијатар“ на повеќето им звучат страшно и одбивно, ај да не претерам, ама дури и мистично. Потребата од таков тип на стручно лице за нив претставува соочување со (нормално, нели) срам, пораз, страв, непознато, непроверено. Се создава одбивност спрема психолозите бидејќи општото (и погрешно) мислење е дека нивната единствена алатка за работа е разговорот, а јасно е дека Македонија е претежно населена од експерти за се и сешто, па оттука и идејата дека секој проблем кој може да се реши со разговор, нели, би требало да се решава дома, позади затворени врати.

Понатаму, голем проблем е и феноменот на „порано“.
На пр. порано немало психолози, па ние супер сме искочиле, ништо не ни фали.
Порано немало дијагноза анксиозност, сеа овие нешто измислуваат за пари да ни земат само.
Порано немало депресија, денешниве малди се многу разлигавени, само да се плачело за нешто.

Да, дефинитивно би го однела детето на соодветен специјалист доколку забележам дека постои потреба за такво нешто. Секој што има различно размислување кога се работи за сопствено дете или уште полошо за туѓо и самиот треба да посети соодветен специјалист.
 
Проблемот лежи и во едукација. Сакаш да бидеш родител? Еве ти изџвакана верзија child psychology basics, ако ништо друго, подобро да се справиш со ситуации каде детето ти е немирно, наместо да игра раката, каишот или стапот, а и да препознаеш ако детето ти расте во социопат, или не дај боже психопат, патолошки садист и сл. Кај нас сосема други методи на дисциплина и справување со проблемите користиме. Тие опасни знаци дека детето забегува во мрачни психолошки краишта? Ги оправдуваме на начин на кој нам ни е својствен - величење на позитивните карактеристики, претворање на мааните во позитивни каркатеристики или нулифицирање на истите, демек ништо страшно.

Поради таквите глуперди од родители, имаме и во оваа, само милион ипол популација земја - силувачи, садисти, педофили, социопати, психопати, па и сериски убијци. А им се смееме на американците за истите работи. Е бате, веќе не е смешно. После последните вакви случаи од горенаведен калибар, не сум чул ниеден што претходно мрчел, се зезал, или коментирал за Америка, за истиве срања, сега да коментира/мрчи/зеза. Комедијата одеднаш ја снема. Поради ваквите идиотски родители, имаме психопатолошки џган како поединецот/групата што мачел/е невино, недолжно битие, како куче, до смрт. Па потоа како да не е доволно, да го одерат од кожата и остават така да седи, да го гледаат луѓето кога ќе поминат. Намерно оставено бидејќи знаат каков ефект ќе има, и што ќе предизвика (што им дава болно задоволство). Подобро да се спречи него да се лечи. Но овде е "не вреди, само ќе си се среди".

Не само психолог - тоа е за поминорни проблеми за споредба. Него психијатар - уште пострашна ситуација за повеќето родители. Одење кај психолог е доволно сериозно, но кај психијатар? Бате, нешто сериозно си задрљал како родител. Не да ќе те збораааат, од уста нема да те извадат. Боље не оди. Само ќе се среди нели? Голем дел од проблемите сами ни се решаваат, магично.

Какви само не родители ни ја красат земјава, не сте свесни. Мислите дека сте, но не сте виделе ништо.
 
Исто така и психолозите по училиштата се многу лабилни и несоодветни за нивната функција. За едно такво "стадо" од ученици, каде што се знае дека секогаш ќе има најразлични проблеми, несогласувања, несоодветни однесувања, па дури и тепачки, ставаат некои шушумиги или книшката на дело. Еве конкретно пример, да не именувам во кое училиште и кога, еден ученик за неговото недолично однесување најнормално е пратен кај психологот. Сега очекуваш психологот да си ја изврши својата должност, а неместо тоа - тој се смее, си прават опуштен муабет небаре заедно играле џамлии на ќар во саботата вечер, ќе направат кафе и пушат цигари. И следи реченицава: "Немај гајле ти, ако ти треба нешто, јас ќе средам само ти подобри се со однесување".

И знам дека темата е за постапките на родителите и нивното влијание, но и тие треба да знаат што се случува во училиштата. А тоа дека секој родител си мисли дека неговото дете е секогаш во право, дека не претставува терет, дека не прави проблеми и дека нема проблеми е точно. Како што може родител и професионално лице - психолог, никој неможе. Само што родителот нема да прифати дека постои некаков проблем, а камо ли да се нафати да се реши.
 
Мислам дека таква навика се уште не „ влегла во мода “ во Македонија.
Децата имаат проблеми. Јас знам доста деца кои грицкаат нокти. Еднаш се обидов да разговарам со еден психолог кои се причините и да ли некој психолог би се нафатил да помогне. Но тој ми рече дека не знае за таков.
Сум среќавал деца кои имаат слаба мотивација за учење. Еднаш прашав еден психолог и тоа вработен во школо, тој ми рече дека и за тоа речиси да нема помош.
Според ова мислам дека, не се јасни можностите на психологијата. Затоа предлагам, а знам дека на Форумов учествуваат и психолози и студенти на псхологија, да отворите тема во која ќе се изнесат можностите на психологијата да помогне во решавањето на проблемите на децата. На тој начин психологијата ќе „ влезе во мода “ Тука би се навеле проблемите на децата за кои би можела да помогне психологијата.
 
Живееме во доста бурно време каде што околината како што јас можам да приметам има доста големо влијание врз децата,тинејџерите. Но исто така живееме во држава каде што 90 % од родителите не обврнуваат премногу внимание на своето дете од тоа што одат на работа, на поле, пред телевизор седат и гледаат турски серии. Нивното дете во тие моменти додека родителите воопшто не му обврнуваат внимание тоа седи на компјутер и едноставно самото дете гледа од останатите деца што како прават. Друга работа откако нивното дете ќе тргне по лош пат или пак ќе видат некоја промена кај детето а најчесто е тоа поради ''љубовта'' тие запаѓаат во некаква депресија и тоа родителите го игнорираат и најчесто велат: Ајде бе млад/а тоа е дете што разбира уште. Јас ова лично многу пати го имам слушнато а тоа е најчестата грешка која повеќето родители го прават. Прво што треба да направат е да седнат со него да направат моабет и едноставно да го подучат на некои работи но исто така може и да го однесат на психолог. Но јас мислам дека родителите многу големи грешки прават тоа што кога детето ќе тргне по лош пат народски кажано ти е воопшто не го обврнуваат внимание. Затоа имаме се почесто тинејџери кои се самоубиваат или пак ќе ги слушнете како ти е едноставно се обиделе јас до сега имам само слушнато од 4 личности кои ти е се обиделе тоа да го направат. Во кое во меѓу нив ќе кажам и јас спаѓам. Но многу е подобро откако ќе тргне едно дете по лош пат да се интервенира во најбрз можен рок да се однесе на психолог и да се разговара со него. Бидејќи последиците можат да бидат и фатални.
 
според мое непрофесионално мислење....само 5% од проблематичните децата имаат потреба од психолог......останатите 95% треба да ги пратат своите родители на психолог

Познавам доста семејства во кои брачните другари се караат пред децата, се навредуваат, го навредуваат детето, а кога детето прави проблем наместо да реагираат топката ја префрлаат на другиот родител

Како што кажа Цезар Милан кучето е социјално суштество и во кучешкиот живот постои хиерархија односно секогаш постои алфа

Доколку кучето живее со луѓе и никој од членовите на семејството не се однесува и ја нема функцијата на алфа кучето само ја презема таа функција...па потоа луѓето се жалат на невоспитано и непослушно куче

исто е и со децата, ако во семејството нема алфа, детето ја превзема таа улога и се обидува целиот свет да се врти околу него....потоа ротителите се жалат како неможеле да го контролираат своето дете....имале проблеми и слично

само мал дел од децата имаат свои лични проблеми и имаат потреба од психолог.....

за останатите потребна е работа со целото семејство, а не само со детето

НО ПРОБЛЕМОТ Е .....РЕТКО КОЈ РОДИТЕЛ ЌЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМА ПРОБЛЕМ И ДИСФУНКЦИОНАЛНО СЕМЕЈСТВО И ЌЕ ПОБАРА СТРУЧНА ПОМОШ....КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА Е СЕКОГАШ ДЕТЕТО
 
arakenx - Да беше мал дел од децата, немаше да имаме толку варијации на патолошки случаи. И те молам, не почнувај и ти со филозофијата на алфа, бета, гама. Доволно ги исчитав на форумов за цел живот.
 
Јас се согласувам со тоа дека кај нас се`уште владеат многу предрасуди во однос на посетата на психолог или психијатар, и мислам дека тоа е особено застапено во помалите места, каде што човек кој побарал стручна помош поради некој психички проблем ќе биде стигматизиран како лудак во рок од 24 часа.
Но постои и една друга причина поради која не само родителите, туку и општо луѓето ги избегнуваат психолозите, а тоа е, како што веќе спомна Квиксилвер, нивната незаинтересираност и нестручност.
Не знам колку сум во право, ама мојот субјективен впечаток е дека најголем дел од младите луѓе кои се запишуваат на психологија на Филозофски, не го прават тоа од љубов кон психологијата или од желба да им се помага на луѓето, туку од чисто практични причини - имале тетка/стрина/вујна која работи како наставничка во осмолетка и ќе ги пикне таму или од партија им ветиле работно место или па колку да се рече дека студираат нешто, да не дремат дома. И како од тие луѓе да се очекува да бидат посветени на професијата и да ја работат со љубов? Нив единствена цел им е да си ја испијат дневната доза на кафиња, да пооговараат малку со колешките и да си одат дома, не им паѓа на памет сериозно да се зафатат со решавање на нечии проблеми.
Секако, исклучоци постојат, како на пример Пумата, за која имам впечаток дека стварно си ја сака професијата, а и многу други, но за жал мнозинството психолози се водат по принципот "Клати врата, зимај плата", во што имав прилика и лично да се уверам кога во втора година средно ме пратија на разговор кај школскиот психолог поради мојот вербален конфликт со една професорка. Женава (мислам на психологот) беше толку ладна и незаинтересирана, дури и дрска, што јас изгубив од старт секаква желба за било каков муабет, а камоли нешто повеќе, а уствари нејзе тоа и одговараше, па само ми одржа некое кратко предавање, нормално со изразито надмен тон и ме пушти да си одам. И сеа замислете си, како некое дете кое има сериозни проблеми, од типот дома го малтретираат, можеби дури и сексуално го злоставуваат, или има доживеано било каква траума која оставила последици на него, како тоа дете ќе има волја да се обрати кај еден таков школски психолог, кој треба по правило да биде еден од првите кои ќе му помогнат?!

П.С. Погоре напишаново се однесуваше конкретно за психолозите, со психијатрите искрено не знам како стојат работите, се надевам дека е подобра ситуацијата.
 
Јас се согласувам со тоа дека кај нас се`уште владеат многу предрасуди во однос на посетата на психолог или психијатар, и мислам дека тоа е особено застапено во помалите места, каде што човек кој побарал стручна помош поради некој психички проблем ќе биде стигматизиран како лудак во рок од 24 часа.

Имам пријателка виртуелна од мало место (и проблемот нејзин што го имаше а можеби и сеуште има доколку го посетува психологот :icon_lol:) и таму поинаку гледаат на тие работи, а мене ми се отвори затоа што не ме ни познава и најверовајтно нема ни никогаш да сретнеме во живо, а јас успеав да и помогнам искуствено затоа што имав лично интимно познавање со тој проблем :icon_lol:.
 
Имам пријателка виртуелна од мало место (и проблемот нејзин што го имаше а можеби и сеуште има доколку го посетува психологот :icon_lol:) и таму поинаку гледаат на тие работи, а мене ми се отвори затоа што не ме ни познава и најверовајтно нема ни никогаш да сретнеме во живо, а јас успеав да и помогнам искуствено затоа што имав лично интимно познавање со тој проблем :icon_lol:.

Уствари, едно девојче да абортира дознава цел град, а камоли да идеш на психијатар. Не дај боже да завршиш на токсикологија, секој еден родител знае за тоа. А, за тоа не е крив народот или градот или менталитетот, туку докторот кој што одма ќе те издаде и затоа и јас да имам проблем не би идела на психијатар него би му се обратила на Буцио или петко или станко, зашто барем знам дека нема цел град да ме дознае, а може и ќе ми помогне.

И уште еден податок, што поради работата јас морам секоја година да ваѓам лекарско и за таа цел да посетам психијатар и психолог и без навреда ама нашиве психијатри и психолози поише ќе те полудат него што ќе ти помогнат.
 
А, за тоа не е крив народот или градот или менталитетот, туку докторот кој што одма ќе те издаде и затоа и јас да имам проблем не би идела на психијатар него би му се обратила на Буцио или петко или станко, зашто барем знам дека нема цел град да ме дознае, а може и ќе ми помогне.


Одма да ми се обратиш :icon_lol:, него премногу беше интимен меѓу мене и нејзе разговорот и премногу ја почитувам па нема да изнесувам детали :icon_lol:, освен ЦИА и Марк Зукерберг ако го прашаш :icon_lol:.

Е сега јас место психологот, нема споредба мислам како професија нема шанси да има толку длабоко разбирање, уствари нема никакво разбирање затоа што тера по шема факултетска, а јас бев полн со разбирање нежност сочуствителност, бидејќи знаев и знам што е што :icon_lol:.
 
arakenx - Да беше мал дел од децата, немаше да имаме толку варијации на патолошки случаи. И те молам, не почнувај и ти со филозофијата на алфа, бета, гама. Доволно ги исчитав на форумов за цел живот.



можеби погрешно се изразив или ти погрешно ме разбра....но поентата е дека кога детето ќе начека лабави родители ги искористува

под алфа не подразбирам патријахално или било какво однесување туку дека зборот и ставот на родителот во однос на детето е конечен

на пример дете се обидува да земе нешто што не е за него предмет А ....ротителот му го зема.....детето почнува да плаче и родителот за да го смири му дава нешто друго предмет Б....детето се учи дека за да добие нешто што посакува треба да проба да земе нешто позабрането од тоа што го сака и родителот ќе му го даде посакуваното нешто за да го смири.....ова продолжува и како детето расте станува поизразено и подобро смислено

добар родител ќе проба да му објасни на детето дека предметот А не е за него или ќе го остави да поплаче и да осознае дека неможе да добие се што ќе посака

или друг пример ....детето бара нешто и оди кај мајката ....мајката вели НЕ....детето оди кај таткото и таткото за да го откачи вели ДА (или обратна ситуација)...на овој начин се поткопува авторитетот на едниот родител и детето учи кај кој родитетел полесно поминува

добри родители никогаш не би требало да се расправаат пред децата и да носат контрадикторни одлуки....туку доколку има несогласување по одредено прашање...да поразговараат и на детето да му ја соопштат донесената одлука

под алфа го подразбирам авторитетот на родителот кон детето.....односно кога дете прави проблеми и им смета на други....не би требало родителот 2 саати да се моли и објаснува со детето....туку треба да има авторитет и брзо да го реши проблемот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom