Триесет и седумгодишен маж од Прилеп, силувал осумгодишно девојче. За блудничењето и давал пари на нејзината мајка. Девојчето со обилно крварење завршило во болницата во Охрид, додека сторителот, нејзината мајка и уште две лица се пријавени за трговија со малолетно лице, Истражен судија од Битола им одредил притвор од 30 дена. Битолчаните Бејхан И. (31) и Орхан И. (27), на осми февруари со такси возило марка “форд ескорт“ со штипски таблици, дошле во Скопје, се договориле со Музафер Д. да одат во Буково да собираат старо железо. Со себе ги земале и скопјанката Надира С.(31) и нејзините три деца две близначки од осум години и момче од шест години. Инаку, Надира му била невенчана сопруга на Музафер.
За време на патувањето застанале по патот, од фордот излегле Музафер, Бејхан и Орхан со едно од девјочињата, додека Надира со другите две деца останале во возилото. Тројцата мажи го однеле детето недалеку од патот, каде Бејхан сексуално го злоупотребил. Откако ги задоволил своите страсти се вратиле во возилото и го продолжиле патот. Силуваното девојче почнало обилно да крвари, за да го спречат му ставале крпи, но безуспешно. Кога виделе дека крварењето не престанува, нејзината мајка и Музафер ја однеле во охридскта болница каде девојчето е задржано на лекување.
Како што јавуваат од полицијата во разговор со девојчето било дознаено дека нејзината мајка за одреден надомест и порано ја продавала на Бејхан. Од страна на Центарот за социјални работи другите две дечиња се сместени во Домот “11 Октомври “ во Скопје.
Четворицата пријавени се наоѓаат во триесетдневен притвор.