Роботизирани и индиферентни души

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Програмирани? Ух, до најмал детал.
Никој не гледа со свои очи, не слуша со свои уши, и не ја користи својата глава како своја.
Се' се работи по брошура, потпаднати под малограѓанска пропаганда. Се се зима здраво за готово, се следи некој тред, некоја мода, фраер си да си неписмен и некултурен, идиЈот.. Мангуп си да си у партија..
Се дружиш со затворен круг на луѓе.."БЕГАЈ! Со оној наркоманон?!" а не си седнал никад у живот муабет да свртиш со него..
Ете, фраер си и сеа као мене, коа збориш апстрактно за тема која треба да се разглаба директно дел по дел, wow колку е паметен малиов, или, шо лупа малиов, пред да го размислиш постот..
Класика муабети, врска немотија..
Никој не зазема став, нема гз да се спротистави на предпоставен, кога стварно не е у право..Претпоставениот со своето ЕМО его стиска "APPLY RULEZ" директива, без дискусија, пошо мисли дека е мангуп.
Нејасен пост, знам, не се умарај да го читаш 3 пати..

точно....но има некоја причина зошто е тоа така...и покрај технолошкиот напредок.

всушност не можам да кажам дека технолошкиот напредок и духновното имаат однос на замена trade-off...најверојатно агресивните кампањи..реклами..мудрости на ТВ им го заматија умот па лугето се нешто измегу телетабис и зомби-просто ги следат слепо своите лидери...нејсе не мислат со свој мозок....лонг ливе С++:vozbud:
 
Чекање се' на послужавник, размислување само на банални ствари, по никоја цена погледнување во себе, оценуваат теми како глупи пред да размислат.
Ко слеп за стап, покажи им го само правиот пат и ќе одат, али сами патот да го најдат, никако.
Треба да бидат испровоцирани да размислат..
Ај, ваљда ќе се развие некоја дискусија, доколку има време за размислување, пошо ипак MSN рулз....
 
дел како ги учат шпанските серии...дел америчките комедии кај шо клошарот ја кари најјаката типка у школо(лага е деца)...дел влегле у акција а несвесно на дебилизмот му нема крај
 
дел како ги учат шпанските серии...дел америчките комедии кај шо клошарот ја кари најјаката типка у школо(лага е деца)...дел влегле у акција а несвесно на дебилизмот му нема крај

Пријателе, ги забораваш Ране и Видимо се у читуљи..
 
точно....но има некоја причина зошто е тоа така...и покрај технолошкиот напредок.

всушност не можам да кажам дека технолошкиот напредок и духновното имаат однос на замена trade-off...најверојатно агресивните кампањи..реклами..мудрости на ТВ им го заматија умот па лугето се нешто измегу телетабис и зомби-просто ги следат слепо своите лидери...нејсе не мислат со свој мозок....лонг ливе С++:vozbud:

Е да беа во c++ лесно ќебеѓе ама уште се во PASCAL. Ефикасен ама нефункционален и ограничен и пред се застарен.
 
Роботизирани и индиферентни души

Не сме роботизирани и индиферентни души, туку вешто го користиме овој момент на силен напад на нашите сетила за да си ги задоволиме скриените страсти, вешто сокривајќи го своето јас зад алибито дека сами не можеме ништо. Тој напад лесно го претвораме во отуѓеност која како да ни одговара, со оправдување дека другите се отуѓуваат од нас. Свеста намерно си ја издаваме под кирија давајќи ја секому и на тој начин си обезбедуваме една тромост и мрза која ја посакуваме затоа што скржавоста на тој начин си ја препишуваме како доблест, па така себе си си обезбедуваме уште време за паразитско уживање. Се на се, самите онака се самосожалуваме и на тој начин самите себе си сме си и напаѓачи и жртви.
 
мене ми паѓа многу жал кога гледам дека некои и многу блиски личности можат да бидат многу лесно „репрограмирани“ за нечии цели.
Навистина ми паѓа жал како самоволно го одзволуваат тоа и сами си забрануваат да мислат пошироко.
 
Не ме бива којзнае колку за пишување филозофски мисли, но просто и едноставно ке ви кажам дека има голем дел вистина од она што е напишано во почетниот пост. Како дошло до тоа, што да се прави за да се излезе од затворениот круг е мистерија која треба да се одгатне. И верувајте додека гледаме “да му цркне на комшијата козата“ ке се држиме ко пијан за плот и ке дозволиме дузина неписменковци да не водат...
 
Значи седнал типот гооолем уметник со виолина вредна 3,5 милиони долари :nesvest: да свири на улица. И резултат никаков, па нормално дека е така. Како е можно луѓето плаќаат огромна сума на пари за билет на неговите концерти, а овие на улица го одминуваат. А бре што разбира народот од уметност, ајде таму дупи да те поштуе викаа кумановци кога бев војска.
На неговите концерти сигурно одат луѓе кои што поим немаат од музика (повеќето), туку одат да видат и да бидат видени, елита, плава крв, жими машкиов полов орган.
Ајде да видам зошто луѓето не го слушале перформансот од големиот уметник и големото уметничко дело на скапата виолина.
Како прво луѓето брзале на работа, мораат да стасаат таму за да си го заработат својот леб, за тие и нивните деца да преживеат :toe:.
Како второ музиката се прави по ритамот, движењето, начинот на живот итн, на луѓето од тој период. Така да популарно музичко дело пред два века, не можи да биде популарно и денес, поради причините кои ги наведов.
Едноставно класичната музика е надвор од комуникација со мнозинството на луѓето (повеќето луѓе не можат да ја разберат), односно не ги допира на лично ниво (поради претходните причини опишани погоре).
Да одело нешто вака многу повеќе луѓе ќе обрнеле внимание, јас сигурно да:

Ниту еден не се издвоил од групата на слепи Македонци.Транзицијата ни ги затвори и очите и ушите.Со празен стомак не се размислува.Додека некој на ТВ објаснува зошто имаме криза,многу луѓе седат во темнина и размислуваат од каде да заработат парче леб за себе си и останатите.Гледајќи ја ситуацијата во малите градови,чувствувам грутка во грлото,толку имам да кажам,а никој не ме слуша и не ме разбира.Едноставно почнавме да зборуваме на различни јазици кои звучат исто.Гледајќи околу себе,почнав да станувам и далтонист,гледам само две бои.Почнав да се сомневам во сопствените капацитети и ставови и да ја барам грешката во себе си што живеам и творам во општество кое никој не го сака,а секоја година му дава глас да продолжи.Нема сила која ќе направи напор да го прекине маѓепсаниот круг,во кој сме до гуша заглавени.Овде принципите се изместија,секој работи спротивно од она во кое верува.И тагата повеќе не е онаа истата,бидејќи среќата ја нема кај мнозинството.Бројот на луѓето кои пребаруваат контејнери драстично се зголемува,а ние седиме на интернет.Нема повеќе ни роба која треба да се дигне и премести во камион или складиште.Болка,чудење и заслепеност,не дозволуваат да се размислува дали споменикот ќе биде 22 метри или 48 метри.Дали Петко денес донел одлука за нас или ја оставил за подобри времиња.
Пробаа и им успеа.Денес со наведнати глави секој за себе гледа крај со крај да поврзе.Подобро молчи и седи на работа,одколку зборувај и седи на улица.Целата машинерија е вклучена,етикетирање,местење на чиповите.Секој глас поразличен од друг е друга симфонија,атеистичка,против патриотска или манипулирачка.Слободата на говорот е само демонстративно одбележана во неколку реченици,кои стојат во книгата наречена Устав која важи за сите освен за оние кои се на власт.Сите националности се клоцаме и плукаме,а друг трие раце и седи на некоја Хрватска обала.На простата маса дојдоа 5те минути.Неспособноста царува,хаосот владее.Со затворени усни,полека како роботи го започнуваме и завршуваме денот.Ништо поразлично од вчера,а без очекувања за утре.
 
точно....но има некоја причина зошто е тоа така...и покрај технолошкиот напредок.

всушност не можам да кажам дека технолошкиот напредок и духновното имаат однос на замена trade-off...најверојатно агресивните кампањи..реклами..мудрости на ТВ им го заматија умот па лугето се нешто измегу телетабис и зомби-просто ги следат слепо своите лидери...нејсе не мислат со свој мозок....лонг ливе С++:vozbud:
А бре пријателе (ко Ѓорѓи Колозов сум :)), ти и Бацо Гаго најтврдокорните следбеници на материјалистичката филозофија ми бевте, и за чудо кај двајцата во постовите го забележувам зборот или поимот духовност.
Јас не знам што подразбираш под тој поим кога сметаш дека од неживо живо настанало и дека ние луѓето сме бездушни животни :helou:.
 
Ниту еден не се издвоил од групата на слепи Македонци.Транзицијата ни ги затвори и очите и ушите.Со празен стомак не се размислува.Додека некој на ТВ објаснува зошто имаме криза,многу луѓе седат во темнина и размислуваат од каде да заработат парче леб за себе си и останатите.Гледајќи ја ситуацијата во малите градови,чувствувам грутка во грлото,толку имам да кажам,а никој не ме слуша и не ме разбира.Едноставно почнавме да зборуваме на различни јазици кои звучат исто.Гледајќи околу себе,почнав да станувам и далтонист,гледам само две бои.Почнав да се сомневам во сопствените капацитети и ставови и да ја барам грешката во себе си што живеам и творам во општество кое никој не го сака,а секоја година му дава глас да продолжи.Нема сила која ќе направи напор да го прекине маѓепсаниот круг,во кој сме до гуша заглавени.Овде принципите се изместија,секој работи спротивно од она во кое верува.И тагата повеќе не е онаа истата,бидејќи среќата ја нема кај мнозинството.Бројот на луѓето кои пребаруваат контејнери драстично се зголемува,а ние седиме на интернет.Нема повеќе ни роба која треба да се дигне и премести во камион или складиште.Болка,чудење и заслепеност,не дозволуваат да се размислува дали споменикот ќе биде 22 метри или 48 метри.Дали Петко денес донел одлука за нас или ја оставил за подобри времиња.
Пробаа и им успеа.Денес со наведнати глави секој за себе гледа крај со крај да поврзе.Подобро молчи и седи на работа,одколку зборувај и седи на улица.Целата машинерија е вклучена,етикетирање,местење на чиповите.Секој глас поразличен од друг е друга симфонија,атеистичка,против патриотска или манипулирачка.Слободата на говорот е само демонстративно одбележана во неколку реченици,кои стојат во книгата наречена Устав која важи за сите освен за оние кои се на власт.Сите националности се клоцаме и плукаме,а друг трие раце и седи на некоја Хрватска обала.На простата маса дојдоа 5те минути.Неспособноста царува,хаосот владее.Со затворени усни,полека како роботи го започнуваме и завршуваме денот.Ништо поразлично од вчера,а без очекувања за утре.
Леандар љубави тоа се вика менталитет ова не е од вчера ова е од многу многу одамна
Таков народ сме ...ние сме родени да бидеме злоупотребувани
се што можело да не изведе надвор од магичниот круг сме го исмеале и избркале од оваа држава (да бидеме искрени се шо вредело сме го истерале)
ние сме пред се луѓе а луѓето се евтини слаби поткупливи не дека се глупави туку повеќе исплашени

сите се свесни ама никој нема смелост да истапи само поради тоа што се плашио дека ќе изгуби нешто
леандра љубави мој совет пакувај куферите овде нема останато многу кои се интелегентни а во исто време и човечни,ти си човечна а интелегентан не си за овде треба да станеш нехумана ...ако сакаш да преживееш
 
Понатаму во текстот вели:„Нашите рецептори од константно силување повеќе незнаат да донесат правилна одлука.Не силуваат со политички ток шоу емисии,музички ѕвезди,шпанско-португалски хитови кои траат по милион серии без поента,јавни дебати,реалити програми,копи пејст рецитали.На рецепторите ништо повеќе не им смета.нашата моќ за расудување повеќе не постои.Се сведовме на роботизирано ниво,каде студентите како идни интелектуалци немаат право на свој став,каде архитектите наместо да се грижат за својата професија - дебатираат,професорите наместо да едуцираат - компензираат,уметниците - вегетираат,а свештените лица наместо да проповедаат,политизираат.“
Интересен е болдот нели? :) Инаку сосема се сложувам со напишаното, прекрасно е.
marsovka напиша:
Леандар љубави тоа се вика менталитет ова не е од вчера ова е од многу многу одамна
Всушност, ние сме еден од ретките народи каде не живееме за да одиме утре на работа. Ние сеуште знаеме скарица да распалиме и да уживаме во животот. Западот од друга страна, речи му да не работи, пола од него ќе испоумре од досада и пренајаденост.

Ова е тема една која и себе си` си ја поставувам во последно време бидејќи никако не можам да го сфатам системот на функционирање на луѓето дури и кај нас, а камо ли во работливиот запад. Ние живееме за да одиме на работа, и немаме никаква разлика од некогашните робови кои ги “ослободи демократското општество“. Работиме осум часа, потоа сме мртви уморни и легнуваме да спиеме за да имаме сила да работиме и утре. Катастрофа. Веројатно затоа секогаш повеќе ме привлекувале уметностите од физиката. Во второто нема апсолутно никаква креативност, а без неа... Их ајне роботен... :helou:
 
па да ние палевме скари кога пола запад протестираше против работодавците нивни и кризата
Од каде таа идеја дека уживаме во животот?
како може да ужива во животот некоја која работи во конфекција за 5000 од утро до вечер без одмор и слободни денови?

некако си ми контрадикторен ,на нас луѓето ни треба работа таа е потврда дека ние како битија сме способни .....
дали си го гледал сико од мајкл мур да видиш кој ужива во животот?и колку навистина е роботизиран и воркохоличен западно европеецот.....кој работи само 4о часа неделно
да видиш уствари што значи да се живее во демократија и права држава каде што државата пружа каква таква грижа .

Викторе зборев за делот од менталитетот каде што ние без отпор дозволуваме да бидем екплатирани и злоупотребувани од власта .
у мои зборови :
ние дозволуваме да бидеме ебени со колец дебел 10 цм во длабочина од 50 цм на нашиот ректум само затоа што некој ни рекол дека е добро за нас и да биде сето тоа потрагично ние го браниме овој метод како многу многу здрав
И не веруам дека сме многу кретивни освен во создавање не депресивни филмови и оговарање на комшивката,пропутно заебување на некого само за да добиеме ерекција и свршиме на тоа .:pipi:
 
Всушност, ние сме еден од ретките народи каде не живееме за да одиме утре на работа. Ние сеуште знаеме скарица да распалиме и да уживаме во животот. Западот од друга страна, речи му да не работи, пола од него ќе испоумре од досада и пренајаденост.
Mene pa bas toa epten mi se dopaga u Balkanot ni nas.
Znaeme be da uzivame bem ga... na sto li ke lici zivotot ako ne se potrudis da uzivas, bez razlika sto ke bide toa uzivanje, dovolno e da uzivas maksimalno so toa sto go imas... vo sprotivno sacmarkata i.... :):)

Nego, problemot ne ke da e vo toa, tuku deka po default nemame usul za nisto, preteruvame so se.... a preteruvanjeto po definicija e stetno. :toe:

Веројатно затоа секогаш повеќе ме привлекувале уметностите од физиката. Во второто нема апсолутно никаква креативност, а без неа... Их ајне роботен... :helou:
Off: potrebna e i te kako kreativnost...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom