Roab bike vs. MTB велосипедизам

Дечки здраво. Жустри муабети погоре, али без тензии, зашто секој си има свој вкус и си останува на своето :). Туку ја се надоврзам на темава. Сум пробал повеќе типови точаци, од кои иМТБ, ама последниот што го земав Роуд Бајк или тркачки по старо е буквално незаменлив. Штом се качив и малку го доштелував малку нели, нема враќање назад. Значи спиред мене дефинитивно Роуд Бајк е победникот. Еве го, Сенса Џулија као локум вози.Прегледај го приврзокот 325701
Со здравје да го возиш и многу километри да поминеш со него.Е сега и едниот и другиот имаат предности и маани.Роудот е побрз бидејки е полесен и потенок од МТБ и со тоа има подобра аеродинамика односно помал отпор на воздух а тенките мазни гуми му овозможуваат помал отпор на триење и со тоа на помала снага да се постигнува поголема брзина но далеку понеудобен за долги целодневни релации,понестабилен и не можеш да го товариш како што можеш МТБ и обратно.Значи секој си бира што ќе вози во однос на своите потреби.
 
Последно уредено:
Дечки здраво. Жустри муабети погоре, али без тензии, зашто секој си има свој вкус и си останува на своето :). Туку ја се надоврзам на темава. Сум пробал повеќе типови точаци, од кои иМТБ, ама последниот што го земав Роуд Бајк или тркачки по старо е буквално незаменлив. Штом се качив и малку го доштелував малку нели, нема враќање назад. Значи спиред мене дефинитивно Роуд Бајк е победникот. Еве го, Сенса Џулија као локум вози.

Правилен избор. Со здравје да го возиш
 
Од 2018 е моделот. Оваа е опремата - https://archiv.cube.eu/en/2018/151100

По мое не вреди за тие пари...
Се согласувам затоа што во 2018 нов бил околу 650 евра а за 4 до 5 години максимум цената паѓа за цели 50% што значи по мене реалната е околу 350 евра иако јас не би го купил овој модел бидејки е тежок околу 12 кила а има погон од роуд што значи на јаки угорници би имал проблем.Многу подобра варијанта е да се купи хибрид кој има слична геометрија и тежина но погон како МТБ.
 
За цената се исценкав до 350 евра и го зедов, а претходно од брзање и неукост (да фатам субвенција брзо требаше) користев Polar Mirage Sport и на тури бев најбавен секогаш.

Поларот го продавам, па реков да направам апгрејд на ова.

Фала на сугестии сепак.
 
Чим си го земал со здравје да го возиш.Единствена маана е што предниот помал погон е со 34 заба па во комбинација со најголемиот запчаник од 32 заба на касетата ќе имаш огромен напор да искачуваш угорници над 12,13% а кај делот после детското на Водно најверојатно ќе мораш да го буткаш или евентуално во постојана орбитрек положба да пробаш да го искачиш но и поголема веројатност да скинеш ланец на таков отпор.Што се однесува до Polar Mirage Sport не си знаел па по грешка си го земал и мој совет продај го.
 
Иначе доста се скокнати цените на нови точаци. На Bike Market разгледувам, лани овој период од годината, Scott Aspect 950, 960, 970 беа 30.000, 35.000 и 40.000. Сега се 40.000, 45.000 и 50.000. Истата опрема, сè исто.
 
Scott моментално е во сопственост на швајцарци така да не се чуди околу цените.Едноставно не вреди за парите бидејки има фирми како Ghost кои нудат подобра опрема за истите пари во однос на Scott а во квалитет воопшто не заостануваат.
 
Ghost во Nomad ги има речиси потполно истите цени како Scott во Bike Market за истата опрема кај entry level точациве. Илјадарка-две да има разлика, максимум.
 
Ghost во Nomad ги има речиси потполно истите цени како Scott во Bike Market за истата опрема кај entry level точациве. Илјадарка-две да има разлика, максимум.
Грешка си,нешто си утнал.Еве ти два модела на Scott и Ghost со 90% иста опрема а Scott е цели 11000 денари поскап:
 
Грешка си,нешто си утнал.Еве ти два модела на Scott и Ghost со 90% иста опрема а Scott е цели 11000 денари поскап:
Да грешка, изгледа нешто лошо сум запамтил. Иначе не верувам дека цените на Scott се повисоки дека се швајцарска сопственост. Scott доста одамна е швајцарска фирма... Веројатно има некоја друга причина што за година-година и пол цените скокнаа 30%...
 
Цените скокаат насекаде, повеќе или помалку, тоа е поради растот на животните стандарди, но и светската криза и инфлација и моменталната ситуација во Украина истовремено...
 
Мтб или роуд? Едноставно, тоа што повеќе лично ти прави ќеиф. Сѐ си има свое.

Почнав со трекинг, па мтб, сфатив дека сакам да возам брзо по асфалт и долги тури и се префрлив на роуд веќе 5 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв