Искрено, голем мерак ми е што му го спуштија на Лино, у компанија со Чокрев кој скокаше ко мајмун на секоја судиска одлука и спикерчето кое (пак) викна: Металург против судиите
Тотално фијаско беа Металург на почетокот, не знаеја каде се наоѓаат. Страхиња ги отпиша.

Момакот кога е мотивиран е топ голман (иако многумина фанови на Вардар, неоправдано сеуште немаат доверба у него)
Не му одговара на овој Металург ваков брз и широк ракомет каков што игра Вардар изминативе 2-3 сезони. На крило ги избушија, пикерите правеа 2 метри простор кој Карачиќ го користеше перфектно. Металург успесите ги постигна на крила на одбраната, која денеска беше „без“ Станиќ, со незалечен Велко и катастрофални Георгиевски и Манасков. Овие двајца се изгубија и напред, ко првпат да го играат дербиво.
Единствена светла точка Атман, и донекаде Мијатовиќ. Другите треба што побрзо да ја заборават утакмицава.
И пак ќе речам, Доне е супер тренер! Штета што човекот никако не може да исплива на површина и неговиот збор не е последен.