РК Вардар - РК Металург | Борис Трајковски, 24.11.2013 - 18:00 |

  • Креатор на темата Креатор на темата dagau
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Баш ме интересира Медолино шо ќе квичи на пресот :place:



Тој сипаници што имал и повредите ги скинале... Пази АТМАН повреден им бил, ма дајјјј :pos:
Кондиција немале, па како ќе имаат кога сите клучни играчи им се пензионери
 
Опа-а! Опа-а!

Им објаснија кој е шампионот на Македонија, оној вистинскиот.

Само се надевам дека нема да плачат по судии, судиите си ја завршија коректно работата.

Атман е играчиште, само тој го држеше Металург во игра. Кај Вардар Карачиќ и Дибиров растураа, солидно играа и останатите. Милиќ имаше добри и битни одбрани.

Победа на гости, се гледаме на домашен терен :icon_mrgr:



едит: колку не е за слушање Перо Момировски еј!
 
Стоилов и Страхиња како вехабии се :icon_lol:

Вардар има фантастични крила , далеку подобри од Металург , тоа ја прави разликата . Наредниот меѓусебен меч ќе видиме со какви позиции ќе влезат двете екипи , на Вардар му треба победа за евентуално второ место , исто и на Металург . Сакам двете екипи да одат понатака , а Динамо Минск да испадне.
 
Еве пак се жалат со повредите, како што се жалеа за првенството во мај....
ibuprofen.jpg
 
Дамо, имаш право денес да се радуваш и бидеш вулгарна...


Никој како тебе друг
не го ебе металург,
титула веќе нема да освоиш,
прашање на време е пред да непостоиш
Незгодно ми е малце, затоа го модифицирав.:oops:
 
Искрено, голем мерак ми е што му го спуштија на Лино, у компанија со Чокрев кој скокаше ко мајмун на секоја судиска одлука и спикерчето кое (пак) викна: Металург против судиите :pos:

Тотално фијаско беа Металург на почетокот, не знаеја каде се наоѓаат. Страхиња ги отпиша. :cuc: Момакот кога е мотивиран е топ голман (иако многумина фанови на Вардар, неоправдано сеуште немаат доверба у него)

Не му одговара на овој Металург ваков брз и широк ракомет каков што игра Вардар изминативе 2-3 сезони. На крило ги избушија, пикерите правеа 2 метри простор кој Карачиќ го користеше перфектно. Металург успесите ги постигна на крила на одбраната, која денеска беше „без“ Станиќ, со незалечен Велко и катастрофални Георгиевски и Манасков. Овие двајца се изгубија и напред, ко првпат да го играат дербиво.

Единствена светла точка Атман, и донекаде Мијатовиќ. Другите треба што побрзо да ја заборават утакмицава.

И пак ќе речам, Доне е супер тренер! Штета што човекот никако не може да исплива на површина и неговиот збор не е последен.
 
Има Пирати во арената? И доста со тој инцидент од игла локомотива направивте.

тоа ако го сметаш за навивачка група да изгледа беа според сликата што се виде а да се слушнаа никако..

Дибиров си ја докажа класата :), Милич ги откажа секоја чест одличен натпревар за него.
Ивановска за кој е за МЗТ сега пее за Вардар баш ја имаше во кадар :)
 
Уште еднаш да кажам, Атман и Дибиров се ИГРАЧИШТА, секоја чест навистина и за двајцата. :cuc: Секоја чест и за Вардар денеска, убедливи во секоја смисла, ги прегазија противниците. Честитки за Комитите, тепаа и на терен и на трибина.
 
Сепак Вардар е само една "река" која ја поплави Автокоманда;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom