Ризик за создавање капитал?

  • Креатор на темата Креатор на темата creesil
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Возраст
34
Вреди ли сега, во ова време на економска криза да се превзема ризик за започнување бизнис?
 
Многу ти е штуро прашањето , неможе туку така да ти се одговори со да или не. Каков тип на бизнис сакаш да отвориш ? Каде ? Имаш ли бизнис план и бизнис идеја ? Дали и колкав почетен капитал имаш за започнување на бизнис ? Имаш ли поврзаност и конекции со луѓето од државата што го аминуваат бизнисот ? Прво одговори на овие најосновни прашање за да може да ти се даде некаков одговор на твоето прашање
 
Порано важеше ризик ствара капитал, сега важи партиска книшка/“вујко владика“/ и така натака па сега ти види... дали исполнуваш услови да почниш сам, ако не ќе мора да се влечиш (да му амалуваш) на некој кој го има истото тоа...
(не викам дека нема исклучоци ама тие се стварнооооооо ретки)
 
Вреди ли сега, во ова време на економска криза да се превзема ризик за започнување бизнис?

Прво би било во ред да се каже каков бизнис...бидејќи не секој успева тука во Македонија.
 
Македонија е во криза уште од 1991 година, а за ризик, секогаш вреди да ризикуваш за капитал. Не вреди да ризикуваш пари за одмор, кола, куќа или било каква неповратна инвестиција.
 
Отвори па ќе процениш сам потоа дали вреди или не.
 
Ако 90% од дејноста ти е соработка со фирми....ич не почнувај. Ако немаш директна продажба со клиентела физички лица можеш само да заглавиш.
 
А што бизнис имаш на ум да почнеш?
Никогаш нема да знаеш ако не се обидеш.
 
Back
На врв Bottom