РИП Питер Фолк

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
Почина Питер Фолк, легендарниот Колумбо

4F51D9863C3E184EA960E4A608048789.jpg


ЛОС АНЏЕЛЕС (Ројтерс) - Питер Фолк, ѕвездата од хит серијата од 70-тите "Колумбо" кој со улогата на истоимениот детектив освои четири греми награди, почина на 83-годишна возраст по неколкугодишна битка со Алцхајмерова болест. Фолк почина мирно во домот во Беверли Хилс, стоеше во изјавата на адвокатот на неговата сопруга.
Актерот имаше долга и успешна кариера, прво во театар, а потоа на телевизија и филмови. Тој се прослави со улогата на полицискиот поручник Колумбо чија незаинтересираност на прв поглед беше маска за неговото лукаво испрашување на осомничени.
Два пати беше номиниран за оскар, за споредна улога во "Браунсвил бојс" и "Џеб полн со чуда".
Фолк ја доби првата греми награда за главна улога во филмот од 1961 година "Театрот Дик Пауел", а 10 години подоцна во 1972 година тој освои неколку греми награди со што ја освои Америка.
Уште како дете, окото на Фолк беше заменето со стаклено поради малигнен тумор. Овој хендикеп многу му помогна на Фолк за совршено доловување на ликот на детективот Колумбо, кој навидум изгледаше незаинтересиран и чуден.
По "Колумбо" Фолк глумеше во неколку филмски улоги сè до 2009 година.
Кон крајот на 2008 година неговата ќерка Кетрин Фолк судски побара неговиот бизнис и лични проблеми да се стават под надзор на лице назначено од судот и далеку од сопругата Шера, со која беше со брак 34 години и тогаш откри дека тој има Алцхајмерова болест и деменција. Кетрин и другата ќерка на Фолк, Џеки, кои се од неговиот претходен брак со Алис Мајо, изјавија дека не биле информирани за смртта на татко им туку за тоа дознале од медиумите.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=5BAE7F9C60092649BDEAB3F4C0BEA457

 
Нека му е лесна земјата, феноменален глумец, го обожавав.
 
Колумбо... отиде :( RIP
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom