Ослиќ со компири и домати
Потребни состојки:
- 500 гр. ослич
- 500 гр. домати
- 1 главица кромид
- 2 компира
- магдонос
- брашно
- 1 лажица вочестер сос
- 4 чешниња лук
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Подготовка:
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40- тина минути.
На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана. И магдоносот ситно го сечкаме и го оставаме во сад настрана. Претходно сварените компири ги сечкаме на поголеми коцки. Парчињата компири ги ставаме во поголем длабок сад. Водата во тенџере на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето ги ставаме доматите да се обарат. Со лажица решетка ги вадиме доматите од тенџерето и ги ставаме во цедалка.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме кромидот да се пржи. Доматите ги лупиме и им ги отстрануваме рачките. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Исечканите домати ги собираме во сад. Потоа доматите ги додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Посолуваме. Го додаваме сечканиот лук.
Филетите ослич ги редиме на даската за сечење. Филетите ги посолуваме од двете страни. На оган ставаме уште една тава за пржење. Првата тава ја протресуваме и ја покриваме со капак. Оставаме да врие 10- тина минути. Во втората тава ставаме масло да се загрее. Во првата тава го додаваме вочестер сосот и ситно сечканиот магдонос.
Филетите ги валкаме во брашно. Потоа ги ставаме да се пржат на загреаното масло во тавата. Откако ќе се испржат од едната страна филетите ги превртуваме. Исечканите варени компири во длабокиот сад ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа во садот додаваме масло за јадење. Промешуваме. Додаваме и ситно сечкан магдонос.
На чинијата за сервирање го ставаме компирот. Потоа на чинијата ги ставаме испржените филети. Врз филетите и компирот преливаме со сосот од првата тава. Лимонот го сечеме на кришки. Со кришките лимон го декорираме осличот со компири и домати. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња француски магдонос помеѓу кришките лимон, како и со ситно сечкан магдонос.