Риба

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Ау само Господ знае колку мразам риба.. Мирисот тоа не можам да го поднесам, добивам нагони на повраќање.. И ако пржела мајка ми пример риба у кујна, неколку дена после тоа не влегувам таму.. Одвратно ми е, не можам да ви опишам колку..

Агх..
 
Ослиќ со компири и домати

Потребни состојки:

- 500 гр. ослич
- 500 гр. домати
- 1 главица кромид
- 2 компира
- магдонос
- брашно
- 1 лажица вочестер сос
- 4 чешниња лук
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40- тина минути.
На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана. И магдоносот ситно го сечкаме и го оставаме во сад настрана. Претходно сварените компири ги сечкаме на поголеми коцки. Парчињата компири ги ставаме во поголем длабок сад. Водата во тенџере на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето ги ставаме доматите да се обарат. Со лажица решетка ги вадиме доматите од тенџерето и ги ставаме во цедалка.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме кромидот да се пржи. Доматите ги лупиме и им ги отстрануваме рачките. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Исечканите домати ги собираме во сад. Потоа доматите ги додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Посолуваме. Го додаваме сечканиот лук.
Филетите ослич ги редиме на даската за сечење. Филетите ги посолуваме од двете страни. На оган ставаме уште една тава за пржење. Првата тава ја протресуваме и ја покриваме со капак. Оставаме да врие 10- тина минути. Во втората тава ставаме масло да се загрее. Во првата тава го додаваме вочестер сосот и ситно сечканиот магдонос.
Филетите ги валкаме во брашно. Потоа ги ставаме да се пржат на загреаното масло во тавата. Откако ќе се испржат од едната страна филетите ги превртуваме. Исечканите варени компири во длабокиот сад ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа во садот додаваме масло за јадење. Промешуваме. Додаваме и ситно сечкан магдонос.
На чинијата за сервирање го ставаме компирот. Потоа на чинијата ги ставаме испржените филети. Врз филетите и компирот преливаме со сосот од првата тава. Лимонот го сечеме на кришки. Со кришките лимон го декорираме осличот со компири и домати. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња француски магдонос помеѓу кришките лимон, како и со ситно сечкан магдонос.

А да доеше до кај мене на брзина да зготвеше... ми се пријаде у моментов :pos: :pos: :pipi::vozbud:
 
Ау само Господ знае колку мразам риба.. Мирисот тоа не можам да го поднесам, добивам нагони на повраќање.. И ако пржела мајка ми пример риба у кујна, неколку дена после тоа не влегувам таму.. Одвратно ми е, не можам да ви опишам колку..

Агх..

Ти немоеш да јадеш риба ... :( а тиа шо јада у кина,јапан риба нон стоп :) ... па жива над 100 год. :) :) :)
 
Осличот е најубава риба,мислам најмногу ја јадам
 
Ау само Господ знае колку мразам риба.. Мирисот тоа не можам да го поднесам, добивам нагони на повраќање.. И ако пржела мајка ми пример риба у кујна, неколку дена после тоа не влегувам таму.. Одвратно ми е, не можам да ви опишам колку..

Агх..

Исто,гадна работа...
 
Полнета пастрмка...најубаво предјадење:vozbud:
 
пааа риба сакам и тоа многу ама најубава ми е кога е подготвена дома (спремена од татко ми :) ) :)
 
Риба јадам многу ама ако немаш аспиратор дома собата ке ти мириса 2 дена
 
Јадам риба. Најмногу ми се допаѓа лосос и пастрмка.
 
јадам риба секоја недела по еднаш мора...
најмногу купва мајками скуша или харинга
скушата е поуба....
ама обожавам ослич... со сос од мајонез и брокула... ммммммммм:pos2:
 
Ауу..Рибичка.
Секоја недела тато и чичо кога одат на браната и ловаа рибички .. и се носаа ...
И се јадааме:baeh:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom