Резултати СЕГА?

Колку време мислите дека му требаат на Груевски за да постигне резултати во економијата?
1 година? 1 мандат? Јок... најмалку 20 години (односно, најмалку 5 мандати)!!! И мислам дека е време на фирерот да му се даде доживотна функција Премиер на РМ... Инаку, тешко нас ќе биде!?

Г-дине Груевски, кога ги очекувате првите резултати во однос на економските реформи? Многу работи се направени, но...

- Знаеме дека во економијата резултатите не доаѓаат многу брзо. Немојте да мислите дека Ирска го постигна успехот за три, четири или пет години. Ирска работеше 20 години за да дојде до тоа што дојде, и тоа е брзо.


Дали е ова истиот оној кој што бараше ’Резулати сега’???
 
Ne e............. toj "umre" od nepoznat valuten virus pred nekoi 10 meseci , brgu od koga gi veti site tie GLUPOSTI ....ova sega e dublerot , nego ne go "vrzuvaat" nikakvi VETUVANJA...:):):)!!!
 
Ne e............. toj "umre" od nepoznat valuten virus pred nekoi 10 meseci , brgu od koga gi veti site tie GLUPOSTI ....ova sega e dublerot , nego ne go "vrzuvaat" nikakvi VETUVANJA...:):):)!!!

Е добро бе,и женаму не го сетила,или и се погодил "калапот" па си молчи?:)
 
Izgleda............,no taa ne go ni poznava originalot....togasnata brgu brgu ja zduvna u vidu lastinog repa......od tehnicki pricini ...:)
A za rezultati...nema veza ..ke pricekame uste dve - tri godini...koga se toa izborite ????
 
Izgleda............,no taa ne go ni poznava originalot....togasnata brgu brgu ja zduvna u vidu lastinog repa......od tehnicki pricini ...:)
A za rezultati...nema veza ..ke pricekame uste dve - tri godini...koga se toa izborite ????

Moжеби затоа ни се случува ова:

Интервјуто на Груевски со четири репризи

Зачудува како Владата не може да сфати дека со узурпацијата на јавниот радиодифузен сервис испраќа лоши сигнали за своите демократски капацитети, вели Зоран Бојаровски, претседател на Советот на МРТВ
Тоа што граѓаните во минатата недела на Македонската телевизија четири пати го гледаа интервјуто на премиерот Никола Груевски во емисијата „Гласот на народот“ е програмски гаф, кој не само што не е во интерес на јавното информирање туку има контрапродуктивен и проѕирен ефект.
Ова е реакцијата на претседателот на Советот на МРТВ, Зоран Бојаровски, на одлуката на одговорните во јавниот сервис интервјуто на Груевски покрај првото емитување, два пати да се репризира на првиот канал на МТВ, еднаш на Собранискиот и еднаш на сателитскиот канал.
Советот на МРТВ неколкупати укажуваше дека Управниот одбор и генералните директори на куќата мора што поскоро да обезбедат услови за спроведување на независната уредувачка политика. Во услови кога јавниот радиодифузен сервис е во целосна финансиска зависност од Владата, менаџерите и уредниците, едноставно, немаат храброст да спроведуваат нешто што е суштината на МРТВ - вели Бојаровски.

За да се навикнеме на реалноста.:)
 
Трпение спасение ...поелка ако не у овој живот у наредниот ...првите 100 години се тешки после е леснотија
 
Па 4 пати реприза и "цаап",присилна телевизијска предплата.:)
 
Под еден услов, народот кој што живее да има нешто добро од тоа! А не некој од Канада да се припичава „каде се инвестициите“! Па таму се кај тебе бе говедо! Донеси ги!!

sto da donese ? nekoj gledaa da odnesa i toa malku sto go imaa ane da ti donese .i sekogas ke kukaa treba taka e , toa nee dobro ova edobro i samo za kukanje gi biva, sekoja cest na isklucoci.
 
Ма немој ја да Ви носам а Вие јавашлук да праите мало морген
 
Интервјуто на Груевски со четири репризи...
Да не отварам нова тема...

Груевски како Волшебникот од Оз

„Господине премиер, Вие сте како Волшебникот од Оз. Правите чуда“

Еве вака, храбро и в очи му вели најголемата ѕвезда на МТВ, Слободан Томиќ, на претседателот на македонската Влада, Никола Груевски. Со уживање секој ден граѓаните на Македонија гледаат една иста емисија веќе четврти, некои велат петти пат. Јавниот сервис на сите граѓани, на општо задоволство, неуморно го репризира „Гласот на народот“ секој ден во најразлични и ударни термини...

Во ова интервју нашиот Волшебник праќа многу значајни пораки до народот и тие треба да се научат напамет.
Проблемите ги разрешува чудесно. За земјоделците оваа година 20 милиони евра; в година 50 милиони евра; веднаш потоа наредната година 100 милиони евра субвенции. И, оп, готово е.
Мизерни се платите на администрацијата. Со години, со децении. Нема проблем. Ново волшепство, и оп гледај чудо, администрацијата во наредните три години ќе има за 34 отсто поголеми плати! Едноставна и суштинска одлука.
Аналогно на тоа, се разбира, ќе пораснат и пензиите.

Нема доволно странски инвестиции. Волшебникот има одговор. Двајца министри и натаму постојано ќе шетаат низ светот во потрага по инвеститори. Но, тие двајца не се доволни. Сега ќе тргнат уште шест души во потрага по „крупни риби“ кои одвај чекаат да дојдат да го вложат својот капитал во балканското Елдорадо. Овие сега што не' избегнуваат, а се упатуваат накај Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и Романија и вложуваат годишно по неколку милијарди долари, не се свесни каква шанса испуштаат. Тие наседнуваат на глупави новинарски приказни дека во Македонија нема политичка стабилност, дека сопственоста не е гарантирана, дека судовите бавно носат пресуди, дека пазарот е нерегуларен, дека може да ви ја скршат главата и да си ја загубите сопствената фабрика преку ноќ, дека склучените договори не се почитуваат, дека се прават ревизии на сопственоста 15 години по прватизацијата, дека тие што веќе инвестирале во Македонија имаат повеќе лоши отколку добри искуства, итн., итн. Тоа се опозициски трикови и измислици на нивните послушници од медиумите кои водат кампања против Македонија таа да не стане членка на НАТО и на ЕУ. Тие си ја мразат својата татковина. И, еве, гледате, НАТО и ЕУ ги слушаат овие полтрони од новинари на кои треба секој ден да им се удира по еден ќотек за да научат да пишуваат како што мислат партиските лидери. Само во тепањето новинари власта и опозицијата најдоа заеднички јазик и постигнаа добри резултати. Двете страни си испотепаа по еден.

За нашата власт, конечно, и не се многу значајни лошите вести од Брисел. Голема работа НАТО и ЕУ. За нас е поважно што од Нова година граѓаните во својот џеб ќе ги почувствуваат ефектите од големите реформи. Ќе почне да им расте стандардот, онака од небо, без да бидат свесни како наеднаш им станува подобро. Веднаш по Нова година ќе почнат да се отвораат нови работни места, ќе стасаат крупните инвеститори. Она што не му успеа на еден друг Волшебник да вработи од секое семејство по еден член, сега ќе му успее на Груевски, бидејќи овој е од Оз, а Црвенковски, сепак, е од „Бихаќска“. И не е така голем магионичар како Груевски. Волшепства во економијата нема, ама има фатаморгана кај популистите кои заедно со извонредните, сугестивни и храбри македонски журналисти кои, види богати, бранат власт, а напаѓаат опозиција, можат да го доведат народот на дереџе „мижи Асан да ти баам“. Тоа трае се' додека Асан не се разбуди, а, кога-тогаш, ќе се разбуди. Кога ќе се освестат сите македонски сонувачи на подобрата иднина, кога ќе сфатат дека сончеви градови, облакодери, луксузни хотели, фабрики не градат владите, дека премиерите не отвораат работни места, не прават договори со странските инвеститори, тогаш трезнењето на македонската нација ќе биде уште едно горчливо искуство. Ние, едноставно, сакаме да не' лажат. Не ги сакаме мислечките луѓе и песимистите што ги расипуваат нашите надежи и соништа. Ги сакаме новинарите-толкувачи на власта и високите идеали. Ние сакаме да им веруваме дека подобрата иднина ќе ни дојде со волшепства. Но, се' има граница. Кога ќе се открие лагата и неспособноста, големата љубов поминува во голема омраза.

Респектирајќи ги целосно успесите на Груевски и неговиот тим, особено во создавањето реформски амбиент и борба против криминалот. Сепак, најголемата грешка на Груевски не е неговиот популизам и лажните надежи, туку неговата неподготвеност да еволуира од технократ во демократ и во современ европски политичар. Демократијата и постојаната опседнатост со рејтингот се најслабите точки на нашиот премиер.

Е. Ризаов
 
А реалната слика за чудата е следната
small_penis.jpg
 
Па веќе имавме едни "демократи" итоа "социјални" ама исто така ништо не сторија во државава да се подобри стандардот на сите граѓани.
 
Back
На врв Bottom