Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Опуштена атмосфера, добро јадење ако си за мезе, скара, бургери. Често знаат да понудат и добро пиво. Едно од омилените места ми е во Ск.
Али ако си повеќе за готвена храна, не.
Си претпоставував... Можеби имаат во главно добра атмосфера ама имаат само америчка кујна као бургери и брза храна но не се на ниво на еден поелитен ресторан.
 
Си претпоставував... Можеби имаат во главно добра атмосфера ама имаат само америчка кујна као бургери и брза храна но не се на ниво на еден поелитен ресторан.
Па не се ресторан, кафана се, рок.
 
Да де јасно. Прочепкав на нет навидум не изгледа лошо местото па би сакал бар еднаш да го посетам.
Местото воопшто не е лошо, уствари топ е. Ама не ти го препорачале за пица или тестенини тоа сигурно :D
Така да оди за тоа што ти го препорачале и тоа што пиша Дани. Скоро секој ден имаат жива музика, бургерите им се дискутабилно на прво место у државава, скарата им е топ, мезиња за со пиво исто имаат топ. Нема да згрешиш, само не го ставај у категорија на елитни и ресторани :D
 
Јас малку да исхејтам Рустикана, бургерите им се доста мали и за квалитет се ок (порано беа значително поголеми, а цените поефтини, ама ок нормално е ова секаде), ама повеќе ми прават мерак во Маџо 2 или Кантина бургерите на пример. Е сега Рустикана се и поефтини, па се компензираат работите. Тоа што сум забележал таму е хаотична услуга, еден пат утнаа нарачка нешто немаше состојка некоја во салатата, не се понудија да сменат или додадат, ама нема врска ај се дешава, ама вториот пат влагаш ти вели се е резервирано, наоѓаш празна маса покажуваш со прст, и тој се консултира со друг келнер и ти вика “таа слободна е да“, што малку нема логика, влакно фалело да не ти седнат луѓе во локалот и да си заминат, со тоа и прокоцкуваш шанса за потенцијален бакшиш и за луѓе што почесто би ти доаѓале.
 
Последно уредено:

За мене маџо има најдобар бургер. Ма да и изненадувачки пред некое време бев кај бале во беверли , и пробав некој Џамбо бургер бале како за изненадување топ беше.
 
...најдобра скара во ,,Стара чаршија,, Прилеп,

Jas za Corba odam vo "Sokace i vo Altan"
Za Kebapi mene najdobri mi se vo Kernes.
Shirdeni vo Altan,
"Stara Carshija" e isto taka dobra ako sakash od se po malce da probash a nemash vreme da shetash.

Inace da dojdish vo Prilep i da ne se najadish dobro i kvalitetno ne e mozhno.:D
 
Па види, едниов е со бифтек така да ко воли нек изволи. Мастрафот е тој.

Иако сум способен да си дозволам, сепак не би, оти буквално е поскапо од странство нештово да го порачаш. Дур има офци, ќе има и волна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom