- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 7.266
- Поени од реакции
- 25.259
Сосов кој го коментирате го имам јадено и во Скопје и во странство. Мислам дека скопскава варијанта е поедноставена, иако не е лоша. Оригиналната варијанта е по-течна затоа што содржи повеќе состојки меѓу кои и киселина и мајонез (мислам, не сум сигурен). Треба да се погоди и комбинацијата со јадењето - пржена храна генерално.
П.с. џигер е храна за сиромаштија, вака генерално, меѓутоа, многу битно е да се проба во добра варијанта. Ако е фино исечен, свеж, во комбинација со убави додатоци: лук, магдонос - може многу добро јадење да биде. Од изнутриците, најдобра варијанта е. Мозок, кукурек и бубрези не може секој да јаде. У пар кафани по Скопјево сме праеле некои експерименти со друштвово...it's complicated.
Пачата....едноставно не можам да го разберам тоа јадење и не ми иде.
За сосот мислам дека нема врска дали Скопје или Њу Јорк туку тоа све зависи од куварот.
Викаш џигер храна за сиромашни.
Епа така викаше дедо ми покојниот за пилешкото, ама те го сега...најпродавано месо.

Нормално дека мора магдонос и лук за да го заоштри вкусот.
Кукурек, многумина незнаат што е тоа, а треба да биде национална храна.
Јако, прејако.

Пачата како јадење од секогаш сум го презирал, ама прв пат пробав пред 3 години и искрено да ти кажам, ако пачата е квалитетна, знае да биде многу вкусна.
Јебига, можеби за многу луѓе овие работи се незамисливи да ги видат а не па да пробаат, ама јас сум тотално спротивен и спремен сум да пробам секаква храна освен печено куче или змија.
