Soul KItchen кога го отворија на почеток беше ок, имаа добар бургер тој Soul Kitchen Burger (сега околу 300ки, тогаш им беше 180 овој, а обичниот 130 ако добро памтам) и имав седнувано повеќе пати, арно ама почнаа да стануваат тешки идиоти и келнерите, а и со цените.
Келнерите еднаш ми се накурчија лани, имам и јас картица за попуст таму и ми иди на маса, вика ликов смената ми завршува ќе мора да ви ја затворам сметката, картица или кеш? Му кажуваме кеш и да ни направи попуст му кажуваме еве ти картица, се враќа по 5 минути вика ејјј јас ве заборавив за картицата, без попуст ви ја чукнав...батка 10% на сметка од 2000ки се 200 денари, ај ок што си не заборавил, ама и јас ќе те заборавам за бакшиш.
Ситуација 2 летово, одиме таму, седнуваме, 20тина минути ни арно ни лошо, келнерите си шетаат наваму натаму и никој не доаѓа ни мени да ни донеси, кревам раце, мавтам за џабе. Ти носи мени, доаѓа по 2 минути ај нарачајте и дајте ми го менито назад за на друга маса
Цените ги начукаа максимално, услугата им е катастрофа (како и во поголемиот дел од останатите локали на кеј), али немаат мака, имаат добра локација, бааги странци кои им оставаат добри пари и ќе функционираат без проблем.