Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Да не беше да споделиш искуство ?

Не сум бил уште, не ме однел патот натака. Дечково што е газда го знам од град, а појма немав дека е негово. Ако на некој му текнува го работеше кратко она пабчено што беше бившо Змија у Дебар Маало од другиот ќош на Кино Карпош. Незнам искрено што да очекувам, вака на слика делува ок.
 
Идам често во Форца, добри им се јадењата, виното е ефтино (во споредба со други места), но све заедно скапо е. Али ипак, заради јадењата идам.
Од повеќе идења, за жал се приметува неконстантност во квалитетот на услугата и јадењата. Што за таа цена, не би требало да се дозволи.

Оноа рибјото, новото, од погоре, ОК е, али скупо е за тоа што го нудат.
Коа купувам сендвич, таков скуп, сакам да биде компактен. Не ми е битно што повеќе да има унутра, а да се распаѓа на сите страни.


Ајмо куртони у темата за политика, ова ви е прилика, Бијонс, владе и компанија - "Се жалиш против Груевски, а купуваш скапа храна" и сл.
 
Топло го препорачувам Soul Kitchen Bar во ГТЦ (кеј ) .Услуживост и пријатна атмосвера на високо ниво, храна разновидна со пристојни цени.
 
Дечки има некој идено во Антигона во Македонско Село? Вака според веб страната делува интересно ама не знам каква е услугата, храна а и цените?
 
пред 10ина дена бев во Квин-Љубанци,
препорачувам да пробате :Ребро во фурна или тамошна риба.
(дали работи сега,тоа беше ден-два пред лошите вести)
 
Препор'чајте ми молја ви, доб'р ресторант за СКАРА в Скопие. Босненски или македонски. Благодарја предварително!
 
Да не бил некој во скоро отворениот ресторант МАЏО 2.0 што е во склоп на хотел парк - Дебар маало?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom