- Член од
- 7 декември 2019
- Мислења
- 8.444
- Поени од реакции
- 16.939
- Возраст
- 67
Работев во тој арапски свет и имам пробано нешто.Нормално дека либанска и воопшто блискоисточната/арапска кујна ќе ни бидат блиски кога со векови сме биле под иста империја и таа храна има огромно влијание врз нашето денешно секојдневие. Башка еден куп работи, вклучувајќи и јадењата кои ние ги нарекуваме турски, не се всушност турски, што е нормално бидејќи Турците оригинално се племе дојдено на овие простори од кај Монголија, туку се јадења кои доаѓаат од различни делови на империјата кои биле освоени, па од името на империјата останале познати како турски. Последното што го читав е за турското кафе, кое оригинално потекнувало од Арапски Полуостров/Катар, а и јадењата од тие кујни се ослонуваат пред се на јагнешко месо, кое е врвно месо.
Не се согласувам дека нема промена во последните години во навиките во исхраната кај нас. Полека се научивме како генерација дека јагнешко, но и говедско/јунешко/телешко месо се супериорни меса по вкус во однос на свинското и пилешкото од кои се состоеше претежно исхраната со месо на постарите генерации. Реткост е од претходни генерации некој да пробал оригинал бифтек, денес е нормална дискусија за кој вид и како испечен е најдобар стекот кај бар пола жители на Скопје.
Србите се поиновативни, но имале и негативно влијание врз нас на пример со онаа смешна "Док не пробам лава, мени је свиња краљ животиња". Глорификација на свинско месо во однос на другите меса е смешна работа, а кај нив беше топ-премиум месо до пред некое време, сега некако приметувам дека и они полека ја менуваат плочата и во Белград се повеќе се насочуваат кон погоре спомнатите меса кои имаат поисточно влијание.
Е не варени овчи глави, ама нивното гиро, ражнич од џигер, кус кус...
Единствено ми сметаше што кога ќе ти донесат нешто со пиво, тоа е обично таратор или таков вид салата која ние ја јадеме со ракија.