Ресторани - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Iris
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека либанска и воопшто блискоисточната/арапска кујна ќе ни бидат блиски кога со векови сме биле под иста империја и таа храна има огромно влијание врз нашето денешно секојдневие. Башка еден куп работи, вклучувајќи и јадењата кои ние ги нарекуваме турски, не се всушност турски, што е нормално бидејќи Турците оригинално се племе дојдено на овие простори од кај Монголија, туку се јадења кои доаѓаат од различни делови на империјата кои биле освоени, па од името на империјата останале познати како турски. Последното што го читав е за турското кафе, кое оригинално потекнувало од Арапски Полуостров/Катар, а и јадењата од тие кујни се ослонуваат пред се на јагнешко месо, кое е врвно месо.
Не се согласувам дека нема промена во последните години во навиките во исхраната кај нас. Полека се научивме како генерација дека јагнешко, но и говедско/јунешко/телешко месо се супериорни меса по вкус во однос на свинското и пилешкото од кои се состоеше претежно исхраната со месо на постарите генерации. Реткост е од претходни генерации некој да пробал оригинал бифтек, денес е нормална дискусија за кој вид и како испечен е најдобар стекот кај бар пола жители на Скопје.
Србите се поиновативни, но имале и негативно влијание врз нас на пример со онаа смешна "Док не пробам лава, мени је свиња краљ животиња". Глорификација на свинско месо во однос на другите меса е смешна работа, а кај нив беше топ-премиум месо до пред некое време, сега некако приметувам дека и они полека ја менуваат плочата и во Белград се повеќе се насочуваат кон погоре спомнатите меса кои имаат поисточно влијание.
Работев во тој арапски свет и имам пробано нешто.
Е не варени овчи глави, ама нивното гиро, ражнич од џигер, кус кус...
Единствено ми сметаше што кога ќе ти донесат нешто со пиво, тоа е обично таратор или таков вид салата која ние ја јадеме со ракија.
 
Ги пробал некои јорданскиве шаварми и сендвичи од Snak или хачапурито од Melty? Ми фаќаат око подолго време.

За една недела ќе може и некои малтешки пецива да се пробаат во Mamma’s sugar.
Јас јадев chicken shawarma од Snak и беше доста вкусна, инаку прв пат пробувам такво нешто и не сум релеванто мерило за таа храна.

Вработените се многу океј, пријатни, услужливи, позитивни и бидејќи ми беше прв пат да купувам од таму, си добив и гратис помфрит.
 
Добро инвестираш пари во ентериер, можда и во мени незнам не сум бил/јадел, ама да служиш пиво во лименка бе? Зборам за Блис Азија азиска кујна во хотелон бившо Технометал дирекција на ул. Македонија. Зашто бе нема едно нешто од почеток до крај да биде како треба?
 
20% во Скопје зимаат плата над 60000 ден. и тешко дека со таа плата редовно според сегашниот стандард ќе си дозволуваш бифтеци. а и самиот факт што во град од речиси милион жители на прсти можеш да ги наброиш "по ексклузивните" ресторани кажува за потрошувачката моќ на скопјани.
Ако во Скопје не е можно, во другиве места за поразлична понуда уште потешко.Кај нас отворија некој Азербејџански фаст фуд, не поминаа 3 месеци ставена е налепница колективен одмор (од месец и нешто).Инаку вработените беа најверојатно Турци од некој подалечен дел.Дури да помислиш и дека е покритие за некакви други бизниси зошто уште 10 такви најмалце имаше отвори затвори во меѓувреме.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom