Решение за пушачите е новата дигитална цигара

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Најновит изум има вкус на тутун, но не штети на здравјето и околината. Затоа сега зависниците ќе може да уживаат во испуштањето на димот без опасност од некакво заболување.

Дигиталната цигара Crown7 изгледа исто како и обичната цигара. Меѓутоа, во себе содржи батерија на полнење во која се наоѓа вода, никотин, облиен со гликол и вкус на вистински тутун. Со оваа цигара зависниците може да ја добијат потребната доза на никотин без штетните хемикалии, токсини и отрови кои предизвикуваат рак во организмот.

Crown7 може да се купи во облик на обична цигара, пура или луле. Цената и е околу 40-тина евра. Меѓутоа, засега ова дигитално чудо единствено е достапно на кинескиот и американскиот пазар.

Со оваа цигара пушачите конечно ќе може да уживаат во потребната доза никотин кој нема да ја загадува околината бидејќи испушта само безопасна пареа, облеката веќе нема да има непријатен мирис и луѓето нема да може да се лутат бидејќи Crown7 не штети на никому.

resenie-za-pusaci-digit-01.jpg



resenie-za-pusaci-digit-02.jpg
 
Значи нема веќе да држи место онаа старата изрека... кај што има чад има и оган?

А колку време трае оваа чудесна цигара? ...само батерии менуваш или мора да му туриш и никотин?

Видов нешто слично "пушеше" еден постар човек.... па повлеков неколку "дима" (од мерак) ама не беше ниту приближно слично на цигарата што јас ја пушам.

Лично јас тешко дека би сменал на нешто до толку дигитално иако сум доста модерно настроен дечко :wink:
 
Па сигурно ќе се купуваат некои патрони по мое мислење, но сепак дилемава кај мене е дека тутунската индустрија ќе крене револуција против ова чудо
 
Овој изум е вистинско решение за оние кои се страсни пушачи на цигари. Вака барем нема да си го уништуваат организмот т.е. белите дробови.
Иако мислам дека треба да помине доста време додека ова чудо да стигне во нашава Македонија, а и ако цената остане таа 40 евра за една цигара, ќе биде превисока за македонските стандарди.
 
Нема ништо од ова да биде. Цигара си е цигара.

Знаете измислија и вибратори и оние кукли за секс и како беа они вештачки вагини, ама не е исто задоволството. Поточно не е ни 1% од задовослтвото затоа мислам дека нема ништо од ова да биде.
 
Нема гајле тутунската индустрија.... не и треба никаква револуција.... ете баш во овој момент си палам цигара а на предната страна од кутијата со огромни букви е испишано: "Smoking seriously harms you and others around you".... а мене ми е толку убаво вака уз кафе :toe:

Човек генетски е кодиран да се плаши од промени.... а од обичен чад префрлување на дигитален чад е доста голем "чекор".
 
дигиталкава тешко да ќе постигне некој успех,бог знае само што глупост е ова
цигарче си е цигарче
али ептен ме копка што чудо е и баш би сакал да пробам :)
 
дигиталкава тешко да ќе постигне некој успех,бог знае само што глупост е ова
цигарче си е цигарче
али ептен ме копка што чудо е и баш би сакал да пробам :)



Што има тука за чудење?
Испушта никотин, дури и подобро без токсини и отрови, чади, и се купува еднаш.....
 
За овој изум да биде достојна замена за цигарите треба да содржи истото што и тие,само во малце помала доза,така да...а биле цигари,а бил ваков некој изум-сеедно...:toe:
А чим има само една состојка од цигарите,на оние што се страсни пушачи нема да им причинува сатисфакција да ги пушат...Како што на мало дете не би му причинувало ако му дадеш некоја гумена имитација на лижавче.:)
 
Не ни треба ваква цигара, да ви се пофалам денеска е точно еден месец откако немам ставено цигара во рака, а пушев цели 6 години
 
Не ни треба ваква цигара, да ви се пофалам денеска е точно еден месец откако немам ставено цигара во рака, а пушев цели 6 години
Ма мене и тоа како ќе ми треба ако е ефикасна колку што викаат дека е..... После година и пол , денес ми е прв ден а да неам запалено , зш нели решив да се откажувам, а веќе умирам..... Имам некое чуство ко нешто да ми фали во мене :( Сакам да отидам до продавница и да си купам кутија и тоа како мерачки ќе си ја испушам ....
 
Цигарата е цигара ... пушам веќе добри 4 години интензивно за да знам дека од цигара до цигара има разлика а тек од нешто што наводно треба да ми даде некоја дигитална „сатисфакција“.
Можеби ќе биде добро т.е. интересно првите неколку денови, но потоа повторно ќе си се вратиме на добрите стари цигари кои знаеле така добро да не релаксираат.
Димот е дим само кога е вистински, исто и цигарата, добра е само кога е вистинска.
 
Очигледно ваква работа тешко дека ќе прифатиме кај нас:)
Тешко дека би ги замениле цигарите со дигиталкава.
Тргнувам од себе.
 
Не ми е до крај јасен производов. Има пепел? Колку чини батеријата?
Мислам дека е одлична за долги состаноци, патување со авион, и останати забранети зони.
Ја би.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom