Решавање стручни задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата HCL
  • Време на започнување Време на започнување
Иако видов дека веќе има теми за решавање на математичко/логички задачи, сепак се решив да ја отворам темава поради фактот дека прашањата на тие теми не се од категорија на прашањето кое јас сакам да го поставам. Мислам дека добро би било да се има тема во која ќе се решаваат стручни задачи (пример испитни од факултети) од било која струка.

Еве ја мојата прва задача на која се надевам дека некој ќе знае како да ја реши, од областа "матрици":

Користејќи ја теоремата на Кронекер - Капели да се дискутира решението на системот во зависност од параметарот m. За оние вредности на m за кои системот има решение, да се определи тоа решение.

x1 - 6x2 - 9x3 - 20x4 = -11
3x1 + 2x2 + 5x3 + 4x4 = 3
2x1 + 3x2 + 6x3 + 8x4 = 5
4x1 + x2 + 4x3 + mx4 = 2

Ме интересира како да се почне, бидејќи неможам да и најдам "цака" на задачава, дали да вршам елементарни трансформации со редици или колони?

ПС: Пред целата задача треба да стои "{" .

некој ќе полага Линеарни Трансформации кај Боро :pos::pos: у среда:vozbud::vozbud:и не знам што е толку сложена задачава ќе ја решам и до вечер или најкасно утре ќе го имаш решението
 
Супер тема :). Мене ми треба мала помош :)

Еве ја задачата:

912761Untitled.jpg

Значи превод: Скицирај ја кривата која се вика Descartesov лист. Дадена е параметарски со равенките...

Ми треба помош само за скицирањето. Јас го добивам „кривиот“ дел од (-Infinity, Infinity) до втората точка (0,0). Значи цел I квадрант, и дел од II квадрант. Не знам како се добива IV квадрант и „правата“ линија. Ако знае некој го молам за постапка (можи и скратена ќе си се снајдам :) ).
 
некој ќе полага Линеарни Трансформации кај Боро :pos::pos: у среда:vozbud::vozbud:и не знам што е толку сложена задачава ќе ја решам и до вечер или најкасно утре ќе го имаш решението

Не се брзај, до среда во 12:00 часот имаш фора. :pos:
 
а што е финтата со задачава оваа ќе падне или .... ???
 
Конечно ја најдов темава.

Имам една “математичка дилема“, претпоставувам може тука да прашам.

Како се пресметува делтата во една задача?

Значи, имам две вредности на цени: x=10 и x=5, и се бараx

Дали треба да одземам поголема вредност минус помала или прва вредност минус втора вредност (во зависност од тоа по кој редослед се наредени)?

Колку шо знам јас, делта значит промена (на брзина, пат, време...) и мислам дека секогаш е разлика од втората и првата вредност. во Твојот случај ќе биде х2-х1=5-10=-5, што значи дека цената е НАМАЛЕНА (заради минусот) за 5. Моето мислење е вака.
 
да да така е x2-x1 ти е делта
 
Да ве прашам дали некој може да ми објасни што е тоа валидна и невалидна дедукција и што е тоа Дедуктивно заклучување фала однапред
 
Кронекер-Капели и Хамилтон-Кели.....Математика 3 матрици.....бреее:)
 
јас оффтопик да прашам
Кај ги учите бе овие чуда од задачи?
Мора да е темно таму кај шо решавате вакви задачи.:pos2:
 
јас оффтопик да прашам
Кај ги учите бе овие чуда од задачи?
Мора да е темно таму кај шо решавате вакви задачи.:pos2:
Електро, пмф, машински... Иначе јас сум уште средно
 
јас оффтопик да прашам
Кај ги учите бе овие чуда од задачи?
Мора да е темно таму кај шо решавате вакви задачи.:pos2:

Temno e ali od vreme na vreme gledas edna svetla tocka na kraj na tunelot...i sfakas deka e samo iluzija.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom