Религија - вера = ?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Во постовиве цело време читам најразлични објаснувања за и против верувањето во бог но тоа што ми е најинтересно е дека секоја одбрана за постоењето на бог се сведува на само една единствена работа, а тоа е вербата. Мене ме интересира што ќе се случи кога вербата ќе ја извадиме од равенката, што е тоа што ќе остане со религијата и дали воопшто ќе може да се најде еден доказ за сите тие тврдења без да се употреби зборот верба?
 
Сакаш да кажеш дека против има докази?
 
Сакаш да кажеш дека против има докази?

Сакам да кажам дека ако се земе верата како нелегитимен доказ(што и е ) нема да остане многу од целата религија.
А да за против има многу докази.
 
Како прво каде виде вербата да се зема како доказ не те разбирам како можеш да ја докажеш вербата?
Тоа е лично искуство, чувство.
Ај кажи некој доказ од тие многу што ги има.
 
Дур не се докаже дека постои, непостои.
 
Како прво каде виде вербата да се зема како доказ не те разбирам како можеш да ја докажеш вербата?
Тоа е лично искуство, чувство.
Ај кажи некој доказ од тие многу што ги има.

Тоа што е баш лично искуство е тао што докажува дека вербата не може да се земе како доказ.

Пример Адам и Ева спроти Еволуцијата како две различни гледишта за настанокот на светот.
 
Ај ќе ти објаснам едноставно.
Пред испит се убиваш од учење и се знаеш и ти веруваш дека ќе положиш со 10ка, кажи ми како ќе ја докажеш својата верба?
 
Со моето учење. Но сепак и да се отепаш од учење не значи дека ќе добиеш 10ка.
 
Со ништо неможеш да го докажеш своето верување.

Тоа ти е уствари веба да веруваш во нешто без доказ. И јас не велам дека е тоа лоша работа но сепак мора да се има некаква поткрепа за работите во кои веруваш. Во примерот погоре моето учење е факт и за тоа имам верба.
Кои се фактите кои се доказите кои ги имаат религиите врз кои бараат луѓето да имаат верба во нив?
 
Тоа ти е уствари веба да веруваш во нешто без доказ.

ако има материјален доказ, верувам дека за таков доказ збориш :), тогаш нема да треба вера воопшто, затоа што постоењето на Бог би било факт.
 
Тоа ти е уствари веба да веруваш во нешто без доказ. И јас не велам дека е тоа лоша работа но сепак мора да се има некаква поткрепа за работите во кои веруваш. Во примерот погоре моето учење е факт и за тоа имам верба.
Кои се фактите кои се доказите кои ги имаат религиите врз кои бараат луѓето да имаат верба во нив?

Доказот за сите е релативен.
Разликата помеѓу нас атеистите и верниците, е што ние не глеаме потреба за верување во нешто што не постои, а тие гледаат..
 
Па ти веруваш на многу работи што не ги гледаш дека постојат.
Ај кажи ми каков доказ би те убедил дека постои Господ?
 
Доказот за сите е релативен.
Разликата помеѓу нас атеистите и верниците, е што ние не глеаме потреба за верување во нешто што не постои, а тие гледаат..

Доказите најчесто се изведуваат од претходно дефинирани факти најчесто научно докажани. Многу мал број од науните докази се релативн. Но и покрај тоа ме интересира дали воопшто има некои докази без разлика колку и да се апсурдни (само да не бидат од типот имаш вера и лично искуство и прослетување и тоа ти е доказ).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom