Епа незнам колку си информирам ама од годинава се воведе во школите веронаука....значи се прифака тоа и се учи...верата те прави подобар човек,не мајмун....како шо реков....на надгробната плоча на Дарвин пишувало дека ја негира целата негова теорија за еволуцијата....а па за тоа вонземјани е целосно странје
Не сум информиран за воведувањето на веронауката, можеби пошто сеуште не е воведена кај нас, ама не е важно.
Инаку, како би постапиле мнозинството свесни луѓе кога одејќи пред нив ќе се најде една повраќаница на патот. ?
Или ќе ја заобиколат, или ќе шлапнат и ќе продолжат директно низ неа.
Шо значи претходно имаат право на избор.
Ете ти метафора за веронауката во образованието, пошто и да биде официјално воведена насекаде, ќе биде само изборен предмет.
А, колку и изгледа глупо и бесмислено да верувам дека сум продукт на еден мајмунски еволуционизам, се помирувам со тоа и комплетно го прифаќам, пошто тука се научните факти од страна на антрополозите, генетичарите и сите оние кои се етаблирани во науката, а секојдневно истражуваат и експериментираат.
Нивните факти се базираат на долгогодишно и процедурално испитување кое се верифицира со асистенција на експериментите.
Знаеш шо вика Карл Саган:
Не сакам да верувам, сакам да знам
Што значи, поверодостојно ми е да верувам дека сум еволутивна консеквенца на мајмун, отколку креација на некој тип од кал или од образ сеедно.
А, да, тоа шо на гробот ја негирал неговата теорија може да биде од милион причини.
Пред се, земи го во предвид психичкото нарушување како причина.
Пошто, неговата теорија е утврдена, или пак во најмала рака, се смета за најегзактна и најприближно точна од сите останати теории.
А, заклучокот е базиран од научна перспектива.
Воопшто не мислам дека боговите се имагинарно креирани туку напротив на почетокот биле и те како реални појави на кои со тек на времето им се придадени и некои други особини.
Во целиот Стар Завет има конкретни појави и дејства кои не личи дека се само плод на имагинација на авторите.
Природните појави биле видливи и неимагинарни, а врз база на нивното дејствување, се појавува и имагинарната креација на Боговите.
А, ти ако веруваш на записи од пред милиони години, не знам каде ќе ти биде крајот.
Откаде имаш ти докази дека авторите ја пишувале вистината ?