Грешка, сеа така размислуваш.
Како мал си бил добро воспитуван, т.е дел од религијата.. божјите закони, не кради не лажи бла бла и затоа си испаднат нормален.
Религијата е секојдневие.
Друго е да велиш Господ не постои тој не е наш креатор.. и такви ствари.
Научно е докажано.
Но неможеш да ја негираш религијата, т.е си го негираш твоето воспитување.
Имаш некоја свест во себе и затоа не палиш цркви и убиваш и етц..
Тоа ти е во глава од мал ставено. Значи религијата е некако како наша потсвест.
Што е научно докажано бе? Дека универзумот настанал со Биг Бенгот ли? Епа ајде да пробам да ти одговорам. Значи после Биг Бенгот се создало се, а со тоа и нашата мала планетичка Земја. Според претпоставките таа е стара неколку милијарди години, но сето тоа е лага. Еден од најпопуларните методи за определување на староста на земјата е радиоактивниот метод. Голем број карпи во себе содржат радиоактивни атоми, кои (експоненцијално од времето) се распаѓаат и притоа испуштаат полесни честички и се претвораат во друг вид атоми. Пр. Ураниум = Хелиум + Олово. Тука ураниумот се нарекува родител, а оловото продукт. Така стручњаците според времето на полураспаѓање на ураниумот во карпите ја процениле нивната старост на околу 5 милијарди години.
Притоа, направени се неколку неверојатни претпоставки. Ќе наведам три:
1. На почетокот испитувана карпа го содржела само елементот-родител, а не и елементот-продукт. Тоа е храбра претпоставка, бидејќи и двата ги има насекаде низ земјината кора.
2. Брзината на радиоактивното распаѓање била таква каква што е сега. Но таа зависи од магнетното поле на Земјата, кое опаѓа со полупериод од 1400 години. Значи порано било појако, па и брзината на радиоактивното распаѓање била поголема; токму затоа се добиваат поголеми резултати за староста на карпите, од вистинските.
3. Немало ни одлевање, ни дотур на елементите родител и продукт. Движењето на водите низ карпите е еден сигурен фактор (а има и други) кој извршува миграција на материјалите од едно место на друго.
Во својата книга "Побивање на еволуцијата" (Refuting Evolution, Answers in Genesis, 1999, Australia), авторот Џонатан Сарфати (доктор по физичка хемија), набројува неколку пронајдоци кои упатуваат до заклучокот дека Земјата, особено животот на неа, се многу помлади отколку што тоа го тврдат еволуционистите. Всушност, вели Сарфати, 90% од методите кои се користат за утврдување на староста на Земјата покажуваат многу помала старост на Земјата од староста што ја пропагираат еволуционистите и геолозите.
Стапката (брзината) на таложење на некои минерали на дното на океаните е исто така една научна метода за определување на староста на Земјата. Меѓутоа, се добиваат драстично различни резултати, зависно од тоа кој елемент се зема за мерење. На пример, ако се мери според акумулацијата на натриумот, се добива старост на Земјата од 260 милиони години. Ако, пак, се смета според акумулацијата на никелот, тогаш се добива старост од само 8000 години; според силициумот, 9000 години, итн. Треба ли да кажеме дека еволуционистите ја истакнуваат само староста определена според натриумот, а ги премолчуваат резултатите според никелот и силициумот!?
Брзината на таложење метеорска прашина исто така се користи за определување на староста, не само на Земјата, туку и на Месечината и на другите планети. Сегашната стапка на таложење на космичка (метеорска) прашина врз Земјата се проценува на околу 14 милиони тони годишно. Кога Земјата би била толку стара колку што тврдат еволуционистите/ геолозите, само слојот од никел и железо од метеорската прашина врз Земјата би требало да биде дебел околу 16 метри! А во реалност ги има само толку колку што би се натрупало за 8000 години.
Со спуштањето на Месечината, научниците беа уверени дека слојот од прашина на површината на Месечината е многу дебел, бидејќи се сметало дека Месечината е уште постара од Земјата. Меѓутоа, беа изненадени од неколкуте центиметри прашина, што, според нивните сопствени методи, би укажувало дека Месечината воопшто не е толку стара колку што тие сметаат!
Во некои нефосилизирани коски од диносаурси пронајдени се црвени крвни зрнца и хемоглобин. Тие не можеле да бидат зачувани, ако се стари 65 милиони години, кога, наводно, исчезнале диносаурсите. Зклучокот е дека се стари само неколку илјади години.
Магнетното поле на Земјата слабее толку бргу, што упатува на заклучокот дека не можело да постои подолго од 10.000 години. Имено, истражувањата на Томас Барнс (Thomas Barnes) покажуваат дека магнетното поле на Земјата опаѓа со брзина која соодветствува на полупериод од 1400 години. Тоа би значело дека магнетното поле на Земјата пред 1400 години било двапати посилно од денешното. Со таквото откритие се покажало дека со екстраполација на 10.000 години наназад, магнетното поле на Земјата тогаш би било толку силно, како да е Земјата магнетна ѕвезда, што е невозможно. Значи, староста од 10.000 години на Земјата би била горната граница! Енергетското поле на Земјата опаѓа уште побрзо!
Хелиумот надоаѓа во атмосферата како резултат на радиоактивните распаѓања, а не ја напушта атмосферата во значителни количини. Па сепак, присуството на хелиум во атмосферата на Земјата е барем 2000 пати помало од она што би се очкувало, кога Земјата би била стара со милијарда години. Всушност, се уште има хелиум во карпите, што значи дека не минало многу време од нивното создавање, зашто до сега сиот хелиум би излегол од таму. Згора на тоа, некои понови истражувања наведуваат на заклучокот дека хелиумот ни доаѓа и од Сончевата корона! Пресметките покажуваат дека количеството на хелиум во нашата атмосфера одговара на 10.000 години "производство" преку алфа распаѓање.
Месечината постепено се одалечува од Земјата, по 4 центиметри годишно. Дури и да била слеана со Земјата, за нејзината сегашна одалеченост би биле доволни околу 1,3 милијарди години (што никако не значи дека е толку стара, а камоли 30 милијарди години!). Згора на тоа, анализата на староста на камче земено од Месечината покажува уште помала старост на Месечината.
Количеството акумулирана сол во океаните покажува дека тој процес се одвива едвај неколку илјади години, а никако милијарда години, инаку би имало многу повеќе сол во морињата и океаните.
Се разбира има уште многу други докази, но за тоа постојат специјализирани книги. Иако мораме да признаеме дека со постоечките научни методи не можеме со сигурност да ја утврдиме староста на Земјата и животот на неа, сепак, за разлика од еволуционистите, кои мораат да го признаат истото, ние укажуваме дека има резултати од еднакво валидни научни техники кои упатуваат на заклучокот дека Земјата и животот на неа потекнуваат од пред неколку илјади години, а не од пред милијарди или милиони години. Затоа, ненаучно и нечесно е на јавноста да и се презентираат само селектирани резултати кои им одат во прилог на еволуционистите. Доколку повеќе, станува се појасно дека токму таквите методи и техники кои додаваат резултати за голема старост на Земјата, се сериозно погрешни.
Една добра книга на оваа тема е "The Mytology of Modern Dating Methods" (El Cajon, CA: Institute for Creation Research, 1999) од авторот John Woodmorappe.
Заклучок:
Различни научни методи даваат различни старости на Земјата. Честопати еден ист метод дава различна старост на еден ист примерок. Политиката во науката и селектирањето на резултатите е познат порок кој постои од зачетоците на науката, па се до денес. Денес ова се прави како никогаш порано! Затоа само ЕДЕН може да знае кога настанала Земјата. А кој би можел да знае подобро од нејзиниот Творец нели?
Сепак Бог експлицитно не кажал кога е создадена Земјата (тоа е надвор од суштинската цел за која Библијата му е дадена на човекот), но имплицитно може да се дадат некои одговори, ама и тој одговор е голем. Можеби друг пат, во некоја друга прилика.
П.С. Ова не е мое што е објаснувањето, зошто ме мрзеше да пишам, но сепак е научно објаснување.
Овој пат ќе замижам на навредата и ќе премолчам, бидејќи гледам дека се обидувам да влезам во дијалог со личност која можеби е „нафурана“ на цел свет, па сега си наоѓа протечен вентил низ негирање на религијата. Друг пат ќе те молам да не навредуваш, бидејќи иако сум „слеп како лилјак“ знам да навредувам и јас, само што кодексот на добро однесување кое ми го налага мојата Религија (намерно со големо Р), и со кој ме прави подобар човек, не ми го дозволува тоа.
Верувај (а и не мораш, пошто изгледа имаш некоја бариера, па не сакаш да прифатиш туѓи мислења) дека сум проучувал многу историја. 25% од моите студии зафаќаат историја на уметност и архитектура, две работи непосредно поврзани со религијата, почнувајќи од праисторија до денес. Го знам влијанието на религијата, а и на тој папата (шо си се стегнал толку во него). Дискусиите на википедија не ги сметам за ништо порелевантни одколку моето знаење.
Да, јас сум тежок верник. Верувам, и си имам свој начин на интерпретирање на мојата Религија. И ако мислеше дека констатацијата „ти си тежок верник“ ќе ме навреди, можам само да ти кажам дека постигна сосема спротивен ефект.
Остави го ти него. Тој ти е голем атеиста, а незнае ни "Н" од наука. Не е дека си атеист, туку ти си само лут на светот и сега секој ти пречи.
Како што кажав на крајот од мојот пост. Нејкам да дојдам во расправии со верници ама сепак морав. Да не почнувам со тоа што си фан на Матрих филмовите а посебно твојот омилен лик како што гледам НЕО. Да не прашувам колку многу се споменува религија во Матрих.
Сакав само да пренесам порака за вистината и она што се случува околу нас.
By the way I'm big fan of the matrix trilogy.
Абе јас сум голем Матрикс фан, но Матрикс ти е религиска трилогија. Мило ми е што си и ти Матрикс фан, но изгледа го гледаш филмот од акциска, а не од религиска точка.