Експертите со порака Македонија да ја тужи Грција
Според едни професори Грција ја прекршила Времената спогодба, а други се подиректни дека Грција изврши агресија, а ние треба добро да се одбраниме
Македонија треба да ја тужи Грција пред Меѓунардониот суд во Хаг за меѓудржавни спорови. Грција ја прекрши Времената спогодба, каде Грција потпиша дека нема да го спречи членството на Македонија во евроатланските интеграции или меѓународните институции поради спорот со името, изјави за „Кирилица” професорката по политички систем Рената Десковска.
На прашањето дали ќе се дестабилизира безбедносната состојба на Македонија. Професорката објасни дека не верува дека ќе има дестабилизација на земјата, но дека НАТО за Македонија беше добар стимул и гаранција за стремење на позитивни промени во земјата
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3458
Нема тука препорачување друже
Има судски решенија
На револтираните им се приклучи и Борис Трајанов, културниот амабасадор на ООН.
- Крајно време е да почнеме на светот да му ја кажуваме вистината како ни ја украдоа земјата во 1912 година и како ги протераа Македонците од егејскиот дел - рече Трајанов.
Трајанов ги повика политичките партии во Македонија да не го користат овој момент за сопствен маркетинг. Според него, сега треба да се обединиме и ориентираме на средување на земјата однатре, а македонскиот врв да ги прекине сите преговори со Грција и да побара склучување на билатерален договор за воена соработка со Америка.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3490
Да ја дадеме Грција на меѓународен суд
Само се понижуваме и се посипуваме со пепел, нанесувајќи си дополнителна штета, а полза од тоа нема да имаме ако гледаме дека грчката страна не сака до се дојде до решение - вели Поповска
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3581
Решението за името е во ОН или во Хаг
Бидејки компромис не е можен, ја повикуваме Владата решението за името да го бара преку Советот на безбедност на ОН или преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, порачува Македонската алијанса
Македонската алијанса се придружува кон протестите на целиот македонски народ и неговите пријатели за кусогледото решение на НАТО со што потклекна пред грчкото вето и да го одложи во недоглед приемот на Македонија.
Во соопштението на алијансата се вели дека „со ова решение НАТО, практично, ни порачува дека приемот треба да го бараме во Атина, а не во Брисел.
Македонската алијанса повторува дека на сите треба да ни е јасно дека единствениот компромис што Грција би го прифатила е промена на нашиот идентитет и според тоа сите преговори се залудни бидејки нашиот идентитет е поважен од се друго.
На нашите пријатели во НАТО и ЕУ треба постојано да им се укажува дека промена на идентитетот не е можна и затоа преговорите не водат никаде.
Бидејки компромис не е можен, ја повикуваме Владата решението за името да го бара преку Советот на безбедност на ОН или преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, се вели во соопштението на Македонската алијанса.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3661
Македонија треба да реагира за името во ОН
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92387