Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Овде пишува имаме 4700 професионални војници. Од написите што ги читам, не знам колку држат аргументите за заштеда оти ако потребите од аматери претпоставиме дека се напамет 2000, колку би се заштедило на чинење на војник. Сума сумарум во старт заштедата за 2000 лица нека е 7 милиони евра. А дали се потребни 2000 војници за стражарски места, возење и курири е прашање. Не сме Америка за да имаме 500 воени објекти.
Од друга страна колку пари би се дале на дополнителни работни часови, теренски активности за офицерите, камионите, муницијата...за обука на младите регрути е прашање. Заштедата мислам дека и не е голема према она каде оди најголем дел од буџетот за одбрана, ако добро сфатив, во министерството.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112311841298&id=9&setIzdanie=22438
Меѓутоа, експертите објаснуваат дека сепак малку од парите што ги доби АРМ за 2012 година ќе се потрошат за нова и модерна воена опрема и обука.
Од вкупно 100 милиони евра, колку што доби одбраната, дури 85,6 милиони ќе се потрошат на оперативни расходи за вработените во Министерството. Што значи дека во најголем дел вишокот пари наредната година, за разлика од годинава што изминува, ќе се трошат за плати, придонеси и други надоместоци, административни трошоци за струја, вода, парно, за гориво и за поправка на службените возила и така натаму.
А за парите и МО, нешто одамна има пишано во Глобус.
http://www.globusmagazin.com.mk/default.asp?ItemID=5386678A49991F48BCA28742812A2009
Значи стегање на ременот и контрола на тендерите и расходите, а не регрутирање млади лица бесплатно. Впрочем зашто да не им се дадат дневници како на професионалните за исто работно место, стражари? Ако сме капитализам, нека сме капитализам затоа што дома некому се потребни пари исто како и на проф. војници. Никој не е виновен, посебно младите невработени што БДП ни е многу мал.

Тоа го мислам за финансиите, дека не е воопшто некоја причина. Инаку мислам дека е во ред за делот што генералот го споменува за обучен резервен состав.
 
@ Lurtz
И мене не ми се допаѓа тврдењето дека војниците ќе се користеле за стража, шофери и курири, затоа што тоа било поефтино. Тоа не е поефтино, а и да е никаков смисол нема нашите деца да чуваат и возат.
Формирање на граѓанска армија, составена од граѓани, со цел да ја бранат правната држава е едиствен смисол на регрутација по годишта.
А ако некој сака да го возат и чуваат нека си плати возачи и чувари
Добар пример е војската на Швајцарија, каде само 5% од војската се активни и професионални офицери и војници остатокот се машки граѓани на возраст од 19 до 35 години.
Секој Швајцарец постар од 18 години е должен да помине воена обука во траење од 18 до 21 недели. Жените немаат таква обврска, но можат и тие да се приклучат.
Секој војник со завршена обука ја држи опремата и оружјето дома. Годишно се обучуваат 20 илјади регрути
Швајцарската армија има околу 140 илјади војници во активниот состав и 77 илјади во резервниот состав.
Издржувањето на Армијата ја чини Швајцарија 3,9 милијарди франци.
http://en.wikipedia.org/wiki/Military_of_Switzerland
 
кој тоа си игра економија ?! бројот на професионални војници НЕМА да биде намален,тоа што сега го имаме е оптимална бројка за државата,додека младите би се обучувале како успешно би се вклопиле во механизмот АРМИЈА која секако за нас служи само не дај боже,пошто немаме никакви претенденти ниту аспирации,секако освен песната “Излези момче“

држава чие население нема поминато низ воена обука е лесна цел за која било банда или армија на планетата со средно/лесно вооружување,население кое може да биде истребено или да се искористи за лични интереси на освојувачот........денес е 21 век,но Балканот е да не заборавиме Црна Дупка на Европа :eek:
 
кој тоа си игра економија ?! бројот на професионални војници НЕМА да биде намален,тоа што сега го имаме е оптимална бројка за државата,додека младите би се обучувале како успешно би се вклопиле во механизмот АРМИЈА која секако за нас служи само не дај боже,пошто немаме никакви претенденти ниту аспирации,секако освен песната “Излези момче“

држава чие население нема поминато низ воена обука е лесна цел за која било банда или армија на планетата со средно/лесно вооружување,население кое може да биде истребено или да се искористи за лични интереси на освојувачот........денес е 21 век,но Балканот е да не заборавиме Црна Дупка на Европа :eek:
 
Идејата на мала профисионална армија беше Македонија да влези во нато но тоа не се случи а по изглед и по проценка на генерал штаб изгледа нема да се случи за брзо време затоа сега ги преиспитуваат приоритетите.
Не знам што очекувате искрен одговор од генерал штаб.
Да не сакате ваков одговор да ви се сервира за да сватите од каде ова произлегува.
Имаме непријатели од сите страни демнеат ко зверови над плен затоа треба да имаме поголема армија.
Па неомжат да формулираат вакво објаснувајне кое ке најди повеќе симпатии во народот но осдувајне од светот а специално од нашите соседи.
Не читај буквално читај меѓу редови што се вели па после доаѓај до заклучоци.
 
не верувам дека има некој што се плаши од војска.. и ќоро и сакато ја има пројдено обуката во југославија а не па ова нашево кое е 10 пати полесно.
 
Прво, фала за објаснението и се во постот. Делумно се согласувам со некои работи кои ги изнесе.



Точно, и тоа ќе го бидни наскоро (иселувањето). Прво од дома, на друго место во рамки на земјава, после тоа од МК во странство. Зборам додека сум тука, дека би пружал отпор да служам војска од каква и да е причина. Воен рок од причина што ги спомнав претходно, сметам дека поседувам вредности, одговорности и дисциплина, а имам познавање и со ракување со оружје, што како што гледам по коментари на други кои служеле војска, можно е да ми следува повеќе искуство со истото (преку приватна обука). Земено тоа в предвид, мене тие три месеци, или колку и да го направат, ќе ми бидат буквално трошење време (можеби имам факултет, работа, други обврски, ангажмани или планови кои ми се далеку побитни отколку што служењето воен рок би ми било некогаш).

Во случај на воена состојба, три причини ми стојат на патот - Прво, зошто би правел било какви услуги на државава, кога таа не направила буквално ништо за мене? Мислам дека и претходно го спомнав ова, ама некои изгледа или не го читаат, или ги мерат работите во систем кој јас не го разбирам и ми е туѓ.

Второ - можеби сакам, и знам да ракувам со оружје, тоа не значи дека чекам прилика да го искористам, пацифист сум, и не сакам да бидам дел од нешто што ќе заврши со нечие ранување или не дај боже, одземање живот, без разлика колку некој од страна би го оправдал тоа (иако во ситуација живот/смрт, во самоодбрана можеби би дејствувал), што ме води до третата причина -

Трето - зошто би се ставал во ситуација каде можам да го изгубам животот, или да му го одземам на некој друг? Воените конфликти се движени од машинерија на задсценски интриги и сплетки, политички потези и лични интереси. Јас за тоа ли да ризикувам свој живот? Ако се случи некаква криза и воен конфликт, сигурно ќе биде оркестриран, и немам намера да бидам нечиј пиун или потрошна роба за да движи напред некаква си агенда.



Знам, во план ми е да се преселам во друга земја. Ама не можам тоа да го направам преку ноќ, и е потребно време да се задоволат триста и еден услов и разни други околности.



Тука исто така тешко дека би поминал како војник. Дури и со сегашните, не па со поригорозни. А тука е и G-факторот кој тешко дека некој ќе го прифати.



Се согласувам потполно. Твојот предлог е подобар отколку да се земе секој кој може да му се лупне пушка в рака и да се смета за војник. Мислам дека и јас го предложив тоа претходно (квалитет vs. само квантитет).
Пешко пешко, ама разбираш работи. Great post. I agree.
 
сеа шо праиме? талат ке ја враќа редовната војска или?
Ti se uplasi deka ke te zemat tri meseci da ucis deka glata sluzi nozete da ne se klaat na pernica i deka ne se dzirka u cevka na puska za da vidis dali ima kursum vnatre?
 
сеа шо праиме? талат ке ја враќа редовната војска или?
па ке ја враќа нормално и ке се вика учк
па има многу млади од зајас арачиново и остало кои сакаат да идат у војска у новоформираната аљбанска држава бр 3
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom