PsychoalieN
Омлет мастеР
- Член од
- 12 јули 2009
- Мислења
- 1.703
- Поени од реакции
- 1.411
He had me at this one:
Пази, крајно сериозен е плус!
... и он нејќе сирот.. од дома го тераат

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
He had me at this one:
Пази, крајно сериозен е плус!
А за парите и МО, нешто одамна има пишано во Глобус.Меѓутоа, експертите објаснуваат дека сепак малку од парите што ги доби АРМ за 2012 година ќе се потрошат за нова и модерна воена опрема и обука.
Од вкупно 100 милиони евра, колку што доби одбраната, дури 85,6 милиони ќе се потрошат на оперативни расходи за вработените во Министерството. Што значи дека во најголем дел вишокот пари наредната година, за разлика од годинава што изминува, ќе се трошат за плати, придонеси и други надоместоци, административни трошоци за струја, вода, парно, за гориво и за поправка на службените возила и така натаму.
кој тоа си игра економија ?! бројот на професионални војници НЕМА да биде намален,тоа што сега го имаме е оптимална бројка за државата,додека младите би се обучувале како успешно би се вклопиле во механизмот АРМИЈА која секако за нас служи само не дај боже,пошто немаме никакви претенденти ниту аспирации,секако освен песната “Излези момче“
држава чие население нема поминато низ воена обука е лесна цел за која било банда или армија на планетата со средно/лесно вооружување,население кое може да биде истребено или да се искористи за лични интереси на освојувачот........денес е 21 век,но Балканот е да не заборавиме Црна Дупка на Европа![]()
Пешко пешко, ама разбираш работи. Great post. I agree.Прво, фала за објаснението и се во постот. Делумно се согласувам со некои работи кои ги изнесе.
Точно, и тоа ќе го бидни наскоро (иселувањето). Прво од дома, на друго место во рамки на земјава, после тоа од МК во странство. Зборам додека сум тука, дека би пружал отпор да служам војска од каква и да е причина. Воен рок од причина што ги спомнав претходно, сметам дека поседувам вредности, одговорности и дисциплина, а имам познавање и со ракување со оружје, што како што гледам по коментари на други кои служеле војска, можно е да ми следува повеќе искуство со истото (преку приватна обука). Земено тоа в предвид, мене тие три месеци, или колку и да го направат, ќе ми бидат буквално трошење време (можеби имам факултет, работа, други обврски, ангажмани или планови кои ми се далеку побитни отколку што служењето воен рок би ми било некогаш).
Во случај на воена состојба, три причини ми стојат на патот - Прво, зошто би правел било какви услуги на државава, кога таа не направила буквално ништо за мене? Мислам дека и претходно го спомнав ова, ама некои изгледа или не го читаат, или ги мерат работите во систем кој јас не го разбирам и ми е туѓ.
Второ - можеби сакам, и знам да ракувам со оружје, тоа не значи дека чекам прилика да го искористам, пацифист сум, и не сакам да бидам дел од нешто што ќе заврши со нечие ранување или не дај боже, одземање живот, без разлика колку некој од страна би го оправдал тоа (иако во ситуација живот/смрт, во самоодбрана можеби би дејствувал), што ме води до третата причина -
Трето - зошто би се ставал во ситуација каде можам да го изгубам животот, или да му го одземам на некој друг? Воените конфликти се движени од машинерија на задсценски интриги и сплетки, политички потези и лични интереси. Јас за тоа ли да ризикувам свој живот? Ако се случи некаква криза и воен конфликт, сигурно ќе биде оркестриран, и немам намера да бидам нечиј пиун или потрошна роба за да движи напред некаква си агенда.
Знам, во план ми е да се преселам во друга земја. Ама не можам тоа да го направам преку ноќ, и е потребно време да се задоволат триста и еден услов и разни други околности.
Тука исто така тешко дека би поминал како војник. Дури и со сегашните, не па со поригорозни. А тука е и G-факторот кој тешко дека некој ќе го прифати.
Се согласувам потполно. Твојот предлог е подобар отколку да се земе секој кој може да му се лупне пушка в рака и да се смета за војник. Мислам дека и јас го предложив тоа претходно (квалитет vs. само квантитет).
Ti se uplasi deka ke te zemat tri meseci da ucis deka glata sluzi nozete da ne se klaat na pernica i deka ne se dzirka u cevka na puska za da vidis dali ima kursum vnatre?сеа шо праиме? талат ке ја враќа редовната војска или?
па ке ја враќа нормално и ке се вика учксеа шо праиме? талат ке ја враќа редовната војска или?
Терорист на чело на армијата против која се бореше и ајде после имај желба за војска...