Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Читам на нет дека официјално ја враќале редовната војска, знае некој повеќе информации дали е точно или не?
 
Кога некој би размислил во насока на ситно (а можеби и не толку ситно) профитерство, тогаш може да се каже дека ова би било добра заработувачка за одредени фирми, што треба да се грижат за облека, кревети и сета друга опрема за да функционира една касарна. Бидејќи реално гледано три месеци и таа обука што таму треба да ја добијат војниците, можеш да ја стекнеш со трчање на кеј и пукање на стрелиште, каде сигурно ќе бидеш поуспешен. Разбирам да те учат да пукаш со секое достапно оружје, да те научат да возиш тенк, хеликоптер и да трае обуката 1 година, после која би бил добро обучен за ракување со оружје и управување со голем број на воени моторни возила, ама 3 месеци да одиш таму, па потрчаш некој круг и да јадеш и спиеш во некоја колиба, наречена касарна е тотална глупост гледано од страна на идните војници или добар профит од страна на тие што се во армија.
 
Ама ќе стекнеш дисциплина која што скоро никој на нема досега. Не за џабе старите викаат дека е добро да се оди војска.
 
Јас сум да се врати редовна војска назад но не под ист концепт како порано.
Профисионалинте војници што се за во пензија да се приспособат и да се уклучат во обука на регрути со ракувајне на пешадиски и лесна артилерија и веза.
А се друго како тешка артилерија против ваздушна одбрана и сложени системи да си остани во раце на платенци.Плус специални единици
Да се направат регрутни центри во Скопје Прилеп Велес и Кичево.
6 Месеци
Секој да служи во најблискот Р центар да биди од понеделник до петок понеделник на сабајле во 5.00 на зборно место во својот град во униформа во автобус дирекно во касарна петок после 4 сатот во автобус дома. За војник кој што нема да се појави на зборно место продлжувајне на воен рок за 3 дена за секој еден ден во бегство.
Обуката да биди сериозна како кондиционо така и за ракувјане со оружје.
Ако тоа се повтори три пати воен затвор плус продулжувајне на воен рок.
На овај начин ке се спречи лежејне на викенди во касарна и ранејне на прасинја.
После 3.5 месечна обука две недели на тренска обука на полигон па после распоредувајне на стража по воени објекти и караули под команда на професинални војници. Да нема одсуства - само за недај господе оправдано .
Со добро планирајне на регрутни класи можи целесно обездувајне на граница и воени објекти да биди во раце на регрути во комбинација мал број на профисинални војици и професинални официри.
Тој што не сака да служи војска да има две опции да работи 9 месеци во државата како волонтер без надохнада треба некој да готви за војска да дипли алишта да чисти и има полно работи што можат да се најдат или ако имаш пари од поќе да плати 12 просечни плати оштета кон државата и да нема право на никави потаномошни државни грантови.
Но ова се за ѓабе ако после ова ТЗ не е организирана на завидно ниво треба да биди во можност во рок од 6 сати све да се мобилизира ако има потреба
Но за ова треба поголем процент да се одвојува од будѓетот за АРМ.
Во секој регрутен центар да има по еден профисиннален вод за интрвенција и по два резервни вода од регрути во кој ке се селектираат најдобрите од класа после 3 месечна обука и да биди како услов за понатамошно вработувајне во АРМ ИЛИ МВР. За ниф обуката да трае 6 месеци цел воен рок.
На овој начин ке добиеме квантитет но и квалитет ке имаме бројна и мобилна Армија.
Читам коментари како е губејне на време и ако дојди до војна нема потреба од војска и глупости.
А бе деца недај господе да се зарати кај ке се криаш ке те најдат тие што доаѓаат нема да дојдат за да ти донесат чоколадо и пубав компјутер ке ти ја силувет сестрата жената мајката а со ти ќе се кријаш во подрум.
Ако дојди времето за тоа поарно да умрам на борбен положај него да гледам пред мој очи некој да врши терор на фамилијата.
Армија ке ти даде малку школо да не се плашиш од дисциплина и тешка работа плус ке те обучи како да си ги одбраниш најмилите од недај господе.
6 Месеци не се многу да одвиш од својот живот за подобро на своите .
Но ако ти си толку способен и мислиш дека твоите 6 месеци повеќе вредат па плати оштета на државата па некој друг ке служи за тебе.Ако си против насилство или носејне на оружје има полно работи во истата армија што можиш да правиш исто ко да одиш на работа.
 
Ама ќе стекнеш дисциплина која што скоро никој на нема досега. Не за џабе старите викаат дека е добро да се оди војска.
За да се научиш да чистиш веце и да станеш у 7 војска ти треба?
 
Ама ќе стекнеш дисциплина која што скоро никој на нема досега. Не за џабе старите викаат дека е добро да се оди војска.

Сите тие стари имаат дисциплина и култура на претек. :LOL:
 
Сите тие стари имаат дисциплина и култура на претек. :LOL:

Им се виде дисциплината и културата од 1991 до 1995 кога го достигна врвот а богами сеуште се гледа :sick:
 
За да се научиш да чистиш веце и да станеш у 7 војска ти треба?

И тоа како, таму нема сакам не сакам, стекнуваш навика која што ќе ти користи понатаму, а за миленичињата 3 месеца чистење веце убаво ќе им дојде.
 
Ја имам стекнато навика,не ми треба 3 месеци од животот да потрошам за тоа.Ако тебе ти треба некој да ти се дере за да станеш од кревет слободно пријави се,за мене е губење време.
Единствено би бил за војска доколку се фокусираат на обука за ракување со воено оружје,и учење на некој основни тактички работи за во случај на мобилизација.Али освен 2-3 пукања со калаш се друго е скапо за секој регрут да го прави,така да ништо од тоа.
Самото кондиционо спремање и чистење вциња за дисциплина е непотребно,жими кур ќе стекнеш навика засекогаш...Глеам сите у јна што служеле колку се дисциплинирани.Замисли има војна за 15 години одкако си отслужил,си бил милениече мамино и пред да отидеш ќе бидеш и коа ќе се вратиш..и те мобилизираат за у војна и озбилно мислите дека ќе му остане кондицијата по 15 години излежавање?
 
Токму тоа го имавме кога сеуште беше на 9 месеци, едвај 3 пукања(2 пати преку ден, еднаш ноќе), ресто чисти дворови околу павиљон, лисја, ѓубре, кој во кујна работи, кој во перална, кој во магацини, обука катастрофа, водничките што беа мораа да ползат кога во близина беше старешина, инаку не мрдаа, зборам за Ѓорче. 2 дена бевме погоре во касарната на терен као демек преживување, жими тоа што беше интересно.
 
на кого му одговара Македонија да нема воена обука на нејзиното способно население (која патем не е само воена,ами исто служи и како екипирање на населението при природни непогоди - земјотреси,поплави,пожари итн) ?

на душманите - се разбира
Полковникот Терповски: Кој е тој министер што го забранува задолжителниот воен рок во АРМ?
 
Ами сега ако некој смета дека е малку 3 месеци и ништо нема да научите за тоа време пошто демек е малце, нека го направат 3 години. Тогаш сигурен сум дека ке ви влези нешто во главата без разлика колку некој бил туп или глуп.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom