Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
А која пак воена обука ја имаше војската, додека се служеше војска. Не секој што бил војска пукал со оружје. А некои користеле оружје само еден ден. Задолжителната војска претставува само трошок за државата. Дека во војска се формира карактерот на младината тоа мало сутра, карактерот е даден од бога и обликуван од домашното воспитување и влијанието на општеството. Денешниве 19 годишници ќе играат Фармвил и додека се на стража на лап топ или нотбук преку вајрлес. Ваквиот модел на платена војска како што има моментално Македонија мислам дека е најсоодветен за нас. Не сме богата земја за да обезбедиме воена обука за секој граѓанин како што е Израел, а фала богу не сме ни во војна ниту пак се наѕира во блиска иднина. Ете во 2001 се служеше воен рок па ја изгубивме војната.
 
Одслужувањето на воен рок ќе те направи способен за да се бориш за татковината во случај на војна или таканаречен конфликт како што беше во 2001, мислиш дека е подобро да избегаш како кукавица од државава во таков случај? - Епа од вакви луѓе најголемите Македонски херои биле убиени...
Зборуваме за тоа како отслужување на воен рок ќе ме направи способен за да работам нешто што би го работел и онака - без да одам војска а не за способноста за одбрана.

И зошто добивам чуство дека поради твојот интелегентен осет да насетиш што е муабетот помеѓу мене и баварецот си ме нарекол кукавица? Мислиш дека би избегал? гадно се лажеш... многу гадно.
Токму така. Сите знаат да бидат патриоти и да се собираат по ФБ колку ги има.За мрчење на пс први патриоти се...имиња не даваат едно друго...а еден воен рок не сакаат да одслужат.

Ни јас не сум одслужил војска не го фатив тоа време а и не ми ни дојде покана за регрутација.
Не менувај тема... објасни го тоа што го пиша и за кое ти реплицирав.
 
Токму така. Сите знаат да бидат патриоти и да се собираат по ФБ колку ги има.За мрчење на пс први патриоти се...имиња не даваат едно друго...а еден воен рок не сакаат да одслужат.

Ни јас не сум одслужил војска не го фатив тоа време а и не ми ни дојде покана за регрутација.
Бидејќи гледам дека премногу се залагаш за тоа, ајде пријави се во војска. Што чекаш?
Може утре ќе нè нападне некој.
Ако не сте отслужиле не кажувајте дали некој се легачи по цел ден или не. Затоа што ако ти не си бил во војска, значи дека и ти цел ден седиш по кафиња или на интернет, нели?
 
Ќе ме извиниш ама звучиш како старо омлитавено мрчало кое на времето го сторило своето во таа фамозна ЈНА која можела да војува со цел свет и да победи...

ЈНА, која била толку моќна и дисциплинирана и толку распашана од друга страна, рака на срце тешко е да се контролираат толкав број на луѓе но покрај приказните кои ги слушам од татко ми а и од сите кои на времето биле во таа ЈНА... војската ми изгледа како помин со полн пансион во хотел, а за дисциплината да не спомнувам... штом не си офицер - ја немаш.

Инаку од каде толкава фрустрација кај тебе, како мал те терале да работиш тешки физички работи па сега начинот на кој живеат други ти прави проблеми? знам и мене ми прави ама живееме во свет кој е убав токму поради тие разлики, од секогаш некој имал а некој немал -природен баланс за да опстанат посилните.

И која е поентата? Никако да сфатам како одењето во војска ќе не направи вредни работници, те молам објасни.

Никој не ја спомна ЈНА

Иначе не,не ме терале ко мал да работам тешки физички работи,и да ми пречи како живеат вечина од моите врсници на кој најлесно им е да се излежаваат и да чекаат пари од родителите(факт е дека ги има премногу такви) да не бегаме оф.

Одењето во војска ќе го зацврсти твојот карактер и самодовербата,а за тоа дали ќе не направи вредни работници за кого како.
 
@ Аполон

Војната во 2001 не сме ја изгубиле, туку запад и нашите политичари не им дозволила на армијата да ги срамни со земја терористите, ТОА Е ФАКТ, и нели на крајот потпишаа Рамковен договор, со што заврши војната, и исто уште еден факт дека не сме ја изгубиле војната е дека кај терористите имало околу 3 000 загинати, за разлика од бранители 70-80 луѓе.

@ Apokalipto

Нема да те направи поспособен за нешто што би го работел онака, но би те направил поспособен од сега што си за во војна, затоа со вика отслужување на воен рок, да научиш нешто повеќе околу оружје, преживување и слично.

Иначе за тоа кукавица, мислев на предавник, затоа што сигурно ако има војна тие што немаме отслужено воен рок нема да бидеме во војната, или пак ќе бидеме, но ќе бидеме 90% не спремни за разлика до тоа што ќе треба да бидеме кога би отслужиле војска, и најлогично е, чекај бе јас не сум спремен, ни војска ни ништо, не сум ставил пушка во рака и ќе одам во војна? ајде да ме нема...
 
Ипак... грешка си, не сум ни предавник, а можеби сум по тој критериум ама исто и ти, а тоа кој колку и како се разбира од оружје е индивидуално, а факт е дека без воена обука сме ...ништо.
 
КОЈ ти кажал дека сме ја изгубиле војната?:nenene:

:oeoeoe::oeoeoe:

Тој конфликт е пример дека не само Македонија туку и многу поголеми држави од Македонија не се способни да променат ништо, односно веднаш НАТО ти суди од страна и ти диригира бидејќи реално малите не се способни за ништо. Ова е факт.
Затоа на Македонија од воен аспект не само што не и треба војска туку ја ослабнува повеќе економски државата да одржува редовна војска.

Тоа што треба е професионална војска и мислам дека треба да се измени насловот на темава, вака не држи дискусија повеќе.
 
епа зашто тогаш трчаме кон Нато,кога поради нив можно е пак проблеми да има со толку посакуваната/ сонуваната голема албанија од страна на албанците..?

ја уништивме/исцрпевме темата... така да, каничка...
 
Ипак... грешка си, не сум ни предавник, а можеби сум по тој критериум ама исто и ти, а тоа кој колку и како се разбира од оружје е индивидуално, а факт е дека без воена обука сме ...ништо.

Па ти мислиш дека не си предавник, но ако дојде пак до војна нема да можеш да се бориш како војник на армијата на РМ, ќе бидеш обичен цивил што ќе бега од самата војна, а тоа за ракување со оружје и не е толку едноставно како што мислиш, земи пушката и пукај...

нема везе муабетот е сепак за воениот рок, сепак мое мислење е дека горд и способен Македонец треба да отслужи воен рок за секој случај...
 
епа зашто тогаш трчаме кон Нато,кога поради нив можно е пак проблеми да има со толку посакуваната/ сонуваната голема албанија од страна на албанците..?

ја уништивме/исцрпевме темата... така да, каничка...

НАТО е империја која им за цел од воените "мисии", "вежби" и "борби против тероризмот" да влече милијарди долари на своја сметка. Сите војни во светот се една голема трка за профит. Како ќе им одговара така и ќе направат, на глобално ниво според тоа немоќни се другите посебни оние помалите држави како Македонија.
 
Па ти мислиш дека не си предавник, но ако дојде пак до војна нема да можеш да се бориш како војник на армијата на РМ, ќе бидеш обичен цивил што ќе бега од самата војна, а тоа за ракување со оружје и не е толку едноставно како што мислиш, земи пушката и пукај...

нема везе муабетот е сепак за воениот рок, сепак мое мислење е дека горд и способен Македонец треба да отслужи воен рок за секој случај...
Имаш само 20 години... не ми предавај тука демагогии за тоа што е вистински војник освем ако и самиот не си во професионалната војска што е многу тешко да поверувам.
 
Ајде бе ставајте ја темава под клуч никакво враќање на редовна војска нема да се деси а и муабетов отиде у без трага,само едно 16-но дете се попалило а врска не ни имаш што значи војска и војна затоа не лупетај,без никаква лична навреда не ме сфаќај погрешно.
Не сме ние Америка или Русија ебате па да ни треба војска ко стап на слеп човек,ете кој сака да иде у Ирак или незз какви мисии сам си се пријавува,и не се глупирајте се дремело на Фејсбук младината незнаела пушка да фати,па што К. ќе ми е пушка бе??Не ни сакам некогаш да ми затреба,21 век сме само ментално неразвиени особи мислат на решавање на конфликти со оружје.
 
а тоа за ракување со оружје и не е толку едноставно како што мислиш, земи пушката и пукај...

Е па едноставно е... ја откочуваш, репетираш, го повлекуваш орозот и притоа гледаш цевката да ти е насочена во правец на непријателот.

нема везе муабетот е сепак за воениот рок, сепак мое мислење е дека горд и способен Македонец треба да отслужи воен рок за секој случај...

Кој нема попаметна работа за да не го губи онака времето нека оди и нека си служи војска, едно искуство плус во животот во смисла на пријателство, дружење итн...
 
Нема везе, забегавме со муабетииве, испаднаа сите дека се разбираат од оружје, од преживување, од се во врска со војска и војна но сепак е форум секој може да си го искаже своето мислење...

Иначе SASUKE напиша "21 век сме само ментално неразвиени особи мислат на решавање на конфликти со оружје. "

Па да де, ама тоа важи за оние терористине, ја не викам да идеме во војска за да станеме терористи... Не значи дека ти ако одиш во војска и се научиш да ја браниш татковината како војник од непријателот (како што беше во 2001) дека си ментално неразвиена особа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom