Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
:pos:

Вака те лажеа? Независност со борба се добива?
Независност ќе добиеш ако ти е дозволено од земјите кои ја кројат судбината на просторите на кои се наоѓа твојата земја. А доколку големец како САД сака Македонија да ја снема од мапата, Македонија ЌЕ ја снема од мапата.Тоа се галактички сили кои просечниот македонец не може да ги контемплира.
Тие востаници треба некој да ги финансира, и всушност се е борба за превласт меѓу тие економски машинерии. Навистина веруваш во бладањето дека едикојси шумар има збор во сето тоа?

Точно, но тие кои му ја кројат капата на помалите, исто својата независност со борба ја добиле. Фините и културни Англичани до ден денес крвта ќе му ја пиеле на колонизаторите на Северна Америка ако тие не земале пушки и му рекле не на Англискиот крал...
 
http://www.wnd.com/news/article.asp?ARTICLE_ID=56500

Да а? :D
 
Да. Не знаеше дека требаат пари за оружје?

Here I am

борба за превласт меѓу економски машинерии
--- надополнето: Oct 29, 2011 10:21 AM ---
Да. Не знаеше дека требаат пари за оружје?

Инаку, доколку Грција во моментов би извршила агресија врз Македонија , Скопје би паднало само за пола саат, и тоа под бомбардирање од воздух. Дали ќе има некој да ги дочека тенковите...
 
Има...има знаат грците убаво,ама знаат и дека грчки тенк нема да стаса до скопје...ќе ги урнеме сите мостови и ќе шибаме на герила.

Нека фрлаат бомби со добра пасивна одбрана ќе ораат ниви со авионите и ќе гаѓаат мамки нешто слично како НАТО во Југославија.
 
Инаку, доколку Грција во моментов би извршила агресија врз Македонија , Скопје би паднало само за пола саат, и тоа под бомбардирање од воздух. Дали ќе има некој да ги дочека тенковите...

Остај, јунаци се тоа Грците...
 
Има...има знаат грците убаво,ама знаат и дека грчки тенк нема да стаса до скопје...ќе ги урнеме сите мостови и ќе шибаме на герила.

Нека фрлаат бомби со добра пасивна одбрана ќе ораат ниви со авионите и ќе гаѓаат мамки нешто слично како НАТО во Југославија.

Бидејќи Грција недела дена пред актуелниот напад ќе објави дека сака да објави војна...нема да стигнеме до дисперзија на силите.
Е сега, не сум спознаен дали и какви бомбардери поседуваат.
 
Согласно ОБСЕ и ние и грците вршат контрола на одредени воени објекти,нејсе зарем нема да биде сомнително раздвижување на минимум 100 тенка три пати повеќе оклопни возила,артилериски орудија логистика м?

За време на јом кипур Израелците паднаа на финтата на египетската армија која глумеше дефанзивни вежби пред да нападне паралелно спремајќи се...мислам не сме до толку глупи.

Е сега, не сум спознаен дали и какви бомбардери поседуваат.

Едно од најсовремените воени воздухопловства во европа дури и Италија би им подзавидела,од Ф-16 до Мираж,Апачи Германски Леопард тенкови но не верувам авијацијата да им заврши многу работа барем не за Македонија со оглед на нашиот терен и трошоците за една кампања еве да речеме два месеца бомбардирање,бајаги скапо ќе им се фане-ЕУ ќе ги кара.
 
Остај, јунаци се тоа Грците...
Ти правам паралели на воените сили зависат од пари.Инаку, ако грците не се јунаци а македонците се, зошто кога џандармерите убија младич во Грција, Атина гореше а кога убија тука револтот на населението се сведе на bickering?
Бев на првиот протест и на уште еден два кои следеа додека да прифатам дека нема надеж.
--- надополнето: Oct 29, 2011 10:40 AM ---
Согласно ОБСЕ и ние и грците вршат контрола на одредени воени објекти,нејсе зарем нема да биде сомнително раздвижување на минимум 100 тенка три пати повеќе оклопни возила,артилериски орудија логистика м?

За време на јом кипур Израелците паднаа на финтата на египетската армија која глумеше дефанзивни вежби пред да нападне паралелно спремајќи се...мислам не сме до толку глупи.

Зборувам хипотетички, како би ги споредил силите сакајќи да потенцирам дека истите се ништо без надворешен големец-финансиер.
 
Ти правам паралели на воените сили зависат од пари.Инаку, ако грците не се јунаци а македонците се, зошто кога џандармерите убија младич во Грција, Атина гореше а кога убија тука револтот на населението се сведе на bickering?
Бев на првиот протест и на уште еден два кои следеа додека да прифатам дека нема надеж.

Муебетот ми беше за Грчката јуначка воена историја. Nevermind. Атина гори на дневна основа, веќе не е интересно. Инаку, ни на крај памет не ми е да бидам вовлечен во Грците-педерчиња-ние-јунаци тип на расправа...
 
Остај, јунаци се тоа Грците...

Посебно кога англиската морнарица ќе помогне.
--- надополнето: Oct 29, 2011 10:45 AM ---
Зборувам хипотетички, како би ги споредил силите сакајќи да потенцирам дека истите се ништо без надворешен големец-финансиер.

На подолг рок сме сјебани-добра предност на грците им се транспортните хеликоптери со кои можат лесно да инфилтрираат и проектираат сила и моќ...длабоко во нашата територија.
 
http://koti.welho.com/msolanak/allaerosk.htm Еве што поседуваат Грциве од авијација,само малце чудно ми е они имаа и Ф-16 ки (страшни авиони)..Ваљда после 2008 им се купени затоа ги нема во листава..
 
Абе имаат над 100 Ф-16ки само колку беа блок52 незнам мада и во споредба со нас не е важно.
 
уште две години и ја ке одам во војска, супер ќе биде едвај чекам можеби и ќе запознаам нови пријатели:)
....
воедно и препорака за филм ;)
 
Тој што не е спремен да го даде својот живот (или барем дел од него) не е достоен ни да го има. Шо разбираш ти од држава, војна, колектив? Шо разбираш ти од воена музика?

Како прво тука не станува збор за воена состојба. Туку за тоа некој да ти земе одреден дел од живтот, а зошто? За тоа време можеш да бидеш со децата, да работиш нешто, за завршуваш факултет, да си седиш со најмилите, да напредуваш во кареиреа (на пример спортист)...

А јас како вреник верувам дека животот е дар од Бога, слободата е дар од Бога. Што значи тоа да го даде својот живот или дел од него? Тоа делува на самоубиствени акции. :) Себе давање, себе делење, подразбира (според мене) взаемен однос со други лица. Се даваш за да помогнеш на семејството, на некоја сакана личност, се одаваш на служење на Господ, се даваш во однос со пријател, се даваш за успех на твојата заедница. Но, тука се работи за делување по сопствена волја, а не за жртвување, најмалку не некој друг да те жртвува.

Подржувам одбранбена војна, некој да не нападне, па да браниме тоа што е наше (животот, слободата, домот, семејството, пријателите, татковината), но ова служење војска нема никаква врска врска со тоа. Тука станува збор за во мирни услови, против своја волја да се оделиш од саканите, да жртвуваш дел од својот живот и кариера, да се потчиниш на одредена хиерархиска институција која ќе треба да се игра со твојот живот.

Јас како даночен обврзник ги финасирам луѓето кои го сакаат тој позив и за тоа се обучуваат. Ако не дај Боже, се случи потреба до општа мобилизација, тогаш ќе се јавиме на повикот и ќе си ја браниме татковината, ќе си ја браниме слободата, ќе си ги браниме семејствата и домовите.
--- надополнето: Oct 29, 2011 6:19 PM ---
Нема право државата туку ТИ ИМАШ ОБВРСКА спрема неа и ако затребаш има да бидеш таму кога ќе треба,ако не си....исто ко да не постоиш-БАНЗАИИИИИИ!!:vozbud:

Ако затреба? Кој тоа утврдува дека сега некој треба неколку месеци од својот живот да пушти во ветер?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom