Тој што не е спремен да го даде својот живот (или барем дел од него) не е достоен ни да го има. Шо разбираш ти од држава, војна, колектив? Шо разбираш ти од воена музика?
Како прво тука не станува збор за воена состојба. Туку за тоа некој да ти земе одреден дел од живтот, а зошто? За тоа време можеш да бидеш со децата, да работиш нешто, за завршуваш факултет, да си седиш со најмилите, да напредуваш во кареиреа (на пример спортист)...
А јас како вреник верувам дека животот е дар од Бога, слободата е дар од Бога. Што значи тоа да го даде својот живот или дел од него? Тоа делува на самоубиствени акции.
Себе давање, себе делење, подразбира (според мене) взаемен однос со други лица. Се даваш за да помогнеш на семејството, на некоја сакана личност, се одаваш на служење на Господ, се даваш во однос со пријател, се даваш за успех на твојата заедница. Но, тука се работи за делување по сопствена волја, а не за жртвување, најмалку не некој друг да те жртвува.
Подржувам одбранбена војна, некој да не нападне, па да браниме тоа што е наше (животот, слободата, домот, семејството, пријателите, татковината), но ова служење војска нема никаква врска врска со тоа. Тука станува збор за во мирни услови, против своја волја да се оделиш од саканите, да жртвуваш дел од својот живот и кариера, да се потчиниш на одредена хиерархиска институција која ќе треба да се игра со твојот живот.
Јас како даночен обврзник ги финасирам луѓето кои го сакаат тој позив и за тоа се обучуваат. Ако не дај Боже, се случи потреба до општа мобилизација, тогаш ќе се јавиме на повикот и ќе си ја браниме татковината, ќе си ја браниме слободата, ќе си ги браниме семејствата и домовите.
--- надополнето: Oct 29, 2011 6:19 PM ---
Нема право државата туку
ТИ ИМАШ ОБВРСКА спрема неа и ако затребаш има да бидеш таму кога ќе треба,ако не си....исто ко да не постоиш-БАНЗАИИИИИИ!!
Ако затреба? Кој тоа утврдува дека сега некој треба неколку месеци од својот живот да пушти во ветер?