Red Hot Chili Peppers

  • Креатор на темата Креатор на темата Rokerot
  • Време на започнување Време на започнување

Rokerot

The Guitar Addict
Член од
30 април 2007
Мислења
218
Поени од реакции
20
Добро,на никого досега не му текна да ги спомне легендарните Red Hot Chili Peppers??:lud: Па добро бе , пишите што мислите за нив, како ви се допаѓа стилот и кои ви се ваши омилени песни од нив ?
 
И што направиле толку револуционерно Ред Хот? Зошто се легенди?
 
Би требало..

Па мислам дека многу луѓе мислат дека се легенди во споредба со мнооогу други пеачи и групи кои наведени како тема во Форумов... :toe: би требало...
+ да го земеме во предвид Концертот во Инџија со околу 100 000 луѓе од балканот...па мислам дека заслужуваат една тема на форумов..:icon_roll
 
Шо знам....не гледам многу луѓе кои мислат дека се легенди....по интересот на темата мислам....

Инаку имаат добри песни (се забораваат за 1 месец (секоја чест на исклучоците)) од кои најомилени ми се By the way, Under the bridge и Lonely Star мислам дека беше така нешто.....
 
Биче боље..

pcjodamaster напиша:

е добро де интересот на темата..денес е отворена...здравје би требало да има интерес мислам..:zlo: :D
 
Мислам дека имаше една подолга дискусија во темата рок бендови за Чили Пеперси.
Сеуште не можам да ги наречам легенди,ако би ги нарекла легенди би ги навредила Led Zeppelin,The Who,The Rolling Stones и многу други бендови што се во историјата.
Ок се,ги слушам и ми се допаѓаат,ама сепак мислам дека нивниот најголем успех беше во 90тите.Blood,Sugar,Sex,Magik експлодира,а сепак беше нешто различно што се слушаше во тоа време.Give It away,Under the bridge и претходно не толку успешните,но сепак квалитетни песни од One Hot Minute,ги направија тоа што се денес.
Го поздравувам новиот албум,навистина е за пофалба.Им требаше нешто вакво по долго време.
Не се мој стил и вкус,сепак ги почитувам и верувам дека ако продолжат вака,ќе станат дел од почесните бендови што направиле револуција во музиката.
 
Дефинитивно се најдобриот бенд моментално!!!!

Било кој од легендите (многу ги почитувам) кои ги спомна разорблејд кис сега не може да собере 100.000 луѓе на едно место на Балканот!

Постои еден факт кој е познат кога станува збор за Пеперси.... прават НАЈДОБРИ рок концерти!! Па, се гледаме во Инџија!

Eве линк од темата за концертот... мислам дека би било добро да се преброеме кајганџиите кои ќе одат
 
Абе да не вреѓам сеа нешто ама мислам дека се чиста комерцијала.Популарност имаат зашто имаат интересни и забавни песни во кои немаат некој запазен стил и идеологија.Емтиви ги врти и праат некои ај хитови да ги наречеме.ама за легенди чисто сумљам дека се и дека ке бидат.Пошто нема нешто револуционерно што напраиле у нивната музичка кариера.Сега не мора да значи ако направат некои хитови и зимаат наггради на емтиви дека се легенди.Тоа е мое мислење па сеа другите нека си го кажат своето.И баш ме интересира зашто толку ги сакаат.
 
За легендите сте во право сега треба да се почитуваат повеќе од RhCp но сепак не се ни RhcP за фрлање според Igor VicioUs.....
 
Го пропуштив концертот на Пеперси во Мелбурн и немозам да си се помирам со то. Касно беше и сите тикети се продадоја како алва верувајте..вистина имаат мн убави песни. Некои од другарките од школо беа и си поминале мн лудо... А на тема легендии...па сознам мислам дека се слусаат нивните песни но немозат да се споредат со оние стари горенаведени бендови.. Сепак, секоја цест, мн се јаки само така нека продолзат.
 
Димитар напиша:
Дефинитивно се најдобриот бенд моментално!!!!

Било кој од легендите (многу ги почитувам) кои ги спомна разорблејд кис сега не може да собере 100.000 луѓе на едно место на Балканот!

Постои еден факт кој е познат кога станува збор за Пеперси.... прават НАЈДОБРИ рок концерти!! Па, се гледаме во Инџија!

Eве линк од темата за концертот... мислам дека би било добро да се преброеме кајганџиите кои ќе одат

Ако се соберат Зеплим со синот на Бонам, ќе соберат милион луѓе не 100 000.
 
pcjodamaster напиша:
Ако се соберат Зеплим со синот на Бонам, ќе соберат милион луѓе не 100 000.

Aj сеа да не претеруваме...
А, RHCP треба да се почитуваат ако не поради музиката поради тоа што успеале толку долго да опстанат како еден од најпопуларните бендови.
 
ne gi slusam mnogu red hot no site pesni sto sum gi cul do sea se stvarno dobri ne za dzabe se legendi
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom