- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.187
- Поени од реакции
- 1.358
Речиси половина Германци сакаат враќање на германската марка
27.12.2010 - 13:37 |
Речиси девет години по воведувањето на еврото, единствената валута на 16 членки на Европската унија, околу 49 отсто од населението на Германија сака враќање на некогашната национална парична единица, германската марка, покажува истражувањето на аналитичкиот центар „ЈуоГов-Институт“ во Келн.
Според резултатите на тоа истажување, спроведено по нарачка на весникот „Билд“, враќање на германската марка бараат 49 отсто од испитаниците, при што 51 процент од Германците не се задоволни со еврото како валута, додека 77 отсто сметаат дека воведувањето на еврото ја намалила нивната благосостојба.
Само 17 отсто од испитаниците изјавиле дека имале корист од воведувањето на еврото.
Во светло на неодамнешната финансиско-економска криза и радикални мерки за спасување на еврото, 67 проценти од испитаниците изразиле сомневање во стабилноста на валутата, додека 57 отсто од Германците стравуваат од појавата на инфлација.
На сегашната 16-члена еврозона на 1 јануари ќе и се приклучи и Естонија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biz...germanci-sakaat-vrakanje-na-germanskata-marka