Реална реалност или?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Реалноста (стварно е конфузен зборов, ама претпоставувам на исто мислиме) е една и неменлива, како вистината или историјата. Како ја доживуваме и презентираме сите поединечно е само наш личен “проблем“. Ама не е индивидуална перцепција, општа слика е, за сите иста, дали ќе ја гледаме преку превез или со наочари за сонце или со голо око е наше да се избориме за тоа и да бидеме свесни за истото.

Реалноста не е сликата, а во никој случај не е ни неменлива, туку наша претстава за сликата. Тоа што денес е добро вчера било лошо, реалноста се сменила, слика не се менува.
Секој си има своја реалност, која за поголемите маси може да е ирационална. Со тоа што мојата реалност е слична со твојата тоа прави општа слика за која ти збориш. Затоа и го земав лудакот за пример, тој е лудак само затоа што јас и ти сме го прогласиле бидејќи неговата реалност се коси со нашата.
Па на крај карева ни историјата не е иста за сите.
 
вадиш од контекст
И читаш тоа што тебе ти одговара
А кога сме кај лични комплекси погледни и себе пошто не сакам да дрвам и јадам гомна тука освен се разбира ако не сакаш да добиеш анал-иза од мене (ако имаш стомак се разбира за нив)
btw имаат опција да бришат анализи и да коментираат за истите не знам ама се јавија сите освен анализираните
:pos:Ај пак... Који ти курац? Психо-анализата треба да вклучи ПСИХИЧКИ карактеристики. Тоа дека сакаше да го омаловажиш Гладиус е општопознато. Не ти побарав анализа бидејќи не те сметам за компетентна да дискутираш за мојот живот, мојот карактер, кога воопшто не ме ни читаш.Премногу сум сончева за твојот сатано-стил. Да, и јас би ти препорачала да не дрвиш и да не јадеш гомна тука, бидејќи не, не сакам да добијам психоанализа.
 
Да ја прокоментирам темата за која и се збори: Бљак! Кој може мене да ме анализира од аватарот кој го има нацртано 6 годишно дете, од потписот кој го менувам според расположение и од постови што некои се пишувани и од чиста досада? Марсовка?Ма јок! (затоа и немам побарано, доволно си се познавам самата себе)
@ Марсовка : Таквите психобла не те прават ич кул, напротив ако некој навлезе во твоите постови, ќе открие колку всушност продаваш лажна грубост. И јас сум искрена, и јас немам влакна на јазик (баш прееска се видов во огледало) ама тоа не ми дава за право да навредувам и испоценувам никого. Биди реална повеќе ќе те ценат отколку да изиграваш Мусолини и вршиш „терор„ врз секој кој ќе побара психоанализа (колку ми е смешен зборот во тој случај) :)))
 
Каква и да е реалноста, безобразно окрутно е да си дозволиш грубо и безосетно обраќање. Мене неколку пати ме „стаписале“ буквално некои коментари што de facto биле точни ама можеле и инаку да бидат кажани/искажани.

Човек е осетлива материја и не подржувам прикаски од типот „јас се плескам во фаца“. Тоа е според мене недостаток на манири и ништо повеќе.

Се научив за секоја спорна одлука да се ставам во позиција на другата страна. Симулирај реакции, многу е полесно.

Да, сите ние ја сакаме вистината и не поштувам увијени форми (ако малку контрадикторно звучи), поборник сум на преќути поарно отколку да си дозволуваш да го „глумиш Големиот“.
 
Реалноста не е сликата, а во никој случај не е ни неменлива, туку наша претстава за сликата. Тоа што денес е добро вчера било лошо, реалноста се сменила, слика не се менува.
Секој си има своја реалност, која за поголемите маси може да е ирационална. Со тоа што мојата реалност е слична со твојата тоа прави општа слика за која ти збориш. Затоа и го земав лудакот за пример, тој е лудак само затоа што јас и ти сме го прогласиле бидејќи неговата реалност се коси со нашата.
Па на крај карева ни историјата не е иста за сите.
Секако дека е немелнива. Реалноста е една, затоа и историјата ја спомнав, која де факто е иста за сите, само начинот нејзин на прикажување и раскажување е различен во зависност од оној кој ја кажува.

Не постои различна реалност, постои различно гледање на реалноста. Таа е иста за сите, и за сите нуди исти услови, бидејќи живееме во ист свет, со исти правила... биолошки сме исти, и на ист начин ни работат вијугите во мозокот за да можеме да продуцираме мисли. Е тие мисли, потоа можат да се искриват на милијардна начини, па така и реалноста различно можеме да ја гледаме. Затоа се вели, “Реално не е така“ бидејќи некои нешта се реални и неменливи, како фактот дека секој умира ако падне од зградата на Гоце студентскиот. Тоа е реалноста.

Субјективното прифаќање на истата може да произведе “Да, ќе умрам ако скокнам, ама тоа ми се допаѓа и сметам дека е исправно“, или “Да, ќе умрам ако скокнам, и затоа нема да скокам и ќе го осудам секој како луд ако скокне“, па дури и “Шо е тоа Гоце студентскиот?“.

:helou:
 
Ајде во духот на Горгија...
Небитието и битието не постојат.
Ако битието постои, тоа не може да се осознае.
Ако може да се осознае тоа не може да им се соопшти на другите.
Индивидуалната перцепција која ја имаме, не е приказ на она што е реално. Бидејќи реалното не можеме да го сознаеме со капацитетот на нашиот мозок. Сите сме предводени од нечии теории било историски, било физички, хемиски, тие ни биле наметнувани и сеуште ни се, од страна на ,,генијални умови" и тие наводно ја креираат ,,објективна реалност". Нема објективност, само индивидуално чувство.
 
Не држи вода. Токму “генијалните умови“ имаат дијаметрално различна перцепција од обичниот плебс, па кога тие би диктирале реалност таа нема да изгледа како што изгледа.

Филозофиите можеме да ги тераме околу капацитетот на нашиот мозок и колку можеме да исперцепириаме во смисла на духовна едукација и разбирање на светот и се` во него, но сметам дека реалноста не е индивидуална работа. Јас те разбирам и тебе и Вештица кон што целите, и се сложувам, секој има различно гледиште на околината и различно ја доживува, но тоа не е никаков доказ дека општата слика на она што е надвор од твојот прозорец како видливо и опипливо и сета останата метафизика во него е различна за секого. Помеѓу мојот и твојот прозорец е се` исто. Како доживуваме ние, е наш проблем, ама тоа сеуште ќе си биде исто.
 
Ние не знаеме што има меѓу нашите прозорци. Никогаш нема да успееме да излеземе од себеси и да го согледаме ,,реалното" објективно. Секој смета дека неговото субјективно-е реално. Затоа постојат различни ставови и различни реалности. За некое суштество кое е натчовечко(Бог) можеби постои објективна реалност. Кога врне, ,,објективно" би помислиле дека кондензирана вода под влијание на топли и ладни струења паѓа на земјата. Од кај знаеме, дека тоа не е само еден џин кој плаче?
 
Значи дека сепак ја има. Дали сме ние способни да ја видиме, е друга работа. Мислам дека премногу хипотетички ја поставуваш работата, со премногу прашања а без опција да дадеш свој став. Се сложувам дека многу работи не можеме да знаеме со сигурност како се, и само да претпоставуваме, но кога веќе се фаќаме за филозофирање во празно, јас сепак сметам, дека онаа реалност, која ти ја велиш божествена постои, и е еднаква за сите нас. Впрочем мораш да се сложиш, сама го напиша тоа, а ние како несовршени е прашање дали можеме да ја гледаме во секој момент со јасен поглед и да ја доживееме како вистинска... како реална.
 
Ајде во духот на Горгија...
Небитието и битието не постојат.
Ако битието постои, тоа не може да се осознае.
Ако може да се осознае тоа не може да им се соопшти на другите.
Индивидуалната перцепција која ја имаме, не е приказ на она што е реално. Бидејќи реалното не можеме да го сознаеме со капацитетот на нашиот мозок. Сите сме предводени од нечии теории било историски, било физички, хемиски, тие ни биле наметнувани и сеуште ни се, од страна на ,,генијални умови" и тие наводно ја креираат ,,објективна реалност". Нема објективност, само индивидуално чувство.
И ти викаш учиш филозофија за матура:pos2:Се унесе а?:pos2:

Абе муабетов го отеравте...:vozbud:
Да беше реалноста слика, Виктор ќе беше во право, ама реалноста е менлива. Јас нема да ви се мешам веќе во филозофските дискусии. Добар е примерот со божјата објективност, ама влегувате во една друга бааги широка тема каде сите тројца ќе се изгубиме.
:helou:
 
Лично ми се допаѓа длабочината која дискусијава ја доби на последната страна, и се надевам дека подоцна ќе се приклучам на истата, а сега ќе се осврнам на првичниот пост, затоа што доскоро (па, и сега помалку, но научив да го препознавам и конторлирам) ми беше нешто исклучително блиско и нешто на кое се одушевував кај себе и другите.

Таквото соопштување на нештата, кое Дивајн го спомена, е обично мешавина на повеќе нешта;

-чувството на надмоќ кое ни го дава нападот врз другиот. (секојпат кога сметаш дека си ги открил скриените карактеристики и лошите нешта кај друг, ти се ставаш над нив, и чуствуваш задоволство поради својата проникливост.)

-уверувањето дека сме храбри и искрени. (сите молчат и од страв се прават слепи за се што не чини кај другиот, а ние, така храбри витези на вистината, отворено кажуваме се што не чини)

-восхитот кој го раѓаме кај дел од "публиката" (обично кај оние кои, присилно, се спречуваат себе си да напаѓаат друг, па својата желба ја проектираат врз нас, односно ја изживуваат преку нашиот напад, а истовремено имаат и момент на сеир, кога "нападнатиот" и "напаѓачот" симултано ќе почнат да се бранат и навредуваат)

- илузијата за почит која ја добиваме, повторно, од дел на "аудиториумот". (од страв дека можеби тие ќе бидат следни на нашиот ремет-список, премолчуваат или почнуваат да ни се улизуваат со пофалби и сл.)

- личната агресија и огорченост кои ги канализираме и пренесуваме (личните кофликти и личното незадоволство кои ни ствараат бес и огорченост од самите себе, ги проектираме или препишуваме на оној кој го вреѓаме, знаејќи дека и кај него ќе предизвикаме бес и огорченост, и нормално конфликт, со чија разврска, потсвесно, се надеваме дека ќе се ослободиме од сопствените негатвини емоции).

Ова се мотивите, но нивните резултати се малку поинакви:

-наместо надмоќ, добиваме дел отфрлање, дел лажно умилкување

-наместо почит, добиваме страв од другите, кој никогаш не носи почит која претпоставува љубов и прифаќање, туку носи само страв, кој претпоставува скриен анимозитет од другите (ова истото важи и за наводниот восхит од другите)

-наместо да бидеме храбри и искрени, ние замижуваме за сосптвените недостатоци и мани, и ја изнесуваме делумната вистина за туѓите. Или, ја гледаш прашината во окото на другиот, а не го гледаш сметот во себе, т.е си лицемер со двојни стандарди.

- наместо ослободување од сопствената агресија и огорченост, ние ги поттикнуваме кај оној што го напаѓаме, и со тоа ги засилуваме кај самите себе.

Се на се, зачаран круг, кој апсолутно има алтернатива.
 
Има три вида на реалност:
1. Сопствена- начинот на кој ние го гледаме светот и работите во него.
2. Туѓа реалност- начинот накој другиот или другите го гледаат светот и работите во него.
3. Физичка реалност- предметите, објектите, луѓето, животните, просторите кои што ги перцепираме преку нашите сетила.

Реалноста е всушност согласност дека нешто е или нешто не е, дека нешто постои или дека нешто не постои. Значи има една широка реалност или согласност, дека ние сме луѓе, автомобилите автомобили, небото небо, се понатаму зависи од нашата реалност и начинот на кој што ги гледаме работите.
Со човек кој што имаме приближна или иста реалност можеме лесно да комуницираме да се разбереме и кон него чувствуваме афинитет (степен на допаѓање). Со човек со кој што имаме тотално различно гледиште на нештата, не можеме да се разбереме и не чувствуваме блискост спрема него.
Добро е кога човек малку од малку се разбира себеси и сопствената реалност, а со тоа и вежба гледа туѓа реалност, и со тоа се штити себеси и своите блиски од многу лоши работи. Затоа што има луѓе кои што имаат многу заебан начин на пристап и гледање на работите, затоа подобро да се спречи отколку да се лечи, ако можи да се лечи. Така да очи отворени и ништо да не бега, тоа е моето мото :).
 
Реалност нема во нашето пресудување за однесувањето или начинот на гледање на работите кај другите.Тоа е сепак наше гледање на работите кои за некој може да бидат не реални . Апсолутно сум против искажување на нашата реалност за некој друг, особено не на вулгарен и дрзок начин . Кои сме ние да судиме за другите , особено не, да сакаме да ги менуваме ,спрема нашиот начин на гледање на нештата. Ако некој го побара нашето мислење ,треба да сме внимателни во кажувањето и со нашиот одговор да не причиниме нечија болка .
 
Апсолутно сум против искажување на нашата реалност за некој друг, особено не на вулгарен и дрзок начин . Кои сме ние да судиме за другите , особено не, да сакаме да ги менуваме ,спрема нашиот начин на гледање на нештата.
Оди вистинска случка од мојот живот:
Човек кој што го познавам пред мене има изјавено дека сака родената братучеда да ја продаде бело робје. Еј тоа го мисли за својата сопствена, кој ќе го спречи тоа да го мисли за мојата?
И велиш да не судам за неговата реалност и фино културно да му кажам немој, не чини, лошо е, молим те.
А бре има да му објаснам многу убаво следствено со неговата реалност, и според начинот на кој ќе му објаснам тоа вулгарно и дрзко фино ќе изгледа. Има да ме разбери дека сум смртно сериозен, затоа што поинаков начин на разбирање со него нема :toe:.
Инаку и јас сакам да сум цело време фин, културен, пристоен и во поголемиот дел од времето сум, ама кога мора да се прават гадни работи мора да се прават. Затоа што човек кога не презема ништо во врска со ситуацијата, тој човек е апатичен и е марионета во очите на другите.
 
Druze bez navreda ama ja ubavo bi mu kazal na toj produvan lik
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom