Различни вкусови

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.633
Поени од реакции
13.415
Веб-сајт
www.facebook.com
Дали постојат различни мислења, ставови, вкусови или постои само желба да се биде оригинален, уникатен?

Јас лично мислам дека сите луѓе имаме исти мислења, ставови, вкусови, итн., но фактот што секој од нас има желба да се биде поразличен од другите не тера да заземеме став кој што ке се разликува од останатите и кој што ке биде оригинален. Всушност оттука почнува поделбата на луѓето на класи, почнува ривалството, почнува непријателството...

-Мислите ли вие дека навистина постои нешто како - "Секој има свое мислење", "Секој има свој вкус";
-Или се сложувате со моето мислење, за кое не тврдам дека е точно(нели секој има свое мислење :helou:)
 
дефинитивно различни вкусови, а не само каприц за различност...
една од моите омилени квоти: За вкусовите не се дикутира!
 
Дали постојат различни мислења, ставови, вкусови или постои само желба да се биде оригинален, уникатен?

Јас лично мислам дека сите луѓе имаме исти мислења, ставови, вкусови, итн., но фактот што секој од нас има желба да се биде поразличен од другите не тера да заземеме став кој што ке се разликува од останатите и кој што ке биде оригинален. Всушност оттука почнува поделбата на луѓето на класи, почнува ривалството, почнува непријателството...

-Мислите ли вие дека навистина постои нешто како - "Секој има свое мислење", "Секој има свој вкус";
-Или се сложувате со моето мислење, за кое не тврдам дека е точно(нели секој има свое мислење :helou:)
Воопшто не се согласувам со тебе..секако дека се работи за различни вкусови и нормално е дека секој си има свое мислење,, кое може да биде различно од твоето,,моето или нечие трето.. не разбирам на што се базира темава,, но еве на пр во овој случај јас не се согласувам со тебе,, значи дека имам свое мислење различно од твоето..мислиш ли дека е тоа така затоа што сакам да бидам со уникатно мислење,, кое ќе биде различно од твоето? Епа во тој случај грешиш,, немам зошто да ти контрирам само го искажувам своето мислење.. икако што вкусовите можат да се поклопуваат односно на пример повеќе луѓе да имаат ист вкус за музика,,облекување,,размислување или сл. така може да се поклопат и мислењата,,но тоа не значи дека сите имаме исти мислења и ставови и дека оние различните мислења доаѓаат како очајна потреба да се биде како што велиш оригинален.. Значи да,, луѓето си имаат свое јас,, а оние кои го немаат немаат ни свој вкус ниту пак сопствено мислење,,па таквите можеби и се водат според критериумите кои ти ги опиша..
 
Сепак, постојат различни мислења, ставови и вкусови, а не желба за различност.
Секој си има свои посебни и единствени мисли и посебни и единствени вкусови.
Некој си има свој единствен вкус кој што го тера да биде различен и единствен, но некој друг пак си има некој сосема друг вкус кој што пак го тера да не биде различен и да не отскокнува од калапот т.е. да биде ист, што значи дека не сите сакаат да се различни и уникатни т.е. по аналогија првото е точно :)))
 
Никако не е желба за уникатност. Па има толку луѓе кои делат истимислења. Верувам дека постојат различни вкусови, затоа што сум го искусил тоа.
Непријателството не е последица на тоа дека сите имаме исти размислувања но сакаме да бидеме уникатни па ајде ќе се колеме.
Тоа е последица на она кое веќе го кажав. Секој сака да докаже дека неговиот избор, вкус и сл. е правилниот. Никој не сака да го побие она зад кое стои, па макар знаел колку е тоа грешно.
 
Да,јас мислам дека секој има свое мислење.Најпрво за погледот кон работите и однесувањето сите сме различни,баш сите бидејќи секој од нас имал различен живот,проблеми и минато,е опкружен со различни луѓе од тоа произлегува и различниот став.Има одредени нешта за кои луѓето се поделени во групи според вкуст(музика,филмови,книги)но повторно секој на различен начин го прифаќа тоа.Секое суштество е различно,а додека е различно ќе има и понакви ставови и мислења и вкусови.За жал има некои што сакаат само да се издвојат од другите и да бидат уникатни и посебни,но не се толку бројни колку останатите кои навистина имааат свој вкус и мслење.:helou:
 
Луѓето сакаат кога нештата ги интерпретираат со нивен начин на размислување,верувања или соништа.
Тежнеат кон она кое доаѓа од надворешниот свет а кое се совпаѓа со нивниот внатрешен свет.Не е само потреба да се биде различен,навистина-колку луѓе-толку ставови и мислења.
 
Каков ќе е светот ако сите сме копии едни на други?
Дали ќе биде интересно да се живее во таква околина?
Сите имаме различни мислења и ставови, тоа е во човековата природа.
Да, точно дека постои и желбата за оригиналност и стил, но тоа не е пресудното нешто во нечии размислувања...
Значи ако јас сакам црвено треба сите да сакаат?
Ако јас сакам да јадам ова, а не она сите треба како мене?
Мислам дека секој има право да биде она што е.
Сите не се поминале низ исти работи во животот.
Сите немаат иста возраст.
Сите не можат да живеат исто.
 
Нормално, дека постојат различни мислења, ставови, размислувања. Во што би се претворил светот доколку навистина сите би размислувале исто, би се облекувале исто? Еднолично сивилно, празнина. Ако сите мислат исто, тогаш сите би слушале само еден вид музика, сите би јаделе исто јадење и тогаш светот би стоел во една точка.
Шаренилото, плуралитетот на идеи е она што светот го прави убав и што го движи напред. Да немало различни ставови, ондак светот немаше воопшто да еволуира.
 
Дали постојат различни мислења, ставови, вкусови или постои само желба да се биде оригинален, уникатен?

Јас лично мислам дека сите луѓе имаме исти мислења, ставови, вкусови, итн., но фактот што секој од нас има желба да се биде поразличен од другите не тера да заземеме став кој што ке се разликува од останатите и кој што ке биде оригинален. Всушност оттука почнува поделбата на луѓето на класи, почнува ривалството, почнува непријателството...

-Мислите ли вие дека навистина постои нешто како - "Секој има свое мислење", "Секој има свој вкус";
-Или се сложувате со моето мислење, за кое не тврдам дека е точно(нели секој има свое мислење :helou:)

Не се согласувам во тоа дека сите имаме исти мислења, ставови, вкусови,
Сметам дека генерално сите сме исти, НО на различен начин ги перципираме нештата. А токму од тоа различно перципирање произлегуваат различните ставови и вкусови, затоа мислам дека тука си ги помешал работите:wink:

А тоа дека секој помалку или повеќе сака да биде оригинален и уникатен е факт, но не по секоја цена, значи ако сакам да бидам оригинална не мора веднаш да оформам некое мислење и став за одредена работа и да одам контра сите што се против моето мислење. Сепак таа желба за уникатност треба да има некоја граница, зошто во спротивност истата би имала контра ефект:helou:
 
Често знам да речам "Сепак во прашање е вкус."или "не ни се совпаднаа мислењата."
И мислам дека е така,а тоа со ривалството мислам дека произлегува од токму од тие различни мислења.
Неможи сите на пример да сакаме да гледаме шпански серии или фудбал или пак на сите женски не ни се допаѓаат исти машки.
И сепак тука тој факт дека сакаме да бидеме поразлични од другите го прави тоа ривалство,но што е со копиите. Тие се еден начин на совпаднати мислења или сепак е ривалство?
Мора еден да се издвојува од друг. Јас не дека сакам да бидам различна од другиве,ама не делам исто мислење со нив, си имам одреден став кон некои работи и на тоа си стојам.
Исто замисли сите на форумов да имавме исти мислења...што ќе беше тогаш?
 
Факт е дека не постојат лоши вкусови, постојат само различни. И не треба воопшто да се дискутира на тоа, секој човек различно ги гледа работите, различно ги сфака и од своја гледна точка секој мисли дена неговиот вкус е најнормален и најдобар. Но секако, треба да се прифатат и другите мислења. Што би било кога сите би биле исти?
 
Дефинитивно сите имаат различни мислења/вкусови...
Тоа е докажано и секој ден се извршуваат различни испитувања за да се добие некоја средна вреденост на глобално ниво.
Освен тоа,сите имаат различни прагови на осетливост,брзина на реакција и тн.
Така да за секој индивидуално.
 
Back
На врв Bottom