Разговор самите со себе (сегашните и 10 годишното дете)

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.651
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
Замислете ваква ситуација. Се сретнувате во затворена соба Сегашните/Моменталните Вие и Вие како дете кога сте биле на 10 годишна возраст. Имате 2 минути да си напрвите муабет самите со себе, било тоа да му дадете некој совет за во иднина, било тоа да го прашате нешто и да му помогните, буквално се што ќе ви падне на памет.
Што би му кажале на детето? :)

Бидете малку креативни.
А јас да размислам дали ќе тргнам со совет или ќе му го заебам животот со некој сполјер од иднината :D
 
Не баш на 10 годишна верзија, ама на 11/12 и те како. Самодоверба повеќе да стекнам. Иако сеуште не сум сигурен како би го извел тоа на таа возраст, можеби со помош на постар.

Други работи, не давај да серат по тебе. Пак незнам како би се одвивало тоа со оглед на тоа што како мал бев апла тенок па ќе ме тепаа бајаги....Уствари курац, подобро да те тепаат него со симната глава да одиш. ; не се замарај за школо во основно. ; курчи се повеќе.

Има и други работи што доаѓаат со искуство ама overall тоа би било тоа.
 
Животот не е топка, фудбал и нинтендо. Животот не е ниту Супер Марио, Мустафа, флипери и безброј жетони додека не го отпревртиш последниот главен. Тренирај си фудбал за здравје, а дека че станиш фудбалер нема да станиш. Ионака Македонија че падни на 139 место место на ФИФА ранг листата. То значи дека нема да има фудбал во Македонија туку че има очобол, а то значи дека не вреди да размислуваш да бидиш фудбалер. Читај ги лектирите шо ти ги даваат од чколиото, читај и други освен тие даените. Инаку едно запамти, шо и да прајш, како и да прајш, шо и да напрајш, еден ден че умриш и ти и тие околу тебе. Немој да те лажел џаолот да навиваш за Милан, оти нерви че искиниш во иднина, плус че те зафркаваат другарчињата. Ко за крај ни под разно да не си ги запоставил Редиохед оти че те најдам и че те намавам.
 
Да се сретнам со самиот себе на 10 годишна возраст не би направил ништо друго, туку би се прегрнал. Онака би се гушнал силно без да се пуштам 2 минути и само на увото би си шепнал да не се плашам од ништо на овој свет и со глупости воопшто да не се замарам.
 
Dear self,

Продужи да тренираш кошарка и не се откажувај без разлика колку да е тешко. Знаеш... тоа плејстејшнот не го продавај, немаш појма како ќе те фаќа носталгија после. Исто така биди подружљубив, ќе најдеш вистински пријатели. Take risks as many would say. Работите што ги праиш прај ги за себе, нека не те интересира што мислат другите, тоа е ТВОЈ живот. Твојте родители те сакаат и го мислат најдоброто за тебе, пробај да ги разбереш, дај им време. Ако не се согласуваш со нив пробај да бидеш нежен со нив, не се карај, немаш појма колку душа ги боли коа те гледаат како плачеш. Корчагинот немој да го мењаш за ништо. Те чека интересен и лудичок живот. Забавата само што не започнала. :D А да, за малку ќе раборавев, таа малата од трета клупа, немој да бидеш толку срамежлив :LOL:, започни разговор.

Your older self,
M.
 
9b4b95d6
 
Јас би му кажал на мојот 10 годишен јас, тоа што можеш денес не оставај го за утре.

Ако вечерва се искинавте од лапање, терај со раката надолу, немој да запираш и да оставаш цицките за утре, оти утре ќе те смета за заебан, не доволно храбар, не ебачиште, и нема да има шо да ти остани за утре...
 
Не бубај толку од учење фајде нема, еден ден ќе го гледаш насилникот во клас со дванаесет единици како работи на шалтер или како медицински техничар. :D
 
Brace yourself. The shit will get real. Real soon. :icon_lol: (И да, баш со таква насмевка).

Зошто? Затоа што човек треба да научи да јаде ремет. Па дури и сам од себе. :)
 
Кога би можел да направам еден таков разговор со десетгодишниот јас и да му дадам совет во иднина, мислам дека многу работи би се промениле.

Најпрво би му рекол дека школото не е приоритет во животот и дека не треба да се истакнуваш како најдобар во основно, да се мачиш за да добиеш петки и за истите тие да се потскаруваш со некој од соучениците, налик на сељачиња. Потоа би му рекол дека не треба воопшто да се секира што ќе речат другите, посебно за твојот изглед во детството кога си полничок и кога секој збор за тоа би те навредил, туку напротив треба да биде див и да се зафркава и на туѓа сметка, па нека се навредат и другите.

Би му рекол и дека во животот човекот наидува на многу искушенија и дека не треба да пружа рака по нив, зошто ако ги допреш, подоцна многу ќе се каеш за тоа.

Би му кажал дека треба да научи како да се однесува безобразно, невоспитано и дволично, зошто само така ќе успее во животот, а сепак другите ќе го сакаат. Би го подучил дека во животот ич не треба да му е гајле што другите ќе помислат за секој негов потег, затоа што нашите потези во животот не прават она што сме.

И како за на крај би му рекол да оди само по најбезбедниот пат по кој ќе го добива она кое го сака и храбро и упорно да ја игра играта, зошто само храбрите и упорните го добиваат она што го сакаат.
 
Би си рекол само дека сум најбоље и ич цеФ да не ме боли за ништо у животот и да не се замарам со bitches and hoes пошо се е пролазно. Исто да продужам со кошарка и да не бидам мрзлив фегет. А и би си дал нешто вакво

almanac.jpg
 
Морав да најдам слика од кога сум имала 10-11 години, чисто да се потсетам како сум изгледала. :D

На девојчево би и рекла - Наскоро ќе те фати пубертет и цело тело ќе ти се смени, али не се секирај, нормална работа е. Ќе ти биде чудно и повеќе никогаш нема да си најдеш фармерки од прва, али понатака ќе си го сакаш телото, па не се замарај многу со тоа. Останатите години од основно ќе бидат заникаде, но исто немој многу да се замараш, ќе те изградат ко карактер. Средно ќе биде една голема забава и ќе уживаш тие 4 години. Значи терај си ко што тераш. Само една работа да знаеш, како што ти го гњавиш брат ти сега кога е мал, ќе дојде време кога тој ќе биде физички поголем од тебе, па ќе ти го прави истото, па размисли само за тоа. :D
 
Во тие моменти завршуваше ручекот а јас ја влечев повисоката фотеља од мене пред телевизорот, затоа што стандардно тоа време започнуваше - Дигимон.

Се појави еден висок тип со брада врз телевизорот и ми рече: Никад немој да престанеш да ја гледаш по еднаш годишно омилената серија од детството.

На 24 години, детето сеуште го слуша советот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom